Забава
„Во шок сум“: британската војвотка Сара првпат проговори по дијагностицирањето рак на кожата
Војвотката од Јорк, Сара Фергусон (64), денеска изјави дека е во шок откога ѝ е дијагностицирана малигната форма на рак на кожата, но дека е добро расположена.
„Секако дека уште една дијагноза на рак беше шок, но јас сум добро расположена и благодарна за многуте пораки за љубов и поддршка.
„Јас сум им неверојатно благодарна на медицинските тимови, кои ме поддржаа во двете искуства со ракот, како и на Клиниката ‘Мејлиф’, што нежно се грижеше за мене во текот на изминатите недели давајќи ми време да закрепнам“, рече Фергусон, пренесува „Ројтерс“.
Сара Фергусон, поранешната сопруга на принцот Ендрју, изјави дека неодамна ѝ бил дијагностициран малиген меланом откако минатото лето дознала дека има рак на дојката и оти била подложена на мастектомија.
Таа се разведе од принцот Ендру во 1996 година по што изгради кариера како писател, но сè уште е блиска со Ендру и живее со него во семејната куќа во Виндзор.
По отстранувањето неколку бенки, ѝ бил дијагностициран малиген меланом, но еден се покажал како канцероген.
Таа ќе помине низ дополнителни проверки за да утврди дали ракот бил дијагностициран во рана фаза, изјави претходно нејзиниот портпарол.
„Нејзиниот дерматолог побара да се анализираат неколку отстранети бенки во исто време кога војвотката беше подложена на реконструктивна операција по мастектомијата, а една од нив беше идентификувана како канцерогена.
„Очигледно е дека новата дијагноза, по ракот на дојката, е вознемирувачка, но војвотката остана добро расположена“, вели портпаролот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Бебе Лазања го најави својот прв солистички концерт
Бебе Лазања го најави својот прв солистички концерт. Ќе настапи во Загреб на 12 септември 2024. „Едвај чекам да се видиме и да танцуваме! Мјау“, напиша тој на социјалните мрежи.
„Вистинскиот победник на Евровизија“, „Дојди во Полска“, „Се надевам дека ќе се видиме во Шпанија“, „Дали ќе дојдеш во Велика Британија?“, „Кога ќе одиш во Германија?“, пишуваат неговите обожаватели во коментарите.
Претходно, тој најави турнеја в година, а до крајот на оваа година ќе настапи во Хрватска. „Сакаме да правиме концерти на домашниот пазар и потоа на почетокот на следната година планираме европска турнеја, ќе има малку Европа и оваа година, но в година удираме во Европа, а засега ќе се дружиме со мештаните“, вели Марко.
Тој најави нови песни. „По сѐ што се случи, почнав да размислувам малку да пишувам на хрватски. Мислам дека слушателите ќе се изненадат, тоа е прилично хаотично“, вели Марко.
Во Умаг ќе пристигне в среда. „Со нетрпение очекувам да се видам со луѓето. Секогаш е емотивно, особено сограѓаните, кои нѐ поддржуваа цело ова време“, рече тој.
Забава
Хороскопските знаци со силен мајчински инстинкт
Хороскопските знаци со силен мајчински инстинкт ќе бидат нежни и со децата кои не се нивни. Тие едноставно се топат во нивно друштво.
Кај овие жени од Зодијакот мајчинскиот инстинкт се буди веднаш штом ќе дојдат во контакт со децата. Тоа може да го видите во нив и кога немаат деца, а штом ги имаат, се претвораат во најдобрите мајки што некогаш ќе ги запознаете.
Хороскопските знаци со силен мајчински инстинкт
Бик
Претставниците на овој знак претставуваат силни и стабилни луѓе. Тие припаѓаат на земјените знаци, тие се природни негуватели кои сакаат да инвестираат во работи и да гледаат како луѓето растат. Жените Бикови се полни со љубов, грижа, негување и трпение што ги прави одлични мајки.
Рак
Жените во овој знак имаат силен мајчински инстинкт и се исклучително љубезни, грижливи и емотивни. Полни се со силни емоции кои се карактеристични за оваа улога, а нивните деца сигурно нема да се жалат на недостаток на грижа или внимание и се многу нежни во однесувањето.
Девица
Хороскопските земјени знаци се познати како воспитувачи. Девиците, како и жените Бикови, имаат особини на трпение, упорност и се многу успешни во тоа некој да се чувствува згрижен покрај нив. Тие се многу снаодливи и независни, а тоа во комбинација со нивната грижлива природа ги прави добри мајки кои добро ги воспитуваат децата.
Јарец
Јарците се генерално добри родители и секогаш водат по примери. Тие се силни, упорни и приземни и ништо не препуштаат на случајноста, дури и кога станува збор за всадување на посакуваните квалитети кај децата и нивно воспитување на добар начин. Тие се заштитнички, полни со љубов и крајно дисциплинирани што ги прави урамнотежени родители.
Риби
Рибите се исклучително сочувствителни и љубовни. Таа навистина се труди да разбере и да создаде простор за емоциите на своето дете и да подига емоционално интелигентни деца кои се слободни во своите креативни определби. Тие се секако еден од најдобрите примери за мајчинство.
Забава
„Моето момче ме изневери, мене, погледнете ме, ова не се филтри, а тој ме изневери“: снимка од девојка ги разбесни луѓето на интернет
Каролин Луск на социјалните мрежи сподели видео во кое признава дека била изневерена. Меѓутоа, наместо сочувство, многумина ја обвинија неа.
Оваа прекрасна русокоса зборува за сето она за што девојките обично зборуваат сами со себе или во солзи им го раскажуваат на пријателите. Меѓутоа, наместо емпатија, нејзината приказна предизвика лавина критики.
@carolinelusk pretty people get hurt too 🙁 #fyp #foryou #foryoupage ♬ original sound – clusk
„Ако имате лош ден, само запомнете дека ме изневерија. Бев измамена“, вели девојката со проѕирни сини очи и руса коса и потсетува дека моментно снима без филтер, иако изгледа речиси совршено.
„Ова се моите вистински очи и јас сум измамена“.
„Ако некој ве изневерил и се чувствувате несигурни, знајте дека не се работи за вас бидејќи и јас бев изневерена, па сигурно не може да биде за вас“, вели таа.
„Можете да кажете: Можеби таа е лоша личност, но, за жал, јас не сум. Јас сум духовита и неверојатно паметена и повторно ме изневерија. Некој беше во врска со мене и јас му бев целосно посветена, ќе се омажев за него, но тој ме изгуби засекогаш“, објаснува таа, а истото видео го објави и на „Тик-ток“.
Ова видео на мрежите собра стотици коментари, а на повеќето им пречеше тоа што девојката постојано нагласуваше дека „колку и да имаме лош ден, да се потсетиме дека е изневерена“.
„Ако ви е дијагностицирана смртна болест, немојте да бидете тажни. Дали знаевте дека ТАА била изневерена? Не е толку лошо, ракот може да се излекува, тоа е измама засекогаш“, рекол еден од корисниците.
На „Тик-ток“ речиси сите корисници рекоа дека таа звучи исто како Рори Гилмор од познатата серија Gilmore Girls.
„Звучиш како Рори Гилмор“.
„Ме потсетува на Рори Гилмор и Кевин од „Сам дома“.
А други рекоа:
„Забелешка: Секогаш се работи за тебе, душо“.
„Мислам дека разбирам зошто ја изневерувал“.
„Таа вели дека е добра личност, а првото нешто што го истакна е својот изглед. Да, не ти верувам“.
„Жално е што тоа се случи, но таа верува дека е една од ретките што го доживеале тоа?“
„Леле, тоа мора да биде најлошото нешто што му се случило на некого“.
„Почнав да верувам дека ова е пародија“, се дел од коментарите за видеото.