Скопје
Андоновска: Советот на Град Скопје носи одлуки за ЈСП, но директорот и градоначалничката не ги реализираат
Имаме контакти со граѓаните постојани, ама ниту ние не знаеме што да им кажеме. Надлежните воопшто не се транспарентни, рече на денешната вонредна седница на Советот на Град Скопје, советничката од ВМРО-ДПМНЕ, Марија Андоновска.
Таа информира дека Советот има донесено неколку одлуки за продолжување на автобуски линии, одлуки за нови линии и слично и Советот ги изгласал, понатаму ЈСП и градоначалникот се надлежни за реализирање.
„Зошто одлуките за продолжување пет-шест линии не се продолжени, а има одлука, не е направено и зошто нема воведување две нови линии. Лага е дека сте ни доставиле извештаи, тоа се само штури извештаи, не детаљни. Како со 150 милиони субвенции функционирало ЈСП, а сега не може со 780. Ние правиме онолку колку што можеме“, рече Андоновска.
Андоновска укажа дека надлежните ниту се отчетни ниту транспраентни и во таква ситуација не може постојано да ви се даваат средства.
„Тоа се средства на граѓаните и мора да кажете што правите со нив, не може да ви се даваат средства и како можело да функционира ЈСП со помалку средства и сè да е ок“, вели Андоновска.
Според Андоновска, потребно е да се дадат одговори зошто нема автобуси, сега со истурање средства не може да обезбедат автобуси.
„Немате дадено одговор за ништо, а трошите огромни народни пари и не ги спороведувате одлуките на Советот“, заклучи Андоновска.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска дел од Центар
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради поврзување од стара на нова водоводна мрежа со пречник од ф-200 мм на улицата Тодор Александров бб, од 08:30 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од делови од улиците: Тодор Александров, Партениј Зографски и Периша Савелиќ, општина Центар.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 10:00 до 12:00 часот, корисниците од дел од улицата Ловќенска, општина Карпош.
Македонија
(Фото) Кисела Вода: Компјутери, принтери и телевизори за училиштата „Рајко Жинзифов“ и „Кирил Пејчиновиќ“
Набавени се компјутери, принтери и телевизори за основните училишта „Рајко Жинзифов“ и „Кирил Пејчиновиќ“ во Кисела Вода, како дел од континуираните активности за унапредување и модернизација на наставниот процес, извести Општината.

„Во периодот кога учениците се на зимски распуст, во училиштата се врши опремување со нова информатичка опрема, со цел второто полугодие учениците да го започнат со поквалитетна настава и полесен пристап до дигитални содржини.

Со оваа инвестиција, општина Кисела Вода уште еднаш ја потврдува својата определба за дигитализација на образованието и создавање современи услови за учење, во чекор со новите образовни стандарди и потребите на учениците“, соопштуваат од Општината.

– Нашата цел е децата да учат во современи и опремени училишта, каде што ќе имаат можност да стекнуваат знаења и дигитални вештини неопходни за нивниот понатамошен развој. Компјутерите, принтерите и телевизорите кои ги обезбедивме во училиштата „Рајко Жинзифов“ и „Кирил Пејчиновиќ“ се уште еден конкретен чекор во таа насока, а учениците по зимскиот распуст ќе бидат пречекани со значително подобри услови за настава, изјави градоначалничката на општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска.




