Контакт

Македонија

Тренчевска – Ѕуо: Инклузивноста во детската заштита е на прво место

Објавено пред

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, заедно со амбасадорот на Народна Република Кина во Република Северна Македонија, Џанг Ѕуо, и градоначалникот на општина Струмица, Костадин Костадинов, при посетата на Детската градинка „Виножито“ во Струмица информира за донацијата на кинеската амбасада на сензорни соби за деца со попреченост во градинки во Струмица, Гевгелија и во Велес. Воедно тие потсетија на соработката остварена помеѓу Министерството за труд и социјална политика, со што се отворија инклузивни игралишта и сензорни соби во Струмица, Крушево и во Кривогаштани.

dobivaj vesti na viber

„Во доменот на сензорни соби, нашата посветеност на процесот на инклузија е очигледна и за тоа е показател внимателниот избор на опрема за сензорните соби како што се ѕидови со вода со меурчиња, тешки ќебиња и пени за терапија – секоја приспособена да одговори на различните сензорни потреби на корисниците. Овие простори не се само соби; тие се безбеден простор каде секое дете може да напредува, без оглед на нивните уникатни предизвици“, рече Тренчевска.

„Има една поговорка во Македонија, оние што сеат добра волја, ќе жнеат и добра волја. Очекувам дека вакви мали, но убави проекти, како сензорната соба, ќе изградат уште повеќе мостови за меѓусебно разбирање и пријателство меѓу двата народа. Ја користам оваа пригода за да ом се заблагодарам на министерката Тренчевска, градоначалникот Костадинов и на сите наставници за вложените напори за реализирање на овој проект“, истакна амбасадорот Ѕуо.

„Како Општина постојано вложуваме и труд и сериозни средства во однос на подобрување на инклузијата во училиштата и на децата од предучилишна возраст и генерално сеопфатна инклузија преку најразлични социјални услуги што ги даваме како Општина и секако тука не застануваме. Во конкретниот случај станува збор за донација на сензорна соба. Во општина Струмица веќе постојат три сензорни соби во основните училишта ‘Сандо Масев’ и ‘Видое Подгорец’ и навистина тоа ја пушта силната порака дека, без разлика какви и да имаме разлики, како општина, општинска администрација или Совет, за нас сите се важни и битни“, рече градоначалникот Костадинов во изјавата за медиумите.

Според информациите кажани во изјавите за медиуми, финансиската поддршка што Амбасадата му ја има дадено на Министерството е во износ од 50.000 евра, со што значително се зголемува инклузивноста на градинките и им се овозможува на децата полесен пристап до предучилишното воспитание и образование.

Сензорните соби се опремени со модерна опрема, која вклучува: пластични проѕирни топчиња со базен, акрилно огледало, воден ѕид со меурчиња со интегрирана воздушна пумпа и извори на светлина, тешко ќебе, терапевтски пени за сензорна стимулација, ЛЕД-интерактивен светлечки тепих, трамбулина со прицврстен држач и слично.

Македонија

СДСМ: Нема поголема минимална плата, доаѓаат „економски работници“

Објавено пред

Поголема минимална плата? Нема да има. Нема пари ниту за минимална плата, ниту за земјоделците, ниту за пензионерите, велат од СДСМ.

dobivaj vesti na viber

„Очигледно сите ќе мора да се навикнеме дека поголеми плати нема да има.

Ни доаѓаат „економски работници“. Според договорот кој го објавија британски медиуми треба да им се обезбедат плати, сместување, пензии. Ако нема работа мора да им се плати, што значи нема да има ниту за плати ниту за пензии. Така вели договорот.

Не, тоа не се мигранти. Економски работници. Затоа и Законот за странци го сменија.

Може да ги нарекуваме економски работници додека Мицкоски не им даде пасоши, а потоа ќе станат рамноправни граѓани на Македонија.

Што да се прави, договор си е договорот“.

Како што нагласуваат од СДСМ, засега во буџетот недостига само една милијарда евра.

„Само ВМРО-ДПННЕ не се грижи. Има пари до крајот на мандатот за уште криминални тендери“.

Прикажи повеќе...

Македонија

Сиљановска-Давкова ја прими албанската министерка Спиропали: Заедничката европска перспектива да стане реалност

Објавено пред

Регионот како целина треба да се интегрира во Европската Унија без натамошно одложување, заклучија на денешната средба претседателката Гордана-Сиљановска Давкова и министерката за Европа и надворешни работи на Република Албанија, Елиса Спиропали, која престојува во официјална посета.

dobivaj vesti na viber

Сиљановска-Давкова го поздрави напредокот на Албанија во пристапниот процес, укажувајќи дека во актуелниот геополитички контекст, напредокот на секоја земја има позитивен ефект врз регионалната евроинтеграциска динамика.

Претседателката потсети дека, по 20 години кандидатски статус, македонскиот пристапен процес станува исцрпувачки маратон, со постојано одложување на целта.

Таа потенцираше дека Копенхагенските критериуми мора да бидат единствените услови за членство и дека билатерализацијата создава опасен преседан, овозможувајќи блокирање на европскиот пат и на други земји кандидатки.

Албанската министерка искажа силна поддршка за македонските евроинтеграции и уверување дека земјите од Западниот Балкан споделуваат идентични цели и вредности и треба заеднички да чекорат кон европското семејство.

Обете се согласија дека регионалната соработка е клучна за стабилноста, добрососедските односи и
инфраструктурното поврзување, а особено за реформски процеси неопходни за членството во ЕУ.

Во трилатералниот меморандум потпишан меѓу нас, Бугарија и Албанија, препознаваме јасно дефинирана временска рамка и динамика за реализирање на активностите врзани за Коридорот 8.

Воспоставувањето на систем со едно застанување „One Stop Shop“ на сите гранични премини меѓу двете земји, сметаат дека ќе придонесе за брза заедничка контрола и јакнење на меѓусебната соработка.

Соговорничките укажаа на потребата од засилена економска соработка и се заложија за продолжување на одличната соработка во НАТО.

Почитувањето на правата на малцинските заедници е додадена вредност за пријателските македонско-албански односи.

Прикажи повеќе...

Македонија

МЗШВ: Исплатени се 335.963.096 денари кон 1.211 сточари

Објавено пред

Денеска е извршена исплата на средства во вкупен износ од 335.963.096 денари кон 1.211 сточари, согласно Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

dobivaj vesti na viber

„Во однос на корисниците на кои не им се исплатени средства по основ на субвенции за 2023 година, информираме дека е потребно истите да се обратат до Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, со цел да се изврши детална проверка и разгледување на секој поединечен случај. Грижата за земјоделците продолжува“, велат од таму.

Прикажи повеќе...

Најново

Економија3 часа

Минималната плата ќе се зголеми во март за 1.500-2.000 денари, зголемување пред март ќе значи отпуштање работници, вели Дурмиши

Економско – социјалниот совет на денешната седница не се договори за зголемување на минималната плата барем на 500 евра, според...

Македонија3 часа

На аеродромот во Скопје откажани се осум лета, а еден е пренасочен

Авиосообраќајот на Меѓународниот Аеродром Скопје се стабилизира, реализирани се 27 лета, откажани се осум лета, а еден е пренасочен, соопшти...

Македонија4 часа

(Фото) Николоски: На автопатот Охрид – Кичево се вршат сложени инженерски зафати, кои првпат се користат во регионот

Првпат на автопатот Охрид-Кичево изведуваме сложени инженерски и градежни зафати и ова првпат се изведува во регионот, а се со...

Македонија5 часа

Мисајловски: Буџетот за одбрана за 2026 е 358 милиони евра, што е 8,4 проценти повеќе од годинава

Стабилно буџетирање, дополнителен стимул во процесот на модернизација и целосното почитување и унапредување на правата и обврските кон вработените, се...

Македонија5 часа

Мицкоски: Зголемувањето на минималната плата мора да биде резултат на заедничка согласност меѓу работниците и работодавците

Целта на Владата е да создаде посилна економија која отвора нови работни места и обезбедува достоинствен животен стандард за секој...

Македонија7 часа

Трамп менува 30 амбасадори, меѓу кои и Агелер

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп заменува 30 дипломати од кариера од амбасадорски и од други позиции во амбасадите, меѓу...

Македонија8 часа

Македонија трета во Европа по убиства на жени од партнер или член на семејство

Македонија се најде на третото место во Европа според стапката на убиства на жени извршени од партнер или член на...

Европа9 часа

(Видео) Руски генерал убиен во Москва

Руски генерал е убиен во експлозија во Москва, потврдија руските власти. Рускиот истражен комитет соопшти дека генерал-потполковник Фанил Сарваров е...

Топ9 часа

Американски државјанин истепал полицаец пред ноќен клуб во Градскиот парк: кај Американецот пронајдени поголемо количество оружје и муниција

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против американски државјанин со потекло од Нигерија, бидејќи по преземени...

Свет10 часа

(Видео) Сојузник на Трамп: Ако Путин го отфрли мировниот договор, мора да одиме до крај

Републиканскиот американски сенатор и сојузник на претседателот Доналд Трамп, Линдзи Греам, изјави дека Вашингтон треба драстично да го зголеми притисокот...

Европа11 часа

Батлер во Елисејската палата крадел садови и порцелан: сакал да ги продаде на интернет

Главниот послужувач задолжен за среброто во Елисејската палата е уапсен под сомнение за кражба на вредни садови и порцелан, а...

Свет11 часа

Трамп назначи специјален пратеник за Гренланд

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера објави дека го назначува гувернерот на Луизијана, Џеф Ландри, за специјален пратеник за Гренланд. „Џеф...

Македонија11 часа

Намалена видливост поради магла на неколку патни правци

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла до 200 метри...

Свет21 час

Објавени имињата на сопружниците кои загинаа враќајќи се од Германија, братот на починатиот е во кома

Во тешка сообраќајна несреќа што се случи рано утрово на автопатот Белград- Ниш, во близина на клучката Умчари, две лица...

Македонија1 ден

Доктор Беќаровски советува: Како да се заштитиме во денови на екстремно загадување

Во денови кога концентрациите на ПМ 2.5 и ПМ 10 честичките се енормно високи, а загадениот воздух станува сериозна закана...

Македонија1 ден

МВР апелира до возачите да внимаваат поради маглата

Министерството за внатрешни работи (МВР) денеска упати апел до сите учесници во сообраќајот крајно внимателно да ги управуваат своите возила...

Топ1 ден

Маж и жена, државјани на Македонија загинаа на автопатот Белград – Ниш

Двајца државјани на Македонија, маж и жена од албанско потекло, загинаа рано утринава во тешка сообраќајна несреќа што се случи...

Македонија1 ден

Скопје утрово го сруши рекордот, најзагаден град е во Европа

Скопје утрово се најде на 21. место на најзагадени градови светот и прв во Европа, покажуваат податоците на светскиот сервис на мерење...

Македонија1 ден

АХВ откри над 2 тони киви со ларви и инсекти кои требало да се продаваат во државава

Поради променети органолептички својства и утврдено присуство на ларви и инсекти, инспектор за храна на Агенцијата за храна и ветеринарство,...

Свет1 ден

Поради зимата во Газа умираат бебиња и деца, повик до Израел да дозволи помош

Организацијата „Лекари без граници“ (Médecins Sans Frontières – MSF) вчера предупреди дека бебиња и деца во Појасот Газа умираат од...