Спорт
(Видео) Арогантниот Винисиус: Постигнав голчиште како на Копакабана
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/01/LIT3ENQI6RLQRKPIIKTKBVTORM.jpg)
Судиските одлуки на натпреварот Реал Мадрид-Алмерија предизвикаа „земјотрес“ во Шпанија.
Најголемиот дел од спортската јавност се согласува дека Алмерија е брутално ограбена на „Сантијаго Бернабеу“ и дека главниот судија и судијата во ВАР собата не и дозволија на Алмерија против моќноот реал, среде Мадрид, да ја забележи првата победа во сезоната.
Спорна беше одлуката кога Реал доби пенал, а неверојатно е како никој од судиите и покрај тоа што ја гледаа снимката не забележа дека вториот гол за 2:2, Винисусис го постигна со рака.
Винисиус се огласи денеска на социјалните мрежи и предизвика дополнителен гнев од шпанската јавност.
„Голчиште. Вака секогаш се играше на плажата Копакабана“, напиша Винисиус со видеото од синоќешниот гол, а потоа на негова сметка започна лавина критики.
Многумина велеа дека арогантниот Бразилец воопшто не требало да го објави коментарот и видеото, односно дека требало да молчи.
Golazo!!! Así lo hacía siempre en la playa de Copacabana 😮💨 https://t.co/RRojbgTgIs
— Vini Jr. (@vinijr) January 22, 2024
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Спорт
Девет полицајци се повредени во тепачка со српски навивачи
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/sudir.jpg)
Најмалку девет полицајци се повредени во судир со српски навивачи во центарот на Минхен во пресрет на решавачкиот натпревар за премин во осминафиналето меѓу Данска и Србија, објави германската агенција ДПА.
Конфликтот почнал околу 17:00 часот на градскиот плоштад Мариенплац кога полицијата извршила претрес на еден од навивачите поради сомнение дека поседува пиротехнички средства. Според полицијата, тоа било причина за фрлање шишиња и маси кон нејзините членови, кои потоа возвратиле со употреба на солзавец и палки.
По судирот на Мариенплац, српските навивачи продолжија да користат нелегални пиротехнички средства во близина на станицата на метрото, но и внатре во стадионот.
Поради тоа, неколку лица се обвинети за нарушување на јавниот ред и мир, нанесување тешки телесни повреди и напад на полициски службеници.
Нема информации за бројот на повредени српски навивачи.
Спорт
Бунт во репрезентацијата на Србија
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/skynews-serbia-football-euro-2024_6586377.jpg)
Неполни 12 часа по елиминацијата на репрезентацијата на Србија од Европското првенство, српските таблоиди објавија дека дел од репрезентативците кренале бунт против селекторот Драган Стојковиќ Пикси. Инаку, Србија во Ц групата, заврши на последното место зад Англија, Данска и Словенија. Овие три селекции изборија место во осминафиналето.
Б92, повикувајќи се на таблоидните медиуми во Србија, објави дека Душан Тадиќ, Александар Митровиќ, Сергеј Милинковиќ-Савиќ и неговиот брат Вања наводно изјавиле дека нема да играат за репрезентацијата се додека на селекторската позиција е Драган Стојковиќ..
Тадиќ е лут бидејќи тешко ја прифати одлуката натпреварот со Англија во првото коло да го започне од клупата за резерви. Исто така тој беше резерва и во решавачкиот против Данска.
Александар Митровиќ е далу од она што некогаш беше. Тој беше незадоволен кога Писки го замени против Англија, а синоќа по мечот со Данска рече дека веројатно тактиката не била добра.
Што се однесува до Сергеј Милинковиќ-Савиќ, тој не воодушеви со своите игри на ова ЕП.
Првиот натпревар против Англија го започна од првата минута, но беше заменет на полувремето, а против Словебија и Данска беше резерва.
Што се однесува до неговиот брат Вања, ваквата гласина е сосема очекувана со оглед на тоа што беше прв голман во Лигата на нации и квалификациите, но местото го загуби ЕП од Предраг Рајковиќ, кој веројатно беше најдобрито играч на Србија.
Сепак, Телеграф пренесува дека Рајковиќ се солидаризирал со поискусните соиграчи и наводно повеќе нема да игра за Србија се додека Драган Стојковиќ е на селекторската позиција.
Српските фудбалери вечерва се враќаат во Белград.
Спорт
Усик остана без титулата во верзијата на ИБФ
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/5431757_20220821t113110z-2065945597-rc2q0w9r56sj-rtrmadp-3-boxingheavyweightusykjoshua_ls.jpg)
Украинецот Олександер Усик само 40 дена беше апсолутен шампион во тешка категорија. Без овој статус остана бидејќи се откажа од одбраната на титулата во верзијата ИБФ.
Усик на 18 мај го победи Британецот Тајсон Фјури на поени и со тоа стана првиот апсолутен светски шампион во тешка категорија по 24 години и Ленокс Луис.
Усик и Фјури се договорија за реванш кој ќе се одржи на 21 декември. Украинецот побара од ИБФ да не му го одземаат појасот пред реваншот со Фјури, но барањето му беше одбиено.
ИБФ, по повлекувањето на Усик за привремен шампион го прогласи Британецот Даниел Дубоа, кој го победи најдобриот хрватски тешкаш Филип Хрговиќ со нокаут на 1 јуни.
Со ваквиот развој на настаните, борбата меѓу Дубоа и уште еден Британец Ентони Џошуа, која беше договорена за 21 септември на Вембли, станува борба за титулата шампион во ИБФ верзијата.