Спорт
(Видео) Ембид постигна 70, Ентони Таунс само 62 поена

Џоел Ембид и Карл-Ентони Таунс ја обележаа изминатаа ноќ во НБА лигата. Актуелниот МВП, Ембид постигна 70, а лидерот на Минесота Таунс „само“ 62 поени.
Камерунецот, кој ќе игра за репрезентацијата на САД, постигна неверојатни 70 поени во победата на Филаделфија над Сан Антонио Спарс 133:123.
Ова е рекорд на франшизата, чиј дрес низ историјата го носеле легендите: Џулиус Ирвинг, Мотес Мелоун, Ендрју Тони, Чарлс Баркли, Ален Ајверсон…
Ова е личен рекорд на Ембид и воедно рекорд на досегашниот тек на сезоната. На почетокот Јанис Адетокумбо стана рекордер на Милвоки Бакс со 64 поени.
Ембиид стана деветтиот играч во историјата на лигата кој постигнал најмалку 70 поени на еден натпревар. Пред него ваков подвиг направија: Вилт Чембрлен, Коби Брајант, Дејвид Томпсон, Демијан Лилард, Донован Мичел, Дејвид Робинсон, Елгин Бејлор и Девин Букер.
Џоел Ембиид мина помалку од 37 минути на теренот на „Велс Фарго Центарот“, а за тоа време забележа нереален статистички учинок: 70 поени (24/41 од поле, 21/23 слободни фрлања), 18 скока, пет асистенции и по една блокада и украдена топка и само една загубена топка.
По победата, Ембиид ја посвети својата игра на Коби Брајант на социјалните мрежи.
Карл-Ентони Таунс го предводеше лидерот на Западот, Минесота до победата над Шарлот Хрнетс 128:125.
Репрезентативецот на Доминиканската Република натпреварот го заврши со 62 поени (21/35 од поле, 10/14 слободни фрлања), осум и две асистенции за 38 минути игра.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Мбапе за Винисисус: Подобро е од минатата година

Заедно со Винисиус и Џуд Белингам, Килијан Мбапе е меѓу најважните запчаници во машинеријата на Реал Мадрид.
Францускиот напаѓач беше тој што зборуваше за односот што го има со бразилскиот крилен напаѓач.
Мбапе и Винисиус делуваат како хармоничен тандем на теренот, а тоа го потврди и најдобриот стрелец на Реал:
„Имам многу добар однос со Винисиус, многу подобар од минатата сезона бидејќи се познаваме подобро. Тој е одличен фудбалер и одлична личност“, рече Мбапе и додаде.
„Нашата цел е иста, да му помогнеме на Реал Мадрид да освојува титули.“
Килијан Мбапе е најдобар стрелец во Ла Лига со девет гола, на таа листа, Винисиус е трет со пет гола.
Фото/ „Икс“
Спорт
Милан се распрашува за Бернардо Силва

Бернардо Силва неодамна наговести дека би можел да го напушти Манчестер Сити кога ќе му истече договорот следното лето. Не е познато каде ќе ја продолжи кариерата Португалецот, јасно е само дека тоа нема да биде Манчестер Сити.
Италијанските медиуми тврдат дека челниците на Милан го контактирале Португалецот за да ги дознаат неговите намери на крајот од сезоната.
Силва не е заинтересиран за преселба во Саудиска Арабија, има 31 година и јасно е дека може да игра уштеуште неколку сезони на врвно ниво.
Силва пристигна во Сити од Монако во летото 2017 година за 50.000.000 евра. Ги освои сите можни трофеи, вклучувајќи шест титули во Премиер лигата и Лигата на шампионите.
Одигра неверојатни 416 натпревари, со 72 гола и 74 асистенции.
Спорт
Рој Кин: Би сакал Симеоне да го замени Аморим

Манчестер Јунајтед пред репрезентативната пауза го победи Сандерленд и на тој начин Рубен Аморим си купи време на клупата на англискиот гигант.
Недолго по победата, ко-сопственикот на клубот, сер Џим ретклиф рече дека Португалецот е сигурен на клупата и дека нема да добие отказ.
Сепак, многумина на кои Јунајтед им „чежи на срцето“ со задоволство би му го виделе виделе грбот на Аморим. Еден од нив е и легендарниот капитен Рој Кин.
Тој тврди дека Диего Симеоне би бил идеално решение за клупата на Јунајтед.
„Ако некогаш се отвори место за нов тренер, го кажувам ова веќе некое време – би сакал (Диего) Симеоне од Атлетико Мадрид да ја преземе таа позиција. Мислам дека би создал хаос, но добар хаос. Тој би го направил тоа. Нема гаранција, но би сакал само да го видам неговиот карактер. Начинот на кој игра неговиот тим би се вклопил совршено во клубот, иако тој не е толку дефанзивно настроен како што мислат некои луѓе“, рече Кин, додавајќи:
„Луѓето можеби размислуваат за неговиот стил на фудбал, но тие постигнаа пет гола против Реал Мадрид минатиот викенд. Не му се допаѓа што неговите тимови примаат многу голови или примаат многу шанси, но тие можат да играат и да се борат.“
Фото/ Принтскрин