Спорт
Гоф прва полуфиналистка на АО

Коко Гоф е првата полуфиналистка на Австралија Опен.
Четвртата тенисерка во светот во трилер меч и три часа игра ја совлада 37. на ВТА листата, Украинката Марта Костјук со 7:6 (6), 6:7 (3), 6:2.
Костјук започна одлично, имаше два брејка и големи 5:1, но потоа наеднаш попушти.
Гоф го прифати подарокот, постепено се врати во игра и од 1:5 стигна до 6:5.
Кога сервираше за сетот, Коко не успеа, Костјук направи брејк и избори тај-брејк. Украинката не искористи сет топката при 6:5, Коко врза три поени и поведе со 1:0.
Вториот сет почнаа со размена на брејкови 1:1.
Гоф направи уште еден во шестиот гем за 4:2, а потоа видовме уште три брејка во низа.
На 5:3 Гоф сервираше за меч, но раката и затрепери, Костјук го врати брејкот за да намали на 5:4, а потоа израмни.
Набрзо стигнаа до нов тај-брејк, а таму подобра беше Костјук со резултат 7:3.
Гоф одигра фуриозно во решавачкиот сет, стигна до 5:0, но не можеше да го добие сетот со нула.
Костјук врати еден брејк намалувајќи на 5:1, а потоа и 5:2.
Сепак, Гоф следниот пат беше сигурен и стигна до 6:2 и до победата.
Таа во полуфиналето ќе игра со победничката од мечот меѓу Барбора Крејчикова и Арина Сабаленка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Интер сака да го врати Онана

Интер наводно повторно ја следи ситуацијата со својот поранешен голман Андреа Онана откако Манчестер јунајтед го изостави од составот за отворањето на сезоната во Премиер лигата.
Според „Сан“, италијанскиот клуб внимателно го следи неговиот статус бидејќи има сè повеќе шпекулации за иднината на Камерунецот на „Олд Трафорд“. Се додава дека Интер е заинтересиран за враќање на 29-годишникот, кој замина во Јунајтед во 2023 година.
Од неговото доаѓање, тој не ја оправда отштетата од 56 милиони евра, а со оглед на тоа што тренерот на Интер бара нов голман, додека Јан Сомер во моментов е прв избор, враќањето би можело да стане реална опција.
Фото/ Принтскрин
Спорт
Лукаку ќе го пропушти првиот дел од сезоната

Тежок удар за Наполи пред почетокот на сезоната во Серија А во која ја бранат титулата. Ромелу Лукаку се повреди и го очекува подолга пауза.
Напаѓачот кој минатата сезона забележа дабл-дабл учинок од 14 гола и 11 асистенции го повреди квадрицепсниот мускул и ќе му биде потребна операција. Се очекува да отсуствува четири до пет месеци.
Огромен проблем за Конте и Наполи. Бидејќи сега Наполи како класичен напаѓач го има само Лоренцо Лука засилувањето од Удинезе.
Затоа е јасно дека Наполи ќе мора да се активира на пазарот. Според првите информации, целта е Расмус Хајлунд од Манчестер јунајтед. Идејата на Наполи е да го доведе на позајмица.
Сепак, Наполи не е единствениот што е заинтересиран за Данецот. Милан е во игра веќе некое време и преговара со „црвените ѓаволи“ и го сака Хојлунд во случај да не постигнат договор со Душан Влаховиќ. Како што стојат работите, Хојлунд е на добар пат да се врати во Серија А.
Спорт
Нотингем Форест го засили нападот

Арно Калимуендо, до неодамна играч на Рен, потпиша договор со Нотингем Форест.
Францускиот клуб доби 30.000.000 евра обештетување, а двократниот европски шампион со овој трансфер најави големи амбиции во новата сезона, во која ќе се натпреварува и во Лига Европа.
Калимуендо ја започна својата кариера во Пари Сен Жермен, но таму играше многу малку. Пред три години се пресели во Рен, каде што одигра одлични натпревари. Постигна 40 гола и имаше 14 асистенции.
Третиот е најскапото засилување на клубот во овој преоден рок. Форест издвоија повеќе од него за Омар Хачинсон и Ден Ендо.
Нотингем, ја отвори новата сезона во Премиер лигата со убедлива победа од 3:1 против Брентфорд.
Фото/ Принтскрин