Македонија
Маричиќ: Македонската европска машина е вклучена, од нас зависи дали оваа година, таа машина ќе продолжи да работи и да стаса до 2030 во ЕУ
Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ зема учество во рамки на годишната владина конференција се одржа првата панел дискусија :”На патот кон ЕУ:Искористување на можностите за брза интеграција”
„Можеме без задршка да си честитаме, 15 месеци скрининг процес кој ни даде реална слика, во кој учествуваа речиси 1000 луѓе, 800 реализирани извештаи, интензивна работа на администрацијата која професионално ја одработи и беше на ниво на задачата. Со успешното реализирање на првата фаза од преговорите, и патоказите кои се веќе испратени до Европската Комисија, Македонската европска машина е вклучена, од нас зависи дали оваа година, таа машина ќе продолжи да работи и да стаса до 2030 во ЕУ. Со Планот за раст Европската Унија дава нов импулс за земјите кандидати, тој план сме го барале веќе подолго време и претставува клучна стратегија за развој на регионот и забрзаното пристапување на државата кон ЕУ“, истакна вицепремиерот Маричиќ.
„Целта на Европската Комисија е да подаде рака на нашиот регион и на државата, да се подобри комуникацијата и да нема дилеми дали нашата држава припаѓа во унијата.
Јас сум сигурен дека Планот за раст ќе почне скоро да се реализира.
Го имаме исцртано патот, треба да го изодиме. Европскиот пат е достижен и не така далечен како некогаш. Важно ни е да ги собереме сите сили во општеството, сите политички структури, администрацијата, научните институции, граѓанските организации да се вклучат во овој реформски процес. Наша битка е 2030, кога ќе се примаат нови членки во унијата, Северна Македонија не да биде во публиката туку на бината“, додаде тој.
На панелот се обратија и Вицепремиерот Битиќи, Министерот за финансии Бесими и професорот Синиша Наумоски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
РСБСП Апелира: Возете внимателно и одговорно во зимски услови!
Според прогнозите во наредните денови се најавени снежни врнежи и значителен пад на температурите, РСБСП потсетува на потребата од внимателно и одговорно управување со моторните возила, како и задолжително правилно користење на зимска опрема. Пред поаѓање на пат, неопходно е возилото соодветно да се подготви за управување во зимски услови.
„Направете проверка на возилото која вообичаено опфаќа: проверка антифриз, нивото на гориво, состојба на бришачите и течноста за ветробранското стакло, состојбата на акумулаторот и состојбата и притисокот на пневматиците“.
РСБСП апелира возачите да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и поставената сообраќајна сигнализација, навреме да се информираат за состојбата на патиштата и нивната проодност, да ја прилагодат брзината на движење според условите и состојбата на патот, да одржуваат безбедно растојание меѓу возилата – со цел зголемување на безбедноста на сите учесници во сообраќајот. Истражувањата покажуваат дека неповолните временски услови бараат од возачот поголемо внимание за време на управување со возилото.
Затоа, РСБСП упатува јасен апел: Само со одговорно однесување во сообраќајот сите заедно можеме да придонесеме за побезбеден сообраќај на патиштата – секој живот е важен.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, кон крајот на денот дожд и снег
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во северозападните делови ќе има повремени врнежи од дожд, на планините од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -9 до -2, а максималната ќе достигне од 3 до 9 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до -6, а максималната ќе достигне до 4 степени.
Времето во наредните денови
Во сабота ќе има локални врнежи, на планините и на повисоките места од снег, а во пониските од дожд и снег. Врнежите ќе бидат пообилни во западните делови, а висината на снежната покривка дополнително ќе се зголеми.
Во недела и понеделник ќе дува умерен до засилен северен ветер (над 60 km/h) и ќе има повремени локални врнежи од снег. Температурата ќе биде во опаѓање, а наместа дневната ќе остане под нула степени. Од вторник следува период на стабилно и суво време.
Македонија
Делови од Центар и Зелениково денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект на затварач од ф – 100 мм на ул. 5 бр. 47 во село Моране, во периодот од 08.30 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат дел од корисниците од село Моране, општина Зелениково.
Од ЈП Водовод и Канализација исто така информираат дека поради уличен дефект на ул. Васил Ѓорѓов б.б – пред ОУ Киро Глигоров, во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат корисниците од улиците Васил Ѓорѓов, Адам Мицкиевиќ, дел од корисниците од улиците Киро Глигоров и Козара, како и објектот на заводот за физикална медицина и рехабилитација, општина Центар.

