Регион
(Видео) Дел од трговскиот центар во Белград сè уште гори, во огромниот пожар нема жртви

Дел од трговскиот центарот во Белград е изгаснат, но дел сè уште гори. Станува збор за огромен објект.
U Kineskom tržnom centru u Bloku 70 jutros je izbio požar.
Požar je prijavljen oko 7h, a na teren je poslato više od 40 vatrogasaca sa 13 vozila. pic.twitter.com/UnxmlTTGOK
— TV N1 Beograd (@n1srbija) January 24, 2024
Лука Чаушиќ, раководител на секторот за вонредни ситуации за српски „Телеграф“ вели дека најважно е што нема жртви во огромниот пожар што утринава избувна во Блок 70.
„Особено морам да го истакнам ангажманот на хеликоптери, првпат хеликоптерските единици на МВР работат на гаснење пожари во внатрешното градско јадро. Тие беа ангажирани по наредба на министерот за внатрешни работи и дадоа голем придонес во намалувањето на температурата, со оглед на тоа дека се ослободува големо количество топлина, за да може нашите членови да се приближат и да го изгаснат пожарот одвнатре“, рече тој.
Пожарот бил пријавен во 6.57 часот. Над 50 пожарникари со 15 возила и хеликоптери го гаснат пожарот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Силен земјотрес ја погоди Света Гора, почувствуван на Халкидики и во Солун

Земјотрес со магнитуда од 5,3 степени е регистриран попладнево во морската област на Света Гора.
Според Геодинамичкиот институт и Сеизмолошката станица на Универзитетот „Аристотел“ во Солун, епицентарот на потресот бил на 7 километри западно од Кареја, на длабочина од 12,5 километри.
Како што јавуваат грчките медиуми, силниот земјотрес го потресе целиот регион Халкидики, како и градот Солун. Бил почувствуван и на крајбрежните области на Кавала и Тасос.
Регион
Уште еден силен земјотрес ја погоди Грција

Земјотрес со јачина од 4,6 степени според Рихтеровата скала беше регистриран во четврток, 5 јуни, во 07:18 часот во Егејското Море, Грција.
Земјотресот беше регистриран на 30 километри од Мирина.
#Earthquake (#σεισμός) confirmed by seismic data.⚠Preliminary info: M4.6 || 30 km NW of #Mýrina (#Greece) || 3 min ago (local time 08:18:38). Follow the thread for the updates👇 pic.twitter.com/4qdLSErCCL
— EMSC (@LastQuake) June 5, 2025
Хипоцентарот на земјотресот, според Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, се наоѓа на длабочина од приближно 11 километри под површината на земјата.
Засега нема извештаи за материјална штета или повредени, а надлежните служби ја следат ситуацијата.
Регион
Србинка извлечена мртва од морето во Грција, наредена обдукција: детали за ужасот на Халкидик

Седумдесет и тригодишна жена од Србија била извлечена во несвест од морето на полуостровот Касандра во Грција и однесена во болница, каде што била прогласена за мртва, објавија грчките медиуми.
Сè се случило во градот Сивири на Халкидик, популарно одморалиште кај туристите од регионот.
Таа беше извлечена од морето во средата попладне.
Веднаш беше известена Пристанишната управа на Неа Мудања, а 73-годишната жена беше пренесена со амбулантно возило на ЕКАБ во Здравствениот центар во Касандра, каде што беше констатирана смрт.
Вториот оддел на пристаништето Неа Мудања, при Централната пристанишна управа на Солун, која ја спроведува прелиминарната истрага, нареди обдукција во Службата за судска медицина во Солун.