Македонија
Богоев: Регионалната соработка е клучна во борбата против шверцот, нелегалната трговија и организираниот криминал
Денес и утре, во организација на Царинската управа и со поддршка на Царинската и даночната служба на Обединетото Кралство, се одржува јубилејниот 10-ти неформален регионален состанок, на кој учествуваат директори и високи претставници на царинските управи од Западен Балкан, како и претставници од британското Министерство за надворешни работи – канцеларија за меѓународни операции и EXBS. Главната тема на оваа средба е подобрување на регионалната соработка на царинските служби во насока на заедничка борба против шверцот, нелегалната трговија и организираниот криминал, со цел развој и унапредување на економската соработка во регионот.
„Регионалната соработка е клучна во борбата против шверцот, нелегалната трговија и организираниот криминал. Она што денес е вистински предизвик за нас е да обезбедиме баланс помеѓу потребата од забрзан транспорт и олеснување на трговијата, од една страна, и спроведување ефикасни контроли за заштита на безбедноста и здравјето на граѓаните, од друга. Остануваме и во иднина безусловно посветени на борбата против криминалот и корупцијата и ќе продолжиме со заеднички напори за придонес кон безбедноста и поддршката на легалната трговија, со што ќе обезбедиме забрзан развој и напредок на регионот“, истакна директорот на Царинската управа, Стефан Богоев, во воведното обраќање на состанокот.
На настанот присуствуваше и амбасадорот на Обединетото Кралство, Метју Лосон, кој во своето обраќање посочи: „Обединетото Кралство е посветено на регионот и на соработката со Северна Македонија. Безбеден, стабилен и просперитетен регион подразбира посилни партнери за Обединетото Кралство, со кои можеме да работиме заедно за подобрување на безбедноста и стабилноста, како и да поттикнеме подобрување на трговската соработка со Западен Балкан. Зголемената способност на царинските службеници од целиот регион да работат заедно за зајакнување на механизмите за гранична контрола и споделувње на разузнавачките информации на регионално ниво ќе помогне во решавањето на заедничките закани од сериозниот и организиран криминал, како и на економскиот криминал“.
За време на состанокот се разгледува напредокот во реализацијата на активностите за дефинирање рамка за безбедна размена на информации преку SEED-системот од областа на анализа на ризик, но и во размена на оперативни разузнавачки информации со цел спречување на шверцот, нелегалната трговија и организираниот криминал. Исто така, се дискутира и за примена на ефикасни мерки за спречување на корупција, како и за подготовка на заеднички проекти и идни активности на царинските служби од регионот, со цел олеснување на трговијата, унапредување на царинските постапки и економската соработка во Западен Балкан.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот на патниот правец Скопје – Велес е нормализиран во двете ленти
Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес е нормализиран во две коловозни ленти, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Дел од Чаир денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради два улични дефекти ф-200 и ф -250 мм на Македонско Косовска Бригада бб (во близина на касарна Илинден), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улицата Македонско Косовска Бригада и објектот на касарна Илинден, општина Чаир.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување санација на дефектите.
Македонија
Одрон во должина од 80 метри на патот Скопје-Велес: сообраќајот кај Сопот се одвива по една лента
Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес, околу два километри пред Сопот, од 21 часот се одвива по една коловозна лента (десната) поради поголем одрон.
Како што информираат oд АМСМ, одронот е во должина од 80 метри.
Фото: илустрација (depositphotos)

