Македонија
Македонскиот дипломатски синдикат: Има ли крај на скандалите во дипломатијата, каде е дното?
Македонскиот дипломатски синдикат (МДС) повторно во една недела најостро реагира против „растечкиот тренд на разбивање на професионалноста и внатрешните регулативи во Министерството за надворешни работи“.
„По скандалозните именувања партиски кадри во текот на минатата недела на клучни позиции во дипломатската мрежа, денес се соочуваме со нов дипломатски бисер. Имено, за генерален конзул во Мелбурн се предлага целосно анонимна личност, на која единствена квалификација, според медиумите, е дека била дел од безбедносниот тим на премиерот Ковачевски.
И покрај обидите за прикривање на информацијата за назначувањето на г-ѓа Елена Брајковска за генерален конзул, користејќи креативни флоскули од типот „нема таква точка на отворената седница“ иако овие одлуки се носат на затворени седници, денес именуваната веќе ги собира потребните потписи во МНР пред почнување на подготвителните процедури за упатување“, велат од МДС.
„Веќе укажавме, Македонскиот дипломатски синдикат бил и ќе продолжи да биде последниот бедем и механизам за зачувување на угледот и професионалните стандарди во дипломатската служба. Затоа повикуваме за итна ревизија на овие упатувања и враќање на дипломатските стандарди во државата.
На крајот, сè уште чекаме на одговор од министерот Османи за фрагрантното кршење на Законот за надворешните работи при упатувањето на г. Мухаби Синани за генерален конзул во Њујорк. Пред да го добиеме одговорот, упатуваме на целосно читање на законот, односно да се обрне внимание на членот 5, од оваа измена што беше наведена како основ за ова упатување („Службен весник“ 226/2015), со која се додава нов член, 35-а, кој гласи:
Член 35-а
Најмалку една третина од вкупниот број шефови на дипломатско-конзуларни претставништва се именуваат од редот на дипломатско-конзуларните службеници со високи дипломатски звања во Министерството.
Со оглед на ова, прашуваме кое е дипломатското звање на Синани и дали се крши Законот за надворешните работи“, се наведува во соопштението на МДС.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сали-Ортиз: разговарано за европската политика, економијата, образованието и културата
Првиот заменик-председател и министер за европски прашања на Северна Македонија, Беким Сали, денеска оствари средба со амбасадорот на Кралството Шпанија, Рафаел Соријано Ортиз.
За време на средбата се дискутираа блиските билатерални односи меѓу Северна Македонија и Шпанија, како и можностите за проширување на соработката во различни области, вклучувајќи ја европската политика, економијата, образованието и културата.
Посебен фокус беше ставен на евроинтеграцискиот процес на Северна Македонија, со акцент на важноста од напредокот во реформите и исполнувањето на европските критериуми.
Исто така, на средбата се разгледа и реформската агенда која е во тек, со цел зајакнување на институциите, транспарентноста и подобрување на инвестициската клима, поставувајќи ја земјата поблиску до стандардите на Европската Унија. Двете страни изразија подготвеност за продлабочување на соработката и зајакнување на стратешките односи меѓу двете земји.
Македонија
По ревизорскиот извештај, Обвинителството отвори предмет за Општина Охрид
Јавното обвинителство отвори предмет по извештајот на Државниот завод за ревизија за Општина Охрид, во кој утврди дека се граделе хотели и куќи без дозволи, дека општината нема донесено урбанистички планови за 20 населени места, а утврди и неправилности и во финансиското работење на општината.
„Државниот завод за ревизија на 19.12.2025 година го достави ревизорскиот извештај за Општина Охрид до Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, од каде извештајот е доставен на надлежно постапување на Основното јавно обвинителство Охрид. Оформен е предмет и се преземаат дејствија на проверки“, соопштија од ЈОРМ.
Ревизијата утврди дека општината нема донесено урбанистички планови за 20 населени места, а во дел од населените места се изведени градби и градежни активности за индивидуално домување и хотелски комплекс без платен надоместок за уредување на градежно земјиште и без издадени одобренија за градење.
Македонија
(Видео) Филипче: Имам информација дека следи ново задолжување од 300 милиони евра
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на одговор на новинарско прашање информираше дека следува ново задолжување од 300 милиони евра, a државата е соочена со голема криза.
„Следи ново задолжување од триста милиони евра, ќе слушнете наскоро. Мора да се пополнат нови дупки во буџетот. Сум за принципиелна поддршка на барањата на било која група на граѓани во државава, на луѓето им е потребна помош. Гласот на работниците и на синдикатите треба да биде слушнат“, рече Филипче.
Тој, потенцираше дека и во време на најголеми кризи, владата на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија имала континуиран раст на платите.
„Ако за период од седум години минималната плата се дуплирала, пораснала просечната плата, тоа значи дека имало добри економски политики. И тоа се аргументира, имаше странски инвестиции. Во последната година од нашето владеење, странските инвестиции беа близу милијарда евра. Сега ги нема. Сега се десеткувани. Компаниите заминуваат од земјава. Соочени сме со голема криза“, нагласи Филипче.

