Свет
Ослободена заложничка: „Во тунелите го сретнав шефот на Хамас, ми зборуваше на хебрејски“
72-годишна Израелка, која била заробена од милитантите на Хамас речиси 50 дена, изјавила за израелската телевизија дека била заробена во мрачен и влажен тунел, каде што се сретнала со лидерот на Хамас, јавува „Асошиетед прес“.
На 7 октомври Адина Моше беше однесена од кибуцот Нир Оз, тешко погодено земјоделско село. Таа беше ослободена како дел од договорот со кој беа ослободени 100-ина заложници, главно жени и деца, во замена за привремен прекин на огнот и ослободување на Палестинците што ги држеше Израел.
Нејзиното интервју за израелската телевизија „Канал 12“ доаѓа додека се прават напори да се постигне нов договор, кој би можел да ги ослободи преостанатите 100 затвореници и веројатно да доведе до прекин на огнот. Нејзиното сведочење фрла ново светло на тешките услови во кои живееле заложниците.
Моше е сведок на Јехја Синвар, водачот на Хамас во Газа, како ја посетува својата група заложници длабоко во подземен тунел.
„Здраво. Како си? Дали сè е во ред?“, им рекол Синвар на заложниците, според Моше, и тврди дека им зборувал на хебрејскиот јазик што го научил за време на заробеништвото во Израел. Моше вели дека заложниците само ги наведнале главите и не одговориле на прашањето на Синвар.
Моше го опишува денот кога била киднапирана. Милитантите на Хамас извршиле рација во куќата што таа ја делеше со нејзиниот сопруг Дејвид, кој беше застрелан во ногата, но подоцна беше убиен од еден од милитантите на Хамас.
Моше беше киднапирана и одведена во Газа со мотор, придружувана од двајца вооружени милитанти. Рекла дека еден од нив болно ѝ ја скинал обетката од увото и дека ѝ го одзеле целиот накит.
Заедно со другите заложници била однесена во тунелите на Хамас и вели дека пешачеле пет часа во подземни, темни и задушувачки премини додека не стигнале до просторијата, каде што им било кажано дека ќе бидат ослободени во следните денови.
„Им верувавме. Верувавме дека тоа ќе биде првото нешто што Израел ќе го направи“, рече таа.
Но, на крајот, поминаа речиси 50 дена додека не ја ослободат. „Им реков на другите заложници дека ќе бидеме тука најмалку два месеца, но не поради Хамас“, вели таа бесна што израелската држава не обезбедила нивно ослободување порано.
Моше ги минувала деновите со други заложници, мажи, жени и деца, а вооружени стражари стоеле покрај него тунелот. Јаделе мали порции конзервирана храна и ориз, а просторијата била слабо осветлена.
За да помине времето, таа рече дека тројцата заложници, еврејски историчар, филмољубец и арапски говорник, им понудиле да им одржат предавања на другите заробеници. Тројцата споменати мажи сè уште се во заробеништво.
Вели дека не го слушнала масовното израелско бомбардирање на Газа под земјата, но дека повремено се чувствувале потреси во тунелите.
Таа е загрижена за судбината на преостанатите заложници бидејќи вели дека на видеата видела оти тунелите каде што ја држеле сега се празни.
„Имам чувство дека некои од нив не се живи бидејќи знам дека веќе не се на местото каде што бев јас“, рекла во солзи Адина Моше.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Италијанската полиција конфискува 1,4 тони наркотици и уапси 384 луѓе
Во голема операција против илегалната трговија со дрога италијанската полиција откри и конфискува 1,4 тони наркотици и уапси 384 лица.
Во операцијата 655 лица се ставени под истрага, од кои 39 малолетни, а конфискувани се 35 килограми кокаин и повеќе од 40 парчиња огнено оружје.
Полицијата изврши контроли и во 312 продавници за канабис, при што привремено се затворени пет продавници во три града откако биле извршени 312 контроли. Конфискувани се 296 килограми производи од канабис.
Италија во јуни одобри безбедносен декрет со кој се забранува така наречениот „легален“ канабис и трговијата со „лесен канабис“ или коноп се прогласува за нелегална трговијата, кој, за разлика од марихуаната, нема психоактивни ефекти.
Свет
Во САД заврши првата рунда разговори меѓу украинската и американската делегација, соопшти Зеленски
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека во САД веќе е завршена првата рунда разговори меѓу украинската и американската делегација и оти очекува извештај од шефот на украинската делегација Рустем Умеров пред следната рунда преговори.
Зеленски го изјави тоа за време на заедничкото обраќање до медиумите со премиерот на Португалија Луис Монтенегро.
– Нашиот тим ќе ме контактира, така се договоривме, и ќе ми ги изнесе резултатите од првиот блок на дијалогот, по што ќе одлучиме како да продолжиме, рече Зеленски.
Тој додаде дека во САД се наоѓаат и претставници на Русија и Европа, истакнувајќи дека ќе може да зборува за деталите од разговорите откако ќе го добие извештајот од Умеров.
Свет
Американски напад врз Сирија, загинаа припадници на Исламска држава
Најмалку пет припадници на Исламска држава загинаа во синоќешните американски напади врз цели на ИД во Сирија, соопшти Сирискиот центар за набљудување на човековите права, со седиште во Лондон.
– Помеѓу загинатите е и „водачот на ќелија“, задолжен за беспилотни летала. Тие се убиени во покраината Деир ез Зор, изјави претставникот на Сирискиот центар, Рами Абдел Рахман.
САД синоќа соопштија дека погодиле повеќе од 70 цели во неколку области на Сирија. Според неименуван безбедносен извор нападите биле насочени кон ќелиите на ИД во покраините Хомс, Деир ез Зор и Рака.
Претседателот на САД, Доналд Трап на сопствената платформа „Трут соушл“ (Truth Social), откако Пентагон соопшти за операцијата против Исламска држава, објави – „Напаѓаме многу силно против бастионите на ИД“.
Американската армија изврши „масовен напад“ врз цели поврзани со ИД во Сирија, како одговор на смртоносниот напад врз американските сили. На 13 декември во пустинска област во централната сириска покраина Хомс загинаа двајца американски војници и еден цивилен преведувач. Вашингтон за нападот ја обвини џихадистичката група, но ИД не презеде одговорноста за нападот.
Целта на операцијата, според Вашингтон, е да се ослабат капацитетите на ИД за понатамошно дејствување и да се спречат напади врз американскиот персонал во Сирија. Во Сирија распоредени се околу 1.000 американски војници.
Американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет изјави дека операцијата „Хајкај страјк“ (Hawkeye Strike) е насочена кон елиминација на „борци, инфраструктура и локации со оружје“ на ИД. Тој посочи дека метите се избрани за да се погодат клучните ресурси на ИД, вклучително и оперативните капацитети и логистичка поддршка.
– Ова не е почеток на војна – ова е декларација за одмазда. Денеска ги гоневме и убивме нашите непријатели. Многу од нив. И ќе продолжиме да го правиме тоа, наведе Хегсет на социјалните мрежи.
Изминатите месеци Коалицијата предводена од САД против ИД изврши неколку воздушни напади и копнени операции во Сирија, насочени кон осомничени членови на терористичката организација. Во операциите беа вклучени и припадници на сириските безбедносни сили.

