Спорт
Бобан ја напушти УЕФА затоа што Чеферин мести нов мандат

Поранешниот југословенски и хрватски фудбалер Звонимир Бобан повеќе не е функционер на УЕФА, откако реши да ја напушти функцијата.
Хрватот ја извршуваше функцијата прв човек на фудбалот во УЕФА од 2021 година, кога на таа функција беше назначен на лично инсистирање на претседателот на европската куќа на фудбалот, Александар Чеферин.
УЕФА излезе со соопштение во врска со неговото заминување.
„УЕФА сака да го објави консензуалното заминување на Звонимир Бобан од организацијата. Бобан ѝ се приклучи на организацијата во 2021 година како шеф на фудбалот и иницираше неколку значајни проекти во техничкиот развој, вклучувајќи го и формирањето на Фудбалскиот одбор на УЕФА и Младинскиот фудбалски форум. УЕФА сака да му се заблагодари на Бобан за неговата посветена услуга и му посакува многу среќа во неговите понатамошни потфати во кариерата“, се вели во краткото соопштение на УЕФА.
Од друга страна, Бобан во отворено писмо истакна дека поднел оставка од функцијата поради несогласувања со првиот човек на Европската фудбалска унија, Александар Чеферин.
„Зборував со претседателот на УЕФА за проблемот што се случи за време на последниот состанок на Извршниот комитет на УЕФА во Хамбург. Станува збор за предлогот за измена на статутот на УЕФА за да му се дозволи на Чеферин, на следниот конгрес на 8 февруари во Париз нова кандидатура по овој мандат, која требаше да му биде последен.
Парадоксално, во 2017 година, токму Чеферин предложи и иницираше пакет реформи кои требаше да ги заштитат УЕФА и европскиот фудбал од „лошиот менаџмент“ што беше „modus operandi“ на стариот, корумпиран и веќе обвинет систем толку пати. Главните две точки на реформите беа дека ниту претседателот ниту членовите на Извршниот одбор не можат да се кандидираат за функција повеќе од три пати (12 години) и беше воведена старосната граница од 70 години за сите членови на Извршниот одбор.
Во овие три години односот и соработката со Александар и сите мои колеги во УЕФА беа одлични – им благодарам за тоа, им посакувам се најдобро.
Жал ми е и тажен сум, но ја напуштам УЕФА“, стои во писмото на поранешниот фудбалер на Динамо и Милан.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Роналдо покажа со прстот кон Гринвуд

Кристијано Роналдо продолжува да го обликува тимот според своите желби, а сега е пронајдено ново име кое би сакал да го види во тимот.
Според „Марка“, португалскиот фудбалер побарал од раководството на клубот да го доведе Мејсон Гринвуд.
Англискиот офанзивен играч се прероди и е најдобриот играч на Марсеј. Тој веќе имаше покани од Саудиска Арабија минатата сезона, но тогаш не сакаше да го промени средниот ред.
Не е лесно да останеш имун кога ќе те повика Кристијано Роналдо, иако медиумите тврдат дека Гринвуд не размислува за заминување, иако и Интер го има на својот радар.
Жоао Феликс неодамна пристигна во Ал Наср, а Роналдо сака по секоја цена да го освои првиот трофеј на Блискиот Исток.
Фото: ЕПА
Спорт
Штутгарт го изигра Атлетико – Мило на пат кон Саудиска Арабија

Францускиот фудбалер од редот за врска, Енцо Мило, долго време се поврзуваше со Атлетико Мадрид, но тој кариерата ќе ја продолжи во Саудиска Арабија.
Енцо Мило беше виден на стадионот „Метрополитано“, иако неговото пристигнување беше одложено поради Штутгарт, кој одолговлекуваше со условите за плаќање.
Се испостави дека „Швабите“, намерно ги одолжиле преговорите со шпанскиот клуб, чекале сигнал од Саудиска Арабија.
Мило беше поврзуван и со Тотенхем, но на крајот победи најбогатиот.
Усен договор меѓу Ал Ахли и играчот за врска веќе постои, и сè уште не е познато колку би можел да изнесува целиот договор. Се споменуваше дека Атлетико морал да плати 23.000.000 евра, па се очекува дека приближно иста сума ќе уплати Ал Ахли в касата на Штутгарт.
Спорт
Баер го продолжи договорот со Шик

Баер Леверкузен ја продолжи соработката со 29-годишниот централен напаѓач и чешки репрезентативец Патрик Шик, а голгетерот висок 191 см се обврза да остане во редовите на популарните „фармацевти“ до 2030 година.
Шик помина пет сезони во овој тим и значително придонесе пред две сезони, кога Баер ја освои Бундеслигата и ја прекина децениската апсолутна доминација на Баерн во германскиот фудбал.
Вкупно, Шик одигра 121 натпревар во Бундеслигата и постигна 64 гола, а постигна и девет гола во 33 натпревари во европските натпреварувања.
Кариерата на Шик започна во Спарта од неговата родна Прага, каде што не играше, а својата прва можност ја доби во дресот на Бохемијанс, каде што беше позајмен во сезоната 2015/16.
Следеше италијанската епизода, една сезона во Сампдорија и две во Рома, потоа неговото прво искуство во Бундеслигата во Лајпциг, каде што постигна 10 гола на 22 натпревари во елитниот ранг на германскиот фудбал во сезоната 2019/20.
Кога станува збор за чешката репрезентација, Шик постигна 24 гола на 46 натпревари.