Забава
Шест хороскопски знаци подобро ги читаат луѓето од другите
Шест хороскопски знаци подобро ги читаат луѓето од другите – може да ви ги читаат мислите.
Ништо не може да се скрие од некои хороскопски знаци. Тие ја гледаат секоја ваша намера. Кои се знаците?
Рак
Чувствителни и емотивни, Раковите се сметаат за најемпатични од сите хороскопски знаци. Тие секогаш чувствуваат кога некому му е потребна нивната поддршка и брзаат да помогнат, дури и без повик. Препознавање на емоциите на другиот, како тоа да е најлесната задача за секој Рак.
Риби
Меѓу астролозите овој хороскопски знак се смета за најинтуитивен, кој има способност да гледа во иднината благодарение на високоразвиеното шесто сетило. Рибите лесно го препознаваат расположението на луѓето околу нив. И тие активно го користат за да им помогнат на другите, па затоа се популарни меѓу пријателите и познајниците.
Девица
Упорните Девици доведуваат сè до совршенство вклучувајќи ги и меѓучовечките односи. Внимателно следејќи го секое движење на друга личност и внимателно анализирајќи го секој збор, Девицата постепено ќе научи сè за нив. Така лесно ќе разберат за што некој размислува и што сака. Тие навистина може да ви ги читаат мислите.
Шкорпија
Околу Шкорпиите постои мистична аура, која ги поврзува со нешто натприродно. Шестото сетило непогрешливо ќе иѝкаже на сомнителната Шкорпија дали некој се обидува да ја измами или има добри намери. Поради оваа способност, многумина се плашат од блиски односи со овој хороскопски знак верувајќи дека тоа се вистински телепати со кои е опасно да се справите.
Вага
Способноста на Вагата да се стави во нечија кожа за да ја согледа ситуацијата од разни агли ѝ овозможува да изгради силни пријателства. И да биде разумна страна во сопствениот или туѓиот конфликт, но најважно – целосно да ги разбере другите луѓе. Понекогаш тоа прави Вагите да изгледаат како детективи, кои ги откриваат тајните на умот и лесно ги читаат мислите.
Близнаци
Никој не знае да преговара со луѓето толку професионално како дипломатите Близнаци. Тие може да сфатат што мисли некоја личност само со кратко набљудување на неговиот говор на телото – поради што се чини дека перцептивните Близнаци секогаш знаат што ќе кажат другите и се подготвени за тоа. Потајно сите хороскопски знаци им завидуваат поради оваа особина.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(ФОТО) И на 40 години во врвна форма: Роналдо повторно ги воодушеви фановите
Кристијано Роналдо повторно ги воодушеви фановите со фотографија објавена на Инстаграм, на која позира без маица во црни боксерки, покажувајќи ја одличната физичка форма и на 40-годишна возраст.
„По сауна“, напиша кратко Роналдо под фотографијата направена во теретана. Ова не е првпат фудбалската ѕвезда да објави вакви фотографии, со кои редовно ја истакнува дисциплината, тренинзите и начинот на живот по кои е препознатлив.
View this post on Instagram
Забава
Леонардо ди Каприо никогаш повторно не го гледал „Титаник“
Актерот Леонардо ди Каприо ги шокираше фановите со признанието дека никогаш повторно не го погледнал „Титаник“, филмот што во 1997 година го лансираше во светска слава и ја обележа цела една генерација.
Ди Каприо за тоа зборуваше во разговор со Џенифер Лоренс во емисијата Actors on Actors, пренесува „Варајети“. За време на опуштениот разговор, Лоренс директно го праша: „Дали некогаш повторно го погледна ‘Титаник’?“
Ди Каприо без размислување одговори: „Не. Не сум го гледал.“
Лоренс се изненади и му рече: „Па, треба да го гледаш! Се кладам дека сега би можел да го гледаш, навистина е добар.“
„Јас всушност не ги гледам моите филмови. Ти ги гледаш ли твоите?“ ја праша Ди Каприо колешката.
„Не“, одговори Лоренс низ смеа. „Никогаш не сум снимила нешто како ‘Титаник’. Да сум, сигурно ќе го гледав. Еднаш бев многу пијана и го пуштив ‘American Hustle’. Се прашував: ‘Дали јас сум добра актерка?’ Го пуштив филмот… и не се сеќавам на одговорот.“
Ди Каприо слично признание дал и претходно. Во август, за списанието „Есквајр“, изјави дека ретко ги гледа своите филмови, но дека постои еден исклучок.
„Тоа е ‘Авијатичарот’. Тој филм ми беше особено важен“, рече актерот, присетувајќи се на соработката со режисерот Мартин Скорсезе и на неговиот долгогодишен интерес за ликот на Хауард Хјуз.
Филмот „Титаник“, во режија на Џејмс Камерон, стана еден од најуспешните филмови во историјата, а Ди Каприо во него глумеше заедно со Кејт Винслет.
„‘Титаник’ беше голем експеримент за Кејт и за мене“, изјави Ди Каприо уште во 2016 година. „Не можевме ни да замислиме колку голем ќе стане филмот. Сè тоа нè изненади.“
Тој додаде дека по тој успех морал да забави и да се врати на своите актерски цели.
„Знаев дека од мене се очекува нешто одредено, но сакав да останам верен на себе и на причината поради која воопшто почнав да глумам“, порача Ди Каприо.
Забава
Од февруари ќе се наплаќа пристап до фонтаната ди Треви
Од 1 февруари, туристите ќе мора да платат две евра за да добијат пристап одблиску до фонтаната ди Треви во Рим, една од најпознатите туристички атракции во градот. Бесплатен пристап ќе имаат само жителите на Рим, додека разгледување од далечина ќе остане без надомест.
Градоначалникот Роберто Гвалтиери изјави дека со оваа мерка се очекува годишен приход од околу 6,5 милиони евра. Наплатата е дел од поширок план со кој од 1 февруари ќе се воведат влезници и за уште пет локации во градот, со цена од пет евра.
Фонтаната ди Треви ја посетуваат во просек околу 30.000 луѓе дневно, а градските власти ја оправдуваат мерката со пренатрупаноста и проблемите со џепчии. Само во периодот од 1 јануари до 8 декември, просторот пред фонтаната го посетиле околу девет милиони туристи.
Традицијата на фрлање парички во фонтаната продолжува.

