Спорт
(Фото) Медведев испрати чудна порака по пресвртот на кариерата
Третиот тенисер во светот Даниил Медведев испрати чудна порака по пресвртот на кариерата против Александар Зверев 5:7, 3:6, 7:6, 7:6, 6:3 во полуфиналето на Австралија Опен.
Со овој триумф Медведев закажа финален меч со Јаник Синер кој ќе се одигра в недела.
По победата, Медведев напиша порака на камера која обично не ја гледаме.
„Не спиев доволно, но сеедно“, се пожали Русинот на заморот.
Медведев губеше 2:0 во сетови против Зверев. На нереален начин успеа да израмни, а во третиот и четвртиот сет излезе како победник по тај-брејкот. Откако имаше двојна сервис грешка при 4:4 во четвртиот сет во тајбрејкот, тој веќе беше на прагот на елиминација. Два поени подоцна го изведе веројатно најдоброто враќање на турнирот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Чоло утре ќе влезе во историјата на Ла Лига
Иконата на Атлетико Мадрид, тренерот Диего Чоло Симеоне, утре ќе влезе во историјата на шпанскиот фудбал.
Аргентинскиот стручњак против Алавес по 700. пат ќе го предводи Атлетико во шпанската Ла Лига.
На клупата на Атлетико седна во декември 2011 година, кога го наследи Грегорио Манзано, оттогаш освојуваше домашни и европски трофеи, но најголемиот во Лигата на шампионите магично му избега, неговиот тим за загуби две финалиња против градскиот ривал Реал, во 2014 и 2016 година.
Никој никогаш не водел 700 натпревари во Ла Лига, а Симеоне во претходните 699 натпревари има 412 победи, 156 нерешени и 131 пораз.
Неговиот тим постигна 1.166 гола, прими 576, а на 326 натпревари мрежата на Атлетико не се затресе.
Спорт
Гвардиола го продолжи договорот со Манчестер сити
Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола го продолжи на договорот не на една туку на две години.
„Новиот договор значи дека Гвардиола ќе помине повеќе од една деценија во Манчестер сити“, објави клубот.
„Граѓаните“, предводени од Гвардиола освоија 18 трофеи, меѓу кои шест титули во Премиер лигата и една во Лигата на шампионите. Сити стана првиот тим во Англија кој четири пати по ред ја освоил Премиер лигата.
Гвардиола го водеше Сити на 490 натпревари во сите натпреварувања, забележа дури 353 победи, играчите на Сити за тоа време постигнаа 1.200 голови.
Само Лес Мекдавол повеќе пати од клупата го предводел Манчестер сити, бил тренер на 587 натпревари.
„Манчестер Сити ми значи многу. Ова е мојата деветта сезона овде, доживеавме толку многу добри работи заедно. Имам навистина посебно чувство за овој клуб. Затоа сум многу среќен што останав уште две години“, изјави Гвардиола.
Спорт
Македонија загуби од Литванија, мали се шансите за пласман на ЕП
Фото/ kfsm.mk
Кошаркарската репрезентација на Македонија доживеа пораз од Литванија 67:82 во третото коло од квалификациите за пласман на Европкото првенство. Ова е втор пораз на македонските кошаркари во овие квалификации со што значително се намалени шансите за пласман на континенталниот шампионат.
Првата четвртина, во која Македонија одигра катастрофално го одреди текот на целиот натпревар. Македонија постигна два поени во првите пет минути, четири за седум ипол минути игра. Во првиот период избраниците на Александар Јончевски уфрлија девет поени имаа седум загубени топки и само две асистенции.
Литванците ги искористија сите слабости на македонскиот тим, доминираа во офанзивниот скок и по првите десет минути имаа предност 9:23. Лошата игра на Македонија продолжи и во вториот период, Литванците дојдоа до најголемата предност (+25). На полувреме Литванија замина со предност од 17 поени.
Ништо не се смени и во првите пет минути од третата четвртина, Литванија рутински ја одржуваше предноста. Имаше Македонија еден добар период кога успеа да ја спушти предноста на 11 поени, но по тај-аутот на Куртинаитис, Литванија возврати со серија 0:11 или 4:14 до крајот на четвртината.
По исто сценарио се одвиваше последната четвртина, Литванците се одлепија на 20+, а во финишот Македонија намали на 11 разлика.
На крајот Литванија имаше 15 скоови повеќе (26-41) од нив 16 офанзивни, Македонија загуби 18, Литванците 15 топки, Литванија имаше 20 асистенции, наспрам 12 на Македонија која имаше повеќе украдени топки 13-10.
Најефикасен кај Македонија беше Кристијан Николов со 18 поени, Војдан Стојановски постигна 13.
Македонија за три дена ќе и гостува на Литванија, а во последните две рунди, во февруари, ќе гостува во Естонија и ќе ја пречека Полска.