Македонија
Ахмети: Утре е историски ден – го добиваме првиот премиер Албанец
Лидерот на ДУИ денеска на албански јазик се обрати до своите гласачи. Тој рече дека пред четири години рекол оти сите имаат свои сништа, за нивните деца, за себе, за државата, а дека Албанците, сонувале за слобода и еднаквост.– Слободата и еднаквоста не доаѓаат лесно, бараат многу пожртвуваност и посветеност, но и верба, верба дека целта ќе се постигне. Ме прашаа, дали навистина веруваш дека ќе се реализира, реков не само што верувам, туку и ќе се реализира. Верував и во Охридскиот рамковен договор, Како и во официјализирање на албанскиот јазик и албанското знаме. Верував, дека ќе станеме дел од НАТО и дека ќе отвориме преговори за членство во Европската Унија. Верувам и дека наскоро ќе станеме дел од Европската Унија, бидејќи Соединетите Европски држави се мојот идеал за кој што работам секојдневно, рече Ахмети во обраќањето.Според Ахмети, утрешниот ден е историски затоа што се избира, како што рече, „првиот премиер Албанец во Република Северна Македонија“.
– Овој ден е историски како за Албанците така и за Македонците, како и за сите, други бидејќи стануваме рамноправна држава и општество и ги надминуваме сите предрасуди. Заедно, ја преземаме одговорноста да ја водиме државата, не еден позади друг, туку рамо до рамо еден до друг, заедно, за Европска Македонија, – рече Ахмети.Тој им се заблагодари на гласачите на ДУИ што верувале во неговата партија и застанале зад нивниот сон. За Ахмети, ова не е крајот туку е само почеток оти има уште сништа за остварување. Тој побара од албанското гласачко тело да се обедини околу нештата што ги зближуваат.
– Она што ќе го направиме утре ќе го дефинира животот на генерациите по нас, – рече Ахмети. – Дали треба на нашите внуки и внуци да им оставиме Европска Македонија или проруска Македонија, демократска или диктаторска земја, мир или конфликт, напредок или статус кво?
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Илинден, Карпош, Кисела Вода и Гази Баба денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:20 – 14:20 часот, корисниците од дел од с. Марино, општина Илинден;
· од 09:00 – 15:00 часот, корисниците на ул. Козле, крак 2, општина Карпош;
· од 10:00 – 13:00 часот, корисниците од улиците: 1511 и 1512, (позади Автосервисот – Мечкаров), општина Кисела Вода;
· од 11:00 – 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Коце Металец, општина Гази Баба.
Македонија
Претпладне магла, во текот на денот сончево со мала облачност
Сончево со мала до умерена локална облачност. Во утринските и претпладневните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до -2, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала облачност и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
До крајот на седмицата времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Во утринските и ноќните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла.
Македонија
Делови од Центар и Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на булеварот Св.Климент Охридски (спроти Соборен Храм), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на потегот од крстосницата со Партизански Одреди до паркинг ЈАТ, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
Исто така денеска поради реконструкција на водоводна цевка Ф 300мм. на улица Бањалучка 10 со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улицата Бањалучка, Осло, Будимпештанска, Урош Ѓурович, Љубица Георгиева дел од улица Женевска и Васил Чакаларов. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на работните активности.

