Спорт
АТП листа: Ѓоковиќ има 600 поени повеќе од Алкараз, Ивановски е 329. во светот
Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ, не успеа да ја одбрани титулата на Австралија опен, но остана светски број 1. Србинот ја започна 409-та недела на врвот на АТП листата. Најдобриот македонски тенисер, Калин Ивановски, на најновата АТП листата „падна“ за три позиции и од оваа недела се наоѓа на 329. место во светот.
Иако загуби од Јанко Синер во полуфиналето на Австралија опен, каде ја одбрани титулата, Ѓоковиќ остана прв на листата поради поразот од Карлос Алкараз во четвртфиналето од Мелбурн.
Ѓоковиќ е на првата позиција со 9.855 бодови, 1.200 помалку од претходната листа. Тој сигурно ќе биде број 1 до 19 февруари.
Втор е Алкараз со 9.255 поени, кој заостанува само 600 поени зад Ѓоковиќ, зад нив се финалистот од Мелбурн, Данил Медведед и шампионот на првиот Грен слем сезонава Јаник Синер.
Најголем пад во Топ 10 забележа Стефанос Циципес. Гркот не успеа да ги одбрани поените од минатогодишното финале и се наоѓа на 10 место.
АТП листа, Топ 10:
1. Новак Ѓоковиќ 9.855 поени
2. Карлос Алкараз 9.255
3. Данил Медведев 8.765
4. Јаник Синер 8.310
5. Андреј Рубљов 5.050
6. Александар Зверев 5.030
7. Холгер Руне 3.685
8. Хуберт Хуркач 3.540
9. Тејлор Фриц 3,195
10. Стефанос Циципас 3.025.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Барселона се распрашува за Влаховиќ
Фудбалскиот клуб Барселона е заинтересиран за напаѓачот на Јувентус и српската репрезентацја Душан Влаховиќ, објави шпанската „Марка“.
Според шпанскиот весник, Барселона наводно веќе го направила првиот чекор и го контактирала Влаховиќ, кој има договор со Јувентус до 30 јуни 2026 година.
„Ова е првиот контакт, бидејќи каталонскиот клуб сака да ја искористи ситуацијата што се појави на пазарот. Отворената војна минатото лето помеѓу Влаховиќ и Јувентус заврши без продолжување на договорот, но играчот се врати на теренот, бидејќи знаеше дека влегува во последната година од договорот. Целта е играчот да пристигне на крајот од сезоната без обештетување или да пристигне во зимскиот преоден рок под многу поволни услови“, објави „Марка“.
Исто така, се наведува дека Барселона веќе некое време бара замена за Роберт Левандовски, кој сè уште не го продолжил договорот со каталонскиот клуб. Полскиот напаѓач би можел да ја напушти Барселона на крајот од сезоната.
Влаховиќ се опоравува од повреда и би можел да се врати на теренот во март следната година. Српскиот фудбалер одигра 17 натпревари за Јувентус оваа сезона и постигна шест гола.
Пред Јувентус, тој играше за Фиорентина и Партизан.
Foto/ depositphotos
Спорт
Домен Превц победи во Оберсдорф
Словенечкиот скијач Домен Превц го освои првото натпреварување од турнејата „Четири скокалници“ во Оберсдорф.
Никогаш во историјата не се случило Словенец да победи на скокалницата во Оберсдорф, Германија, но Домен Превц покажа се маоѓа во фантастична форма. Превц ја забележа шестата победа од почетокот на сезоната.
Исто така, интересен е фактот дека 40 отсто од победниците на турнејата „Четири скокалници“, славеле во Оберсдорф.
Домен Превц скокаше феноменално во квалификациите претходниот ден и победи, а потоа во првата серија, вечерва скокна 141,5 метри и за доби 162,2 поени.
Во втората серија, како и во првата, скокна последен и стигна до линијата од 140 метри и убедливо победи со 316,6 поени.
Заедно со него, на подиумот се најде ште еден Словенец, одличниот Тими Зајц, кој второт место го подели со Даниел Шофенинг од Австрија. Тие двајца освоија по 299,2 поени.
Следното натпреварување во рамките на Четирите скокалници е закажано за 1 јануари во Гармиш-Партенкирхен.
Domen Prevc odlatuje rywalom i wygrywa w Oberstdorfie! Najlepszy z Polaków, Kacper Tomasiak na 15. miejscu #Oberstdorf #4hills #skijumpingfamily pic.twitter.com/GD92UFQxmj
— Skijumping.pl (@Skijumpingpl) December 29, 2025
Foto/ freerangestock
Спорт
Вест Хем ќе го отпушти Еспирито Санто?
Нуно Еспирито Санто пристигна во Вест Хем со задача да го подигне клубот по лошиот почеток на сезоната, но не работата не му оди според планираното.
„Чеканите“ се во зоната за испаѓање, а од доаѓањето на Португалецот, тие имаат забележано само два триумфа во 13 натпревари.
Затоа Вест Хем размислува да се раздели со Санто, според „Ток Спорт“. Засега не е наведено кој би можел да го замени.
Поранешниот менаџер на Нотингем Форест го наследи Греам Потер, но шок терапијата не успеа.
Вест Хем се наоѓа на 18-то место во Премиер игата со скромни 13 поени.
Foto/ depositphotos

