Македонија
(Видео) Ковачки: ДУИ и Талат владеат, СДС е малцински партнер во сопствената влада со само пет министри
СДС е малцински партнер во сопствената Влада со само 5 министри, а ДУИ и Талат владеат, вели Драган Ковачки, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
Ковачевски, додава тој, ја продаде СДС, за ден повеќе власт ѝ слугува на ДУИ.
„Ковачевски си ги понижи сопствените пратеници, кои мораа да го гласаат командант Форина за премиер. Талат Џафери немаше да биде премиер без гласовите од СДС. За да владее ден повеќе, Ковачевски ја предаде Владата на дезертерот Џафери.
Една година Ковачевски даде сè што можеше да се даде, од милионски тендери на партискиот донатор на ДУИ, „Еуровија“, преку одмолчување за купувањето на „Соравија“ до преземањето на хотели на Попова Шапка.
Од вчера Ковачевски ја предаде и онаа малку моќ на политичко одлучување што го имаше. СДС повеќе за ништо не се прашува. Главни се криминалците од ДУИ“, оценува Ковачки.
Според него, дури и онаму каде што СДС има министри, како во Министерството за транспорт и врски, не одлучуваат тие, туку ДУИ и Артан Груби, кој се самоназначи за координатор за изградба на коридорите.
Ковачевски, како што вели, свесно се понижи и себе, но и партијата, но, пред сè, државата.
„СДС ја уништува Македонија, немаме веќе држава.
Ковачевски е човекот што ќе треба да го стави клучот на вратата во СДС вечерта на 8 мај“, потенцира Ковачки.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја делови од Илинден и Кисела Вода
ЕВН извести дека денес без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.25 до 15.30 часот, корисниците од улиците број 10, 513, 517, 529 и 532, како и објектите на фабриката Хавеп и Агрома во село Марино. ( општина Илинден )
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, дел од корисниците од ул. Томе Арсовски и ул.474.( општина Кисела Вода )
Македонија
Променливо облачно со дожд и снег на планините, од утре стабилизирање на времето
Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, особено претпладне во источните делови од земјата. На планините и на повисоките места врнежите ќе бидат од снег, а попладне врнежите насекаде ќе престанат. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Минималните температури ќе се движат од 2 до 6 степени, додека максималните дневни ќе бидат во интервал од 3 до 9 степени.
Во Скопје се очекува облачно време со повремени врнежи од дожд во претпладневните часови и слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 3 степени, а максималната ќе достигне до 6 степени.
Од петок следува стабилизирање на временската состојба. За време на викендот, а особено во првите денови од следната седмица, утрата ќе бидат ведри и студени, со утрински температури кои насекаде ќе бидат под нулата.
Македонија
Апелација ја зголеми затворската казна за двајцата директори поради пожарот во модуларната болница во Тетово
Апелационен суд Гостивар ја преиначи пресудата за случајот со модуларната болница во Тетово и на двајцата обвинети им ја зголеми затворската казна од една и пол на по три години. Истовремено е зголемена и паричната казна што треба да ја плати обвинетото правно лице – ЈЗУ Клиничка болница Тетово.
Осудените директори Фљорин Бесими и Артан Етеми се огласени за виновни за кривично дело „Тешки дела против општата сигурност“. Судот оцени дека изречените санкции соодветствуваат на тежината на делото и последиците.
Во пожарот во Модуларната болница во 2021 година загинаа 14 лица, од кои 12 пациенти кои се лекувале од Ковид-19, и двајца роднини на хоспитализираните.

