Европа
Медведев испрати порака до јапонските власти: „Самураи, извршете харакири“
Поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев предложи јапонските власти да извршат самоубиство доколку не го поддржат неговиот став за спорните Курилски Острови. „Оние самураи, кои се чувствуваат особено тажно, може да ги завршат своите животи на традиционален јапонски начин, со харакири. Ако се осмелат, се разбира“, напиша тој на „Икс“.
Пораката од поранешниот руски претседател дојде кога јапонскиот премиер Фумио Кишида одржа говор во парламентот на неговата земја за потпишување мировен договор со Русија за официјално завршување на Втората светска војна.
Спорот за Курилските Острови е една од главните причини зошто Русија и Јапонија никогаш не потпишале таков договор, пишува „Њузвик“. Островите, кои Јапонија ги нарекува северни територии, се наоѓаат во Тихиот Океан помеѓу рускиот полуостров Камчатка и јапонскиот остров Хокаидо.
Војниците на Советскиот Сојуз ги окупираа четирите острови на крајот на Втората светска војна, но земјата оттогаш ја презедоа Русија и Јапонија. Според Кишида, Токио е целосно посветен на преговорите за мировен договор со Москва, но Медведев го отфрли предлогот доколку Јапонија не ги прифати Курилските Острови како дел од Русија.
Japan’s Prime Minister Kishinda has once again spoken in favour of a peace treaty with Russia. Surely, on condition of discussing the Kurils and maintaining the sanctions.
Well, nobody’s against the peace treaty on the understanding that:
1. The “territorial question” is closed… pic.twitter.com/nC52MzyEU9— Dmitry Medvedev (@MedvedevRussiaE) January 30, 2024
„Јапонскиот премиер Кишида повторно зборуваше за мировен договор со Русија. Се разбира, под услов да се разговара за Курилите и да се задржат санкциите“, рече Медведев.
Поранешниот руски лидер, кој е близок соработник на актуелниот претседател Владимир Путин и е заменик-претседател на рускиот Совет за безбедност, ги истакна своите услови за договор со Јапонија.
Медведев претстави три услови
„1. Територијалното прашање е затворено еднаш засекогаш во согласност со Уставот на Русија.
2. Курилските Острови активно ќе се развиваат, а нивната стратешка улога паралелно ќе расте, вклучително и стационирање ново оружје таму“, напиша тој.
Потоа, како трет услов изјави дека нема преговори за Курилските Острови.
„Не ни е грижа за чувствата на Јапонците во однос на таканаречените северни територии. Тоа не се спорни територии, туку Русија“, посочи тој. Потоа им предложил на јапонските службеници да направат харакири.
Тој ја заврши својата објава истакнувајќи го силното партнерство на Јапонија со Соединетите Американски Држави и покрај тоа што Американците детонираа две атомски бомби над јапонските градови Хирошима и Нагасаки во 1945 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Руски дронови погодија станбена зграда во Харков: има повредени, избувна пожар
Руски беспилотни летала погодија станбена зграда во Харков, вториот по големина град во Украина. Во нападот избувна пожар, неколку лица беа повредени, а властите евакуираа дел од населението, објави Ројтерс.
Беспилотни летала погодија две централни градски области – Слобидски и Основјански – по полноќ.
Регионалниот гувернер Олех Сињехубов изјави дека во нападот биле употребени 11 беспилотни летала и дека седум лица се повредени. Градоначалникот на Харков, Игор Терехов, изјави дека 22 жители биле евакуирани од еден дел од оштетената зграда.
Градоначалникот, исто така, рече дека друг дрон го погодил подрачјето пред медицинската установа, повредувајќи еден лекар и оштетувајќи ја зградата и околните возила.
Харков, кој се наоѓа на околу 30 километри од руската граница, успешно се спротивстави на заземањето во раните фази од руската инвазија во февруари 2022 година и останува честа цел на руските воздушни напади.
фото: принтскрин
Европа
Русија привремено ги прекина летовите на аеродромот Краснодар
Руската служба за цивилно воздухопловство „Росавијација“ соопшти дека рано утрово привремено ги прекинува летовите на аеродромот Краснодар во јужна Русија за да се обезбеди безбедноста на летовите.
Неофицијалните руски и украински канали на Телеграм објавија серија експлозии низ регионот Краснодар, каде што се наоѓаат нафтениот терминал Новоросијск и рафинеријата Илски.
Ројтерс не можеше независно да ги потврди неофицијалните извештаи за експлозиите.
фото: принтскрин
Европа
(Видео) Бурата Клаудија ја пустоши Европа, неколку земји најтешко погодени: маж загина додека спасуваше сосед
Најмалку три лица загинаа, а неколку се водат за исчезнати откога бурата Клаудија погоди делови од Европа. Во Франција десетици пожарникари бараат човек што беше однесен од ненадејни поплави. Во Италија екстремни временски услови го погодија централниот и северниот дел од земјата, а властите прогласија вонредна состојба и ги затворија училиштата.
Застрашувачките сцени се снимени во департманот Ардеш во Франција. Алармиран од зголемувањето на нивото на реката пензионер слегол долу за да го премести својот автомобил. Сепак, возилото било однесено од ненадејните поплави, а сопственикот исто така паднал во водата. Веднаш била почната голема операција, во која учествувале 60 пожарникари, дрон и десет нуркачи. Сепак, телото на жртвата не е пронајдено, а спасувачите веруваат дека шансите тој сè уште да е жив се исклучително мали.
Un septuagénaire a été emporté par une rivière en crue en Ardèche alors placé en vigilance orange pluie inondation. Seule la carcasse de sa voiture a été retrouvée. Plus de 110 sapeurs-pompiers et gendarmes sont mobilisés pour le retrouver.
🎥 @AlexMuffon 🎙️@TPallordet pic.twitter.com/IcZ4ykNrfj
— M6 Info (@m6info) November 17, 2025
Проблеми се појавија и во департманот Дром, каде што огромен бран кал го зафати градот со 2.000 жители. Во тоа место за два дена паднала двомесечна количина дожд.
Во регионот Фриули во Италија еден рид се урна и уништи три згради. Тони земја проголтаа 83-годишна жена и 32-годишен маж. Сведоците рекоа дека мажот починал додека се обидувал да ја спаси.
17.11.2025#Italy
A state of emergency has been declared in the Friuli-Venezia Giulia region due to flooding and landslides.A landslide washed away three houses in Brazzano di Cormons. 150 mm of rain fell. Homes and infrastructure were flooded.There are fatalities.@vigilidelfuoco pic.twitter.com/AdMH2C0lse— Climate Review (@ClimateRe50366) November 17, 2025
Во целиот регион неколку градови беа поплавени од надојдените реки. Повеќе од 300 луѓе беа евакуирани со чамци или спасени со хеликоптери од покривите каде што се засолниле.
фотo: принтскрин

