Соопштенија
Познатата холивудска актерка Денис Ричардс пие чај Good Nature во популарното реално шоу „Вистинските домаќинки од Беверли Хилс“

Холивудската дива и поранешна Бонд-девојка Дениз Ричардс ужива во шолја чај Good Nature!
Во најновата сезона на „The Real Housewives of Beverly Hills“ или „Вистинските домаќинки од Беверли Хилс“, едно од најгледаните американски шоуа од овој карактер, Дениз Ричардс, во друштво на остатокот од екипата, ужива во шолја чај Good Nature. Во десеттата епизода од актуелната 13-та сезона, една од ријалити-ѕвездите, Кристал Кунг Минкоф, на тако-забавата која ја организира за своето друштво од Беверли Хилс го послужува токму чајот Good Nature како свој избор на пијалак.
Само споменатата епизода постигна гледаност од над 1.100.000 гледачи, што за нашиот бренд значи постигнување огромна видливост и е уште една потврда дека квалитетот е секогаш препознаен – дома и во светот!
„Алкалоид“ како производител на чаеви е присутен на американскиот пазар речиси 20 години, најпрвин преку соработката со AVEDA, членка на групацијата Estee Lauder, а потоа и со пласман на своето портфолио Good Nature во 2010 година.
Четири години подоцна, како следен чекор во ширењето на брендот Good Nature, чаевите на „Алкалоид“ стануваат достапни за продажба и преку најголемата платформа за онлајн-трговија „Амазон“, исполнувајќи ги високите критериуми што ги налага светски познатиот гигант при изборот на производи кои можат да се продаваат преку платформата. Во 2020 година Good Nature остварува уште еден успех добивајќи признание за еден од своите производи, чајот Good Nature Healthy Heart, кој се најде на престижната листа на Amazon’s choice како еден од најдобро продаваните производи на „Амазон“.
ПР текст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Соопштенија
ДОМ инсистира на итни мерки што ќе обезбедат интегритет и транспарентност на сите функционери

Демократската обнова на Македонија (ДОМ) ги осудува последните случувања околу оставката на претседателката на Државната комисија за спречување на корупција, Татјана Димитровска. Обвинението за оддавање службена тајна и компјутерски фалсификат во случајот „Адитив“ открива длабока инфилтрација на коруптивни практики во самите врвови на институциите кои треба да бидат првиот бедем во одбраната на правната држава. Оваа скандалозна афера не само што го подрива кредибилитетот на ДКСК, туку ја потврдува потребата за итна и безкомпромисна промена на системот на контрола и отчетност.
Времето кога нашата држава требаше да го прифати мотото „Нула корупција“ беше пред 34 години, со прогласувањето на независноста. Наместо тоа, сведочиме дека децении подоцна продолжуваме да доцниме, додека младите масовно си заминуваат поради отсуството на доверба во правната држава. Ова не е прашање на партиска припадност, туку на основни човечки вредности и на историската одговорност на државата кон граѓаните.
ДОМ инсистира на итно донесување мерки што ќе обезбедат интегритет и транспарентност на сите избрани и назначени функционери: детално и доследно верификување на анкетните листи за имотна состојба, јавно објавување на судирите на интереси, автоматско суспендирање при поднесено основано обвинение и воведување независен антикорупциски инспекторат со реални санкции.
Зелената партија ДОМ го повикува Собранието да ги усвои клучните законски измени за борба против корупцијата, како и итно да формира независно специјализирано тело за проверка на интегритетот на јавните службеници и функционери. Без овие промени, сите останати декларации против корупцијата ќе останат само празна реторика.
ДОМ останува цврсто на ставот дека корупцијата не смее да се релативизира, ниту да се премолчува. Ги повикуваме сите граѓани и граѓанки, здруженија и политички партии кои веруваат во правдата и еднаквоста пред законите, да застанеме заедно, едни до други, во одбраната на правната држава и владеењето на правото. Пред да го загубиме последниот остаток на институционален кредибилитет. Пред иднината на младите засекогаш да ја побараат на некоја нова, надвор од државата, адреса.
Соопштенија
(Видео) Шукова: Во работата ќе ме водат двете сили кои во 1963 го издигнаа Скопје од урнатините – љубовта кон градот и заедништвото

Потпретседателката на СДСМ и кандидатка за градоначалничка на Скопје, Каја Шукова, денеска испрати емотивна порака до скопјани, по повод 62-годишнината од катастрофалниот земјотрес што го погоди градот во 1963 година.
Шукова потсети на солидарноста и заедништвото со кои Скопје беше изградено одново и порача дека токму тие вредности мора повторно да го поведат градот напред.
„Скопје беше повторно изградено со срце, со волја и пред сѐ со солидарност. И токму заедништвото и искрената љубов кон градот се двете сили кои единствено можат да го водат овој град напред. Денес, ни се потребни повеќе од било кога“, рече Шукова.
Кандидатката за градоначалничка остро се осврна на изминатите четири години од актуелното локално раководство, обвинувајќи го за неспособност и занемарување на интересите на граѓаните.
„Скопје изминатите четири години беше силно погодено од неспособност, лични интереси и негрижа. Духот на Скопје се рушеше и обезличуваше секој ден, оставајќи ги скопјани немоќни пред партиските интереси“, рече Шукова.
Таа истакна дека како иден градоначалник ќе работи со чесност и одговорност, посветена на граѓаните.
„Никогаш како градоначалничка нема да дозволам личните, партиските и било кои други интереси да го уништат градот. Ветувам дека во работата ќе ме водат двете сили кои во 1963 го издигнаа Скопје под рушевините – силата на љубовта кон градот и силата на заедништвото со секој од вас“, порача таа.
Шукова заклучи дека Скопје заслужува повеќе и повика на нов почеток.
„Градот што го преживеа најтешкото, заслужува повеќе. Ние сите заслужуваме повеќе бидејќи го сакаме овој град. Скопје може подобро и ќе биде подобро. Затоа што Скопје сме сите ние. Време е да му дадеме нова сила. Време е да ги земеме работите во свои раце“, вели Шукова.
Од СДСМ најавуваат кампања за која велат дека ќе понуди реални решенија за сите предизвици со кои се соочува Скопје и визија за град кој им припаѓа на своите граѓани.
Соопштенија
(Видео) Градоначалникот тепач од Крива Паланка глуми жртва,а се однесува како шериф во општината, вели Манасиевски

Градоначалникот тепач Сашко Митовски од Крива Паланка, пред јавноста глуми жртва, а во суштина се однесува шерифски во општината, вели Валентин Манасиевски, член на Централниот комитет на ВМРО – ДПМНЕ. Тој денес на прес-конеренција рече дека Митовски ја злоупотребил службената положба.
„Митовски нема извршено надзор и контрола и спротивно на Закон одобрение за градба потпишал како важечко, иако не требало, за СДС тоа е режим, а Митовски жртва во случајот. Митовски не е никаква жртва, туку локален шериф во Крива Паланка, кој ги тепа своите сограѓани заради тоа што има капка повеќе алкохол во него. Но, сепак, еве би ги прашале СДС, дали тепачот градоначалник Митовски е жртва и во друг случај, кога повторно, спротивно на Закон, се изготвило решение за поставување на урбана опрема, поднесена од правно лице-угостителски објект, или во превод кафуле, чиј сопственик и управител е токму неговиот брат, Милан Митовски“, рече Манасиевски.
Ваквоо однесување, според Манасиевски покажува до каде одат градоначалниците од СДС како Митовски, во општините со кои раководат, мислат дека општината им е нивен приватен бизнис, па си прават што сакаат и мислат дека нема да одговараат пред Законот, затоа што досега праксата покажала дека секој оној којшто е близок до СДС или пак член на истата политичка партија, не одговара и нема никакви судски последици за работите кои ги прават спротивно на Законите.
„Исто така, за овој случај, тепачот Митовски има добиено кривична пријава, и покрај него уште три други лица, кои веројатно по негова насока го одобриле барањето од правно лице – угостителски објект, за поставување на урбана опрема, кое е во сопственост да повториме, на неговиот брат Милан Митовски. Ова е уште една потврда дека Сашко Митовски не е никаква жртва, ниту под прогон на некаков си режим, туку само обичен локален шериф, кој својата власт ја користи за свои лични интереси. Митовски знае дека за многу брзо од денес, ќе ги загуби изборите, бидејќи на граѓаните на Крива Паланка им е доста од градоначалник кој ги тепа своите сограѓани“, рече Манасиевски.
Тој е уверен дека на граѓаните на Крива Паланка им е потребна промена, а ВМРО-ДПМНЕ преку свој кандидат ќе ја испорача промената.