Македонија
Трендафилов за предлог-законот „плата во плик“: Ме потсетува на едно телевизиско шоу во Америка кога ги бркаат работниците на каков начин сакаат
Во однос на предлог-законот „плата во плик“, претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, рече дека за жал, биле дел од работната група што изготвувала такво законско решение.
„Меѓутоа, законското решение што планираат да го протнат преку предлог на Владата до Собранието и легализацијата на плаќањето во плик и враќањето пред 2009 година во општеството во Македонија, односно работниците да ги направиме модерни робови, на кои ќе им плаќаме придонеси од 290 денари дневно да може на дневна основа да ги повикуваат како сакаат и кога сакаат работодавците и да ги отпуштаат кога сакаат и како сакаат, мене ме потсетува на едно телевизиско шоу во Америка кога ги бркаат работниците на каков начин сакаат“, вели Трендафилов.
Според него, недозволиво е во Македонија, во 21 век, во земја кандидат за членка на ЕУ, да враќаме и да формализираме неформална економија.
„Затоа што сакаме сè е што е незаконско во ова општество да го озакониме и на таков начин да кажеме дека повеќе немаме незаконски појави. Поразително е да предлагате закон со кој ќе го елиминирате Законот за работните односи. Патем, овие работници нема да имаат договор за вработување, нема да знаат за никаква своја иднина и егзистенција, нема да може да подигнат кредит и нема да имаат никаква гаранција. Ако законот се применува на таков начин, предлагачите нека пробаат први, па нека кажат како им е“, додаде Трендафилов.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Непречен сообраќај по претежно суви коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Од 22 часот вчера, патниот сообраќај на стариот регионален пат Р-1101 Прилеп – Битола е пуштен во двата правци. Претходно беше во прекиин поради сообраќајна несреќа, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
(Фото) Втора вечер на Новогодишниот базар во Чаир
Вчера се одржа втората вечер на Новогодишниот базар во Чаир, на Плоштад Скендербег, продолжувајќи ја празничната атмосфера што го одбележува овој настан. Плоштадот беше исполнет со бројни граѓани кои уживаа во декоративните светилки, празничните штандови и новогодишниот дух, велат од општина Чаир.

Вечерта започна со детска музичка програма, со песни и празнични настапи за најмладите, по што атмосферата продолжи со музика од DJ Едмир, создавајќи жив и пријатен амбиент за сите генерации.

Новогодишниот базар во Чаир продолжува и во наредните вечери, носејќи дополнителни содржини и празнична живост во пресрет на новата година.




Македонија
Стабилно и студено со ниски утрински температури
Утрото ведро и многу студено, преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -9 до -2, а максималната ќе достигне од 5 до 12 степени.
Во Скопје, сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -6, а максималната ќе достигне до 6 степени.
Времето во наредниот период
Во наредните денови времето ќе биде стабилно и студено со ниски утрински температури кои насекаде ќе бидат негативни и наместа ќе се спуштат до -10 степени. Преку денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец.

