Забава
Бен Афлек и Џенифер Лопез во друштво на Џенифер Гарнер и децата

Пејачката и актерка Џенифер Лопез и актерот Бен Афлек се венчаа во 2022 година по обновувањето на својата врска 17 години по раскинувањето на свршувачката.
Во меѓувреме, Бен беше во брак со колешката Џенифер Гарнер, со која има три деца, ќерките Виолет и Серафина и синот Семјуел. Од друга страна, Лопез беше во брак со пејачот Марк Ентони, со кој ги има близнаците Макс и Ема.
Афлек и Гарнер се разведоа во 2018 година по 13 години брак, а Лопез тогаш имаше свршеник. Меѓутоа, и таа набргу ја раскина свршувачката, а недолго потоа се појавија шпекулации дека таа и актерот се смириле.
View this post on Instagram
Тоа се покажа како точно, а малку подоцна се венчаа, првин тајно во Лас Вегас, а потоа им приредија интимна церемонија на своите најблиски. Сепак, Бен остана во добри односи со поранешната сопруга, а како што постојано нагласуваа, Лопез одлично се сложува со Гарнер.
Тие тројца неколкупати се фотографирани заедно како разговараат и учтиво се поздравуваат, а сега се фотографирани и по еден настан во Лос Анџелес.
Џенифер Гарнер пристигна на настанот со своите и со двете деца на Бен – Серафина и Семјуел, Афлек и Лопез дојдоа со нејзината ќерка Ема. Тие излегоа насмеани и расположени и уште еднаш докажаа дека сите може добро да соработуваат, пред сè, поради децата.
Како што објавија медиумите, Бен одлично се сложува со новиот избраник на поранешната сопруга – Џон Милер.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Мајли Сајрус: Со години правеа мемиња од мене, кога облекувам костим за капење се сеќавам на тоа

Мајли Сајрус откри дека Интернетот одамна ја принудил да не оди на плажа во бикини. Во новото интервју пејачката зборуваше за тоа како со години ја следат мемиња кои го исмеваат нејзиниот изглед и дека тие слики сè уште и се појавуваат во главата секогаш кога ќе се погледне во огледалото во бањата.
„Во 2013 година луѓето ме ставаа во мемиња каде што ми ја лепеа главата на секакви грди тела“, се присетува Мајли. „И денес кога ќе го облечам костимот за капење се сеќавам на тие слики“. Затоа, вели, избегнува бикини. „Носам многу пристојни костими. Девојките со кои бев на патувањето сите имаа танга, а јас бев во шорцеви и широка маица. Буквално изгледав како баба”.
Сајрус призна дека никогаш целосно не ги преболела своите несигурности поради начинот на кој јавно ја исмевале. „Сè уште ме прогонуваат тие стари мемиња. Тие сè уште се во мене“.
Забава
Џеф Безос и Лорен Санчез вечераа во познат ресторан на Хвар: „Не можеме да ви кажеме што јаделе“

Џеф Безос и Лорен Санчез го посетија ресторанот „Код барба Луке“, кој се наоѓа во Стари Град на островот Хвар.
„Гостите беа задоволни од вечерата и воодушевени од Стари Град. Не можеме да ви кажеме што јаделе. Всушност, тие се многу фини луѓе“, изјави сопственичката на ресторанот, Катарина Роиќ-Скелин, за хрватски „Вечерњи лист“.
Таа додаде дека персоналот на ресторанот им служел на Безос и на другите гости со еднаква посветеност.
Забава
(Видео) Американскиот актер Ерик Дејн низ солзи: „Не мислам дека ова е крајот на мојата приказна, мојот крај“

Американскиот актер Ерик Дејн, познат по улогата на Марк Слоун во серијата „Вовед во анатомија“ (Grey’s Anatomy), во април оваа година откри дека страда од амиотрофична латерална склероза (АЛС).
„Дијагностицирана ми е АЛС. Благодарен сум што го имам моето прекрасно семејство покрај мене додека го започнуваме ова ново поглавје во нашите животи. Љубезно ве молам да ни дозволите мене и на моето семејство приватност“, изјави тој за списанието „Пипл“ во тоа време.
АЛС е невролошко заболување кое води до постепено губење на мускулната контрола и во моментов нема лек.
Прво интервју по дијагнозата
Два месеци откако ја објави дијагнозата за АЛС, Ерик Дејн се појави во емисијата „Добро утро, Америка“. Досега е објавен само преглед од интервјуто. Целосното интервју ќе биде објавено на 16 јуни. Седејќи со Дајан Соер, тој зборуваше за својата борба со болеста.
„Секој ден се будам и веднаш си потсетувам дека ова се случува. Не е сон“, рече Ерик.
И покрај дијагнозата, актерот вели дека сака да остане позитивен. „Не мислам дека ова е крајот на мојата приказна. Не чувствувам дека ова е крајот со мене“, рече тој.
Тој стана многу емотивен и се расплака кога Дајан го праша кого прв повикал за да му каже за неговата болест. Одговорот на Ерик на ова не беше прикажан.
Ерик откри дека продолжува да ја снима третата сезона на „Еуфорија“ и покрај борбата со АЛС. Дејн го игра Кал Џејкобс во серијата на ХБО.