Македонија
Левица: Тошковски уште првиот ден отиде на „баци рака“ кај грчката амбасадорка
ДПМНЕ се заложува за спроведување на „Преспанскиот договор“ уште во првиот ден од техничката Влада, оценуваат од Левица.
Ова, според нив директно и недвосмислено го прави преку техничкиот министер за внатрешни работи, кој на грчката амбасадорка Филипиду отиде да и соопшти дека ќе продолжи со воведувањето на дивоградбата „Северна“ во патните исправи на македонските граѓани, велат од Левица.
„Министерот на ДПМНЕ – Тошковски уште првиот ден отиде на „баци рака“ кај грчката амбасадорка и буквално да се извинува за неуспехот да се добави „Северна“ во македонските патни исправи и моли за продолжување на рокот за спроведување. Партијата која наводно беше против „преспанскиот договор, а подоцна најавуваше негова ревизија уште во техничката влада ДПМНЕ започна спроведување на Преспанскиот договор.
Како и секогаш досега во историјата на независна Македонија, ВМРО-ДПМНЕ целосно потфрла во политиките кои го заштитуваат националниот и државен интерес, дозволува СДСМ и ДУИ да ја направат штетата на државата, а подоцна глумејќи жртва и амнестирајки се себеси од одговорност пред народот, ги спроведува штетните договори. Македонија не заборава дека со помош на осумте пратеници на ДПМНЕ беше извршена промената на Уставното име, како што сега гледаме спроведување на „Северна“ од истата партија“, се посочува во реакцијата од оваа партија.
Имајќи го во предвид сето ова, ваков однос од страна на ДПМНЕ, Левица како што истакнуваат очекува и по однос на договорот со Бугарија и т.н. „француски предлог“ за внесување на Бугарите во Уставот.
„Затоа Левица го повикува македонскиот народ мудро да донесе одлука за кого ќе даде поддршка на наредните парламентарни избори и и овозможи на Левица да ги блокира антимакедонските политики на широката бизнис коалиција на СДС, ДПМНЕ и ДУИ“, се нагласува во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Утре променливо облачно и релативно топло
Времето утре ќе биде променливо облачно и релативно топло.
Претпладне ќе има слаб локален дожд, а по одделни котлини ќе има појава на магла. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови ќе има врнежи од дожд. На повисоките планини во северозападните делови врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови наместа повремено засилен ветер од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 5, а максималната ќе достигне од 11 до 18 степени.
Во Скопје, времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Во наредните денови следува период на променливо време. Во недела претпладне ќе има локални врнежи од дожд, а на планините во северозападните делови од снег. Врнежи од дожд ќе има и во понеделник кои ќе бидат поинтензивни во југоисточните делови, а на планините ќе бидат од снег. Поради продор на постуден воздух врнежите од дожд ќе преминуваат во снег и на некои од повисоките места. Потоа во следните два дена ќе се задржи претежно стабилно време, а нови врнежи повторно се очекуваат од четврток.
Македонија
Трипуновски: Работиме на стабилен откуп и цена на суровото млеко
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски оствари средба со претставниците на поголемите млекарници во државата, на која се разговараше за стабилен откуп и цена на суровото млеко, покрај тоа што европскиот пазар и регионот се соочуваат со вишок на млеко.
На средбата се договори дека откупната цена на суровото млекото ќе биде стабилна, како и дека нема да има неоткупено млеко од страна на млекарниците.
Ќе се засилат контролите на пазарот со фокус на безбедноста и квалитетот на млекото и млечните производи, како и на добиточната храна.
Министерството останува посветено на унапредување на млекопроизводниот сектор и обезбедување на одржливи услови за фармерите и млекарниците, велат од таму.
Македонија
ЗНАМ до СДСМ: Димитриевски нема „златни визи“, не е вмешан во скандали и не оди на журки во Дубаи
Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија обвини дека СДСМ со нападите врз Максим Димитриевски и партијата се обидува да ја дефокусира јавноста од сопствената политичка и економска катастрофа. Во соопштението, ЗНАМ ги нарекува обвинувањата на СДСМ „политичка манипулација и замајување“, оценувајќи ги како „неосновани, тенденциозни и без докази“.
Од партијата велат дека Димитриевски има лична и професионална кариера надвор од политиката и дека не бил поврзан со корупциски скандали.
„За разлика од двоецот Заев-Филипче кој ги троши народните пари по луксузни јахти низ светот, тој не поседува ‘златни визи’ и не оди на журки во Дубаи“, се наведува во соопштението.
Според ЗНАМ, сите јавни набавки и финансиски постапки се спроведуваат законски и под надзор, а партијата останува доследна на принципите на отчетност и јавна одговорност. „Политиката за нас не е приватен бизнис, туку јавна одговорност во интерес на граѓаните“, велат од движењето.

