Македонија
Меџити: Создадовме систем за користење светски искуства во лекување карцином
Министерот за здравство Фатмир Меџити денеска оствари средба со деканот на Медицинскиот факултет професор, Светозар Антовиќ, и професорката Весна Велиќ-Стефановска, раководителка на Институтот за епидемиологија, по повод првото воспоставување на националната електронска платформа за објавување научни епидемиолошки студии за состојбата со малигни заболувања во земјавт.
„Првпат воспоставуваме национална електронска платформа за објавување научни епидемиолошки студии за рак на простата, рак на матката, рак на дебелотпо црево, на дојката и на црниот дроб. При креирањето на методологијата за работа искористени се искуствата на земјите членки на ЕУ и Соединетите Американски Држави. Во нив е прикажана просечната годишна процентуална промена на секое од петте малигни заболувања за периодот од 2014 до 2022 година, и тоа по пол, возраст и општини“, вели Меџити.
Сите истражувања ќе бидат поставени на електронска платформа отворена за сите профили на здравствени работници, како и студенти, магистранди и докторанди на факултетите за медицина, стоматологија и фармација. Платформата ќе биде отворена и за здруженијата на пациенти со малигни заболувања и сите други заинтересирани лица и институции.
Остварувањето на оваа иницијатива е од национален интерес и ќе овозможи поврзување со сите релевантни светски бази на податоци, истакнуваат од Министерството.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) Филипче за Божиќ: Имплементиравме политики што им донесоа подобар живот на граѓаните
Претседателот на опозициската СДСМ, Венко Филипче, по повод големиот христијански празник Божиќ упати порака за мир, заедништво и градење праведно, толерантно и слободно општество, во кое младите ќе ја гледаат својата иднина.
„Го честитам најрадосниот празник во христијанството со традиционалната честитка – мир Божји, Христос се роди“, порача Филипче, заблагодарувајќи им се на присутните и упатувајќи желби за мирни и весели празници до сите верници кои го празнуваат Божиќ.
Тој истакна дека Божиќ е традиционален повод за собирање на семејството и најблиските, како и за покажување почит и грижа, нагласувајќи дека мирот е особено важен во турбулентни времиња.
„Мирот во овие турбулентни времиња ни е и тоа како потребен за да можеме да продолжиме општеството да го градиме – да биде праведно, да биде толерантно, да биде слободно“, рече Филипче.
Осврнувајќи се на политиките што СДСМ ги спроведувала во минатото, тој нагласи дека тие биле насочени кон подобар, побезбеден и побогат живот за граѓаните.
„Ние во минатото имплементиравме политики коишто граѓаните вистински можеа да ги осетат да живеат подобро, побезбедно, побогато. Младите тука да ја гледаат иднината. Имплементиравме политики коишто доликуваа на развиени општества, општество во кој никој нема да се чувствува помалку вреден, без разлика дали станува збор за етничка, дали станува збор за национална, верска, некаква културна, родова, полова или сексуална ориентација. Посакувам да сите заедно градиме општество во коешто никој нема да биде дискриминиран“, порача Филипче.
Македонија
Стоилковиќ со божиќна честитка: Празникот да биде поттик за духовна смиреност и заемна почит
По повод големиот христијански празник Божиќ, потпретседателот на Владата и министер за односи меѓу заедниците, Иван Стоилковиќ, упати честитка до сите верници од христијанска вероисповед, нагласувајќи дека празникот ја носи пораката на љубов, надеж и човекољубие.
Во честитката, Стоилковиќ истакна дека Божиќ е поттик за духовна смиреност, заемна почит и зајакнување на општествената кохезија, посочувајќи дека празничните денови треба да придонесат за продлабочување на семејните и општествените вредности.
Тој нагласи дека негувањето на солидарноста и унапредувањето на меѓусебното разбирање се особено важни за напредокот и заедничкото добро, додавајќи дека преку соработка и одговорност може да се придонесе за стабилност и благосостојба во општеството.
„На сите верници им посакувам добро здравје, мир и достоинствено празнување на Божиќ“, порача Стоилковиќ, упатувајќи ја традиционалната божиќна честитка „Христос се роди! Вистина се роди!“.
Македонија
МВР ќе утврдува зошто новите службени возила биле осветувани со верски обред
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи презема мерки и активности за целосно утврдување на околностите поврзани со фотографиите на кои се гледа верски обред врз службени полициски возила во кругот на Министерството.
Од МВР соопштија дека по завршување на постапката, јавноста ќе биде соодветно информирана за утврдените факти.

Свештеник ги осветува новите полициски возила. Фото: фејсбук
Фотографиите, кои деновиве се појавија на социјалните мрежи, предизвикаа реакции. На нив се забележува свештеник како врши осветување на службени возила, во присуство на полициски службеници.
Станува збор за дел од новите 120 службени возила на МВР, промовирани на крајот на минатиот месец.

