Македонија
Андоновски од протестот на синдикатите: Реформата на јавната администрација да се води инклузивно
„Никој не е против реформи во јавната администрација. Напротив, проблемот е во тоа што тие се прават без вклученост на сите оние шржто се засегнати од овој процес на законски измени“, истакна Стефан Андоновски, дополнителен заменик-министер на Министерство за информатичко општество и администрација, од денешниот протест организиран од страна на УПОЗ пред Собранието на Република Макединија.

„Без да се повика на јавна дебата стручната јавност, синдикатите и сите други засегнати страни да дадат свое мислење за законот, тој се пушта во собраниска процедура по скратена постапка со европско знаменце. Овој закон, како што веќе и кажавме, е спротивен на СИГМА-препораките и му овозможува на функционерот, односно министерот, сам да одлучува за додатоци на платите и унапредувањата на вработените во јавната администрација“, рече Андоновски.
Тој посочи дека како дополнителен заменик-министер на МИОА во целост ги поддржува протестите на синдикатите заедно со пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието и повикува на отворање на процесот за сите засегнати страни.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на ГП „Богородица“
Сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ кон Грција (ГП „Евзони“) од 15:00 часот е нормализиран во двата правци, информира АМСМ.
Сообраќајот беше во прекин од 11:00 часот поради штрајк на земјоделците.
На ГП „Дојран“ има задржувања за влез во државата.
Македонија
Утре сончево време со температура до 15 степени
Утре во утринските часови ќе има појава на магла по котлините. Во текот на денот ќе биде претежно сончево и тивко, освен во југоисточните делови каде ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, информира УХМР.
Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 5, а максималната ќе достигне од 9 до 15 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на слаба магла. Во текот на денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 11 степени.
До крајот на неделата нашата држава ќе биде под влијание на висок воздушен притисок кој ќе услови стабилно и релативно топло време. По одделни котлини во претпладневните и ноќните часови ќе има појава на магла.
Македонија
(Фото) Колони возила чекаат влез во Македонија преку „Дојран“, „Богородица“ е затворен
Колони возила чекаат на граничниот премин „Дојран“ за влез во земјава. Претходно од АМСМ информираа дека од 11:00 часот сообраќајот на ГП „Евзони“ (Богородица) е блокиран за влез и излез поради штрајк на земјоделците.
На ГП „Ники“ (Меџитлија) сообраќајот е блокиран само за товарни возила и автобуси, информира АМСМ.
Според најновата информација од АМСМ, сообраќајот на ГП „Богородица“ (ГП Евзони) од 15 часот е нормализиран во двата правци.

На ГП „Дојран“ сообраќајот се одвива непречено, но поради зголемен интензитет има задржувања за влез во државата.

„Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничниот премин Дојран, времето на чекање за излез од државата изнесува 30 минути. На граничниот премин Табановце, времето на чекање за излез од државата изнесува 40 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата“, информира АМСМ.

