Спорт
Животната драма на некогаш најплатениот фудбалер во светот
Поранешниот аргентински репрезентативец Езекиел Лавеци (38) во последните два месеци ги минува најтешките моменти во животот. Неодамна по неколку хоспитализации заврши на психијатрија. Беше избоден со нож во декември, а неколку недели по закрепнувањето се предозира.
„Марка“, пишува дека лекарите му дијагностицирале хипоманија, хронично нарушување на расположението.
„Тој не се лекува од злоупотреба на дрога или алкохол, туку од психијатриско пореметување кое може да предизвика некој да се само повреди и кое може да биде поттикнато од различни фактори“, изјави адвокатот на Лавеци, објаснувајќи дека хипоманична епизода може да трае од еден до четири дена.
Хипоманијата е дел од биполарното растројство, а позната е и како манична депресија.
Лавеци беше најплатениот фудбалер во светот. Над 20 милиони евра заработи во Хебеи, Кина.
Во својата кариера играше за Естудијантес, Сан Лоренцо, Наполи и ПСЖ, а за Аргентина забележа 51 настап и го освои сребрениот медал на Светското првенство во Бразил 2014 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Црвена звезда го растури Штутгарт, Џирона со Миовски падна во Грац
Црвена звезда и Штурм Грац ги забележаа првите победу оваа сезона во Лигата на шампионите. Џирона со Бојан Миовски доживеа (не)очекуван пораз во Штурм (1:0), а Црвена звезда го декласира Штутгарт во Белград (5:1).
На „Рајко Митиќ“ во Белград 40.000 гледачи видоа рапсодија на црвено-белиот тим. Српскиот првак го декласира германскиот вице-шампион со 5:1.
Не почна добро натпреварот за домашниот тим, Демировиќ му донесе предност на Штутгарт во петтата минута и тоа беше се од „швабите“ на овој натпревар.
Играчот на Штутгарт, на позајмица во Црвена звезда, Силас, во 12.минута по соло акција изедначи. Целосен пресврт домаќинот направи во 31.минута кога Круниќ го совлада Нибел.
Во вториот дел Црвена звезда ги затвори приодите кон својот гол и го уништи Штутгарт од контра напади. Постигнаа три гола, а можеа уште толку.
Иваниќ погоди за 3:1, а точка на мечот стави Радоњиќ со два гола.
Штурм во Грац ја забележа историската прва победа во ЛШ. Австрискиот првак ја победи Џирона со 1:0. Натпреварот го реши Бирет со голот во 59.минута. Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски го започна мечот на теренот беше до 67.минута.
Спорт
„Ел Пистолеро“ го продолжи договорот со Интер
Уругвајскиот центарфор Луис Суарез ја продолжи соработката со Интер Мајами до крајот на следната сезона, потврдија од клубот од Флорида.
Тоа значи дека 37-годишниот „Ел Пистолеро“ ќе остане уште една сезона со соиграчите од славниот период на Барселона: Лионел Меси, Серхио Бускетс и Жорди Алба.
Од следната сезона Интер ќе го тренира Хавиер Маскерано, уште еден играч на Барселона (2010 до 2018), кој до неодамна раководеше со младинскиот тим на Аргентина.
Суарез минатата сезона беше најдобар стрелец на тимот со 25 гола.
Сезоната во МЛС лигата ја одбележа доминацијата на Интер со 22 победи, четири нерешени и осум порази за рекордни 74 бода, но тие не се прославија во плеј-офот, каде во првото коло, во три натпревари беа елиминирани од Атланта јунајтед.
Спорт
Нова престижна награда за „златното момче“ на Барселона
Асот на Барселона и ѕвезда на шпанската репрезентација Ламин Јамал е добитник на наградата за најдобар млад фудбалер во светот, „Златно момче“. Најдобриот млад играч во изборот „Тутоспорт“ секоја година го избира новинарско жири од 50 експерти од најзначајните европски весници.
Од можни 500 поени во гласањето, Ламин Јамал освоил 488, објави „Тутоспорт“.
Ламин Јамал доби уште една индивидуална награда, претходно беше прогласен за најдобра млад игра на Европското првенство, а потоа истата награда ја доби и на церемонијата на доделувањето на „Златната топка“.
Петит пат откако се доделува наградата таа оди на Принејскиот полуостров. Претходни лауретаи беа Сеск Фабрегас (2006), Иско (2012), Педри (2021) и Гави (2022).