Македонија
Тренчевска: Она што за лицата со попреченост пред 2019 година не беше замисливо, денес е реалност
Дополнителната заменичка министерка за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска ги посети малите групни домови на „Порака – Неготино“ во Волково, Општина Ѓорче Петров. Процесот на живеење со поддршка (деинституционализација) започна со воведувањето на социјалната реформа во 2019 година. Со таа одлука лицата со попреченост ги напуштија големите и гломазни институции за да живеат во мали групни домови со што им се овозможи полесна интеграција во општеството.
Во текот 2023 година отворени се четири нови станбени единици за живеење соподдршка во Скопје во рамки на Јавната установа „Завод за рехабилитација на деца и млади“ – Скопје, во кои се сместени вкупно 20 лица со попреченост, за што се одобрени финансиски средства, вклучувајќи и средства за вработување на 10 негувателки кои ја обезбедуваат услугата живеење со поддршка за лица со попреченост. Со ова бројката на станбени задници се искачи на вкупно 57 во кој живеат 300 лица со попреченост.
„Она што за лицата со попреченост пред 2019 година не можеше да се замисли како начин на живот, денес е реалност. Корисниците кои живеат во малите групни домови раководени од „Порака – Неготино“ во партнерство со Министерството за труд и социјална политика одлично се движат по патот на општествена интеграција и независен живот. Дел од корисниците се вклучени на пазарот на трудот, дел од нив се грижат за останатите корисници кои имаат потреба од нега. Во склоп на малите групни домови се применува и окупациона терапија односно преку работни обврски за градината во домот и животните кои се дел од малата фарма на „Порака – Неготино“ корисниците работат на своите усовршување на грубата моторика“ рече Тренчевска.
При разговор со корисниците уште еднаш Тренчевска потврди дека корисниците на никаков начин не се исклучени од општеството.
„Сами одиме до центарот на градот со јавен превоз, имаме слободни возења. Нашиот негувател ни објасни како да стигнеме до центарот и кога имаме слободно време одиме и пиеме кафе таму“ рече еден од корисниците.
Општествената инклузија е една од предностите на живеењето на лицата со попреченост во малите групни домови. Воедно ваквиот начин на функционирање го олеснува и градењето на меѓучовечки односи на корисниците.
Лицата кои се дел од „Порака – Неготино“ беа вклучени и во снимање на документарен филм кој ги прикажува придобивките на деинституционализацијата и истиот беше премиерно емитуван во 2022 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Променливо облачно време со температура од 11 до 18 степени
Времето денеска е биде променливо облачно и релативно топло, велат од Управата за хидрометеорологија (УХМР). Претпладне ќе има слаб локален дожд, а по одделни котлини ќе има појава на слаба магла. Кон крајот на денот и во текот на ноќта, првин во западните делови ќе има врнежи од дожд.
На повисоките планини во северозападните делови врнежите ќе преминуваат во снег. Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови наместа повремено засилен ветер од западен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 11 до 18 степени.
Македонија
Независниот полициски синдикат утре организира протестен марш во Битола: За закани за тепање и убивање полицајци се оди во притвор
Независниот полициски синдикат (НСП) утре во Битола организира марш за еднакво спроведување на законите кон сите сторители на кривични дела, без селективен пристап по заканите за тепање и убивање полицајци. Маршот ќе почне во 11 часот со јавен собир пред Основното јавно обвинителство Битола од каде ќе се маршира кон хотел „Епинал“, а ќе заврши на плоштадот „Магнолија“.
„Како одговорен синдикат ќе организираме мирен марш со цел да се актуелизира и јавно да се побара доследно и еднакво спроведување на законите кон сите сторители на кривични дела, без исклучоци и без селективен пристап. Повод за маршот се последните јавни изјави и настани во Битола, во кој поединци се закануваа дека ќе тепаат и убиваат полицајци доколку се обидат да ги спроведат законите, кои повторно ја отворија темата за двојните аршини во постапувањето на институциите кога се работи за полицајци и останати граѓани и создадоа чувство на неправда. Целта на маршот не е насочена против ниту една етничка, социјална или друга заедница, туку е јасен апел и крик за потребата од владеење на правото, каде што законот ќе важи подеднакво за сите, без разлика дали се работи за полицајци, граѓани или институции“, најавија од НСП.
Барањата кои е се упатат од маршот се: еднаков третман пред законот за сите извршители на кривични дела, а не само на полицајците, крај на селективната правда и притвор за сторителите, бидејќи за ваков сличен настан пред само 2 години кој се случи во Прилеп, кога лице се закануваше на обвинителка веднаш беше побарано и определено притвор, барање за итна промена на Законот за прекршоци против јавниот ред и мир и враќање на поранешната глоба која изнесување 1000 евра за омаловажување на државни органи и полициски службеници, наместо сегашните 50, односно 150 евра.
Целта на мирниот марш од НСП велат дека е и враќање на достоинството на полицијата.
Независниот синдикат на полицијата поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Битола против две лица поради упатени сериозни закани по животот на полициски службеници. Двете лица јавно се извинија за заканите со објаснување дека се заканиле оти биле под стрес.
Македонија
Магла ја намали видливоста до 60 метри на патниот правец Гевгелија – граничен премин Богородица
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози соопшти Авото-Мото Сојузот на Македонија (АМСМ), Намалена видливост поради појава на магла до 60 метри има на патниот правец Гевгелија – граничен премин Богородица, на планинскиот премин Стража до 100 метри и кај Маврово до 100 м.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ потстува дека е на сила законската обврска за зимска опрема во возила и препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

