Спорт
Претседателот на Барселона наброја 15 клубови кои би играле во Супер лигата

Барселона и Реал Мадрид не се откажуваат од Суперлигата. Иако повеќето други европски гиганти се предомислија и повеќе не се заинтересирани за формирање на ново натпреварување, Шпанците тврдат дека има голем број на клубови кои би сакале да играат во Супер лигата.
„Ако Суперлигата не започне од следната сезона, ќе започне од 2025/26. Секој клуб би добил по 100 милиони евра, а тие пари не можат да се заработат ниту со освојување на Лигата на шампионите“, изјави претседателот на Барселона, Џоан Лапорта.
„Покрај Барса и Реал, би имало италијански клубови: Интер, Милан, Наполи и Рома. Исто така француски тимови како Марсеј и три португалски екипи, Спортинг, Бенфика и Порто, кои со задоволство би дошле. А има и холандски тимови. (Ајакс, Феенорд и ПСВ) и белгиски Клуб Бриж и Андерлехт“, истакнува Лапорта.
Првиот човек на Барселона верува дека Англичаните подоцна ќе влезат во Супер лигата.
„На првиот чекор ќе имаме европско натпреварување кое ќе се натпреварува со Премиер лигата. Мислам дека Англичаните нема да се согласат веднаш да влезат и сакаме да ни се придружат и имавме многу разговори со Ливерпул, Манчестер јунајтед, Челзи и Тотенхем. Сите овие клубови, од кои некои моментално се на продажба се заинтересирани“, изјави Лапорта и откри дека ПСЖ одбил да учествува во Супер лигата, бидејќи „имал моќна позиција во УЕФА“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Интер со „петарда“ ја започна новата сезона

Фудбалерите на Интер го затворија првото коло од италијанската Серија А со убедлива победа над Торино со 5:0 (2:0).
„Неро-азурите“ му ја предадоа круната на Наполи минатата сезона, а со овој почеток испраќаат јасна порака дека сакаат да го вратат „Скудетото“ во своите витрини.
„Биковите“ беа целосно инфериорни на „Џузепе Меаца“, а серијата голови отвори Алесандро Бастони во 18-та минута.
Уште толку време му беше потрбно на Маркус Тирано за да го постигне својот прв гол на оваа средба.
Во раната фаза од второто полувреме, Лаутаро Мартинез ја искористи големата грешка на одбраната на Торино за да го зголеми резултатот 3:0, а потоа Тирам постигна убав гол во 62-та минута.
Торино целосно потона, а во 72-та минута „петардата“ ја комплетираше новодојдениот Французин Бони, само пет минути по влегувањето на теренот.
Foto/ EPA/MATTEO BAZZI
Спорт
Богати премии ќе добијат играчите на Црвена звезда ако се пласираат во ЛШ

Црвена звезда загуби од Пафос во Белград со 1:2 во првиот натпревар од плејофот за пласман во Лигата на шампионите. Жоао Кореја и Пепе постигнаа голови за кипарскиот клуб, додека српскиот тим ја намали предноста со голот на Бруно Дуарте.
Српскиот шампион ќе има тешка задача во вторник во 21:00 часот на Кипар, каде што ќе се обиде да го надомести дефицитот и да се пласира во елитното клупско натпреварување.
Доколку успеат во ова, фудбалерите на Црвена звезда ќе добијат големи премии. Според информациите на „Спортклуб“, играчите на Звезда кои ги играат главните улоги ќе бидат наградени со по 100 илјади евра. Премиите наводно ќе се зголемат на 120.000 евра ако се квалификуваат во Лигата на шампионите без продолженија и пенали.
Доколку Црвена звезда испадне, ќе оди во главната фаза на Лигата на Европа, додека Пафос ќе игра во главната фаза на Лигата на шампионите.
Учеството во групната фаза на Лигата на шампионите носи многу пари. Црвена звезда минатата сезона освои шест бода во осум натпревари и го освои 29-то место во конкуренција на 36 клуба. Од УЕФА заработи 32 милиони евра, а тоа не ги вклучува парите што клубот ги заработил на натпреварите што ги одигра на домашен терен.
Во јули оваа година, генералниот директор на белградскиот клуб Звездан Терзиќ потврди дека настапот во Лигата на Европа ѝ носи на Црвена звезда околу 15 милиони евра, односно половина од она што го носи пласманот во Лигата на шампионите.
Спорт
Петра Квитова замина во пензија

Петра Квитова, двократната шампионка на Вимблдон, на 35-годишна возраст замина во пензија.
Во мечот од првото коло на Отвореното првенство на САД, каде што нејзиниот најголем дострел во кариерата беше четвртфиналето, Чехинката загуби од Французинката Пари со 6:1, 6:0.
Сепак, публиката ја поздрави големата шампионка со аплауз и овации. Квитова се расплака. Прво, заврши во прегратката на својот сопруг Јиржи Ванек, а потоа и се обрати на публиката на стадионот.
„Ми беше многу тешко, емотивно, да играм. Можев да пружам подобар отпор, но не успеав“, рече Квитова, додавајќи: „Благодарам Њујорк, бидејќи ова е мојот последен танц. Му благодарам на мојот сопруг и тренер Јиржи Ванек, им благодарам на моите поранешни тренери, му благодарам на мојот син, моите родители кои многу жртвуваа. Беше незаборавно патување.“
Квитова го освои Вимблдон во 2011 и 2014 година, а играше и во австралиското финале во 2019 година. Нејзиниот најдобар пласман на ВТА листата беше второто место во октомври 2011 година.
2x Grand Slam champion.
6x Billie Jean King Cup champion.
31x WTA champion.Bidding farewell to the iconic @Petra_Kvitova ✨ pic.twitter.com/qT3bR45TSS
— US Open Tennis (@usopen) August 25, 2025
Foto/ EPA/JOHN G. MABANGLO