Македонија
Слаб земјотрес почувствуван во Македонија
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/03/zemjotres.jpg)
Земјотрес од 2 степени според рихтер се случил утрово на 16 километри од Делчево.
Земјторесот се случил на длабочина од 10 км.
Потресот според ЕМСЦ бил регистриран во 8 часот и 52 минути.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Македонија
Новиот министер Андоновски на средба со младите од ИТ секторот
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/image00008.jpeg)
Новиот Министер за дигитална трансформација Стефан Андоновски на првиот работен ден се сретна со млади луѓе од ИТ секторот
,,Првата официјална средба како Министер за дигитална трансформација, ја почнувам заедно со младите. Сите напори и решенија треба да бидат во насока на обезбедување добри услови младите да се развиваат и да ја гледаат и својата иднина во Македонија.’’
Тој додава и дека реформите се во фокусот на новата Влада.
,,Реформите во општеството и дигиталната трансформација се и главен акцент на новата Влада со која што ќе се овозможи и подобар стандард за живеење на младите и намалување на корупцијата.”
Македонија
Со многубројни гости од среда почнува роденденската недела и културното лето во Кисела Вода
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/20240624_101359.jpg)
Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски денес одржа прес конференција посветена на 69-тиот роденден општина Кисела Вода, како и на традиционалното културно лето.
Под слоганот, “69 години Кисела Вода, храброто срце на градот,” во среда започнува роденденската седмица која ќе биде одбележана со најразлични случувања – од капитални инфраструктурни проекти до музички и културни манифестации.
На повеќе сцени- на Три Круши, во паркот пред салата Расадник, но и во парковите Македонија и Шопен ќе се одвиваат голем број на настани кои годинава, како што истакна Ѓорѓиевски се замислени како цели фестивали со повеќе изведувачи.
Акцентот е ставен најмногу на македонските изведувачи, но има и звучни гости од Србија.
Од 26 до 29 јуни публиката ќе може да ги види Ламбе Алабаковски, Огнен Здравковски, Бојана Скендеровски, Миле Кузмановски, Александар Тарабунов, КУД Китка, Два Бона, Пајак, Ѓорѓе Давид, Ивана Петерс и Бресквица, а за роденденот на општината на 29 јуни е предвиден голем концерт на Суперхикс со пријателите-Дани Димитровска, Битолски камерен оркестар, “Ја, Дека и Зека” од Војводина, Фолтин, “21 век” и многу други.
Гостинот од Србија, Ѓорѓе Давид упати благодарност за гостопримството и истакна дека секогаш е расположен за соработка со македонски артисти кои исклучително ги цени.
-Со мислата „Иднината им припаѓа на оние што веруваат во убавината на своите соништа“ сакам да го започнам моето денешно излагање, бидејќи со овој дух, во последните три години, Кисела Вода прерасна во лидер во реализацијата на иновативни проекти, со храбри чекори кои инспирираа многу други општини да го следат нашиот пример. Оттука, годинешниот слоган, “69 години Кисела Вода, храброто срце на градот,” ги рефлектира токму храброста и волјата со кои ја водиме нашата општина.
За роденденот на Кисела Вода веќе традиционално, ќе доделиме статуетки-клучеви за најзаслужните кои дале свој белег во афирмацијата и растежот на нашата заедница. Воедно, сите талентирани ученици кои освоиле награди на меѓународни натпревари во најразлични области од науката и спортот, ќе добијат парични награди на свечената седница на Советот на Општината.
Веќе споменав дека во овие седум дена ќе бидат реализирани и повеќе капитални инфраструктурни проекти кои беа долгоочекувани од жителите и за кои знаеме дека ќе бидат многу задоволни“, рече градоначалникот.
Македонија
Закани за животот упатени кон судии пријавил претседателот на Уставниот суд во МВР
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2017/02/sudija-1.jpg)
Претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски, денеска поднесе пријава до Министерството за внатрешни работи за упатени закани за животот и безбедноста на судии од Уставниот суд.
Пријавата е поднесена поради директно упатени закани кон судија, односно судии, поврзани со постапување по конкретен предмет од страна на судот.
Костадиновски најостро ги осудува ваквите закани упатени до судиите истакнувајќи дека во едно демократско општество вакви и слични закани претставуваат напад врз интегритетот на Уставниот суд, но и директен притисок врз независното и самостојно одлучување на сите судии.
Поради сериозноста на упатените јавни закани и повици за насилство, судот очекува надлежните органи професионално и навремено да ги преземат сите неопходни мерки и активности за расветлување на овој, но и слични закани кон судиите.