Спорт
Меси резерва, бунт во Хонг Конг: Вратете ни ги парите
Лионел Меси беше пречекан како божество во Хонг Конг, но неговото отсуство од пријателскиот натпревар против ол-стар тимот на градот предизвика големо незадоволство кај навивачите.
Еден од најдобрите фудбалери во историјата не одигра ниту една минута на егзибицискиот натпревар кој Интер Мајами го одигра во Хонг Конг. Аргентинецот доби забрана од медицинскиот персонал поради повредата на тетивата. Покрај Меси, целиот натпревар од клупата го гледаше и Луис Суарез кој има проблем со коленото.
И покрај повредата, најавено беше дека Меси ќе се појави на теренот, односно дека ќе одигра некоја минута. Кога на гледачите им станало јасно дека Аргентинецот нема да се појави на теренот во еден глас започнале да скандираат:
„Вратете ни ги парите“.
A look at last night’s open training in Hong Kong 🏟️ pic.twitter.com/EFDCllGuVi
— Inter Miami CF (@InterMiamiCF) February 4, 2024
Целиот тим на Мајами беше исвиркан, вклучувајќи го и Дејвид Бекам, првиот човек на клубот. Меси и неговите пријатели беа критикувани и поради тоа тренингот ден пред натпреварот, наместо 90 траел само 40 минути. Инаку на тренингот присудтвувале 40.000 луѓе.
Во целата приказна се вклучи и Владата на Хонг Конг, која ќе побара да се преиспита договорот и ќе побара да им биде вратена одредена сума на пари.
„Луѓето и нашата влада се разочарани бидејќи Меси не играше. Организаторите на натпреварот на сите ни должат објаснување. Ќе бараме враќање на парите бидејќи некои работи не беа почитувани“, се вели во соопштението на Владата на Хонг Конг.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Херојска борба во Хернинг – Македонија ремизираше со Португалија
Македонија одигра нерешено со Португалија 29:29 (13:15), во второто коло на Европското првенство во ракомет.
Македонија, предводена од капитенот Филип Кузмановски, ги задржа шансите за пласман во втората фаза. Покрај капитенот, херој е и голманот Томовски кој одбрани два зицери во 20 секунди, кога Португалците напаѓаа за победа.
Жестока борба водеа Македонија и Португалија во текот на целиот натпревар, во арената во Хернинг.
Водеше Македонија на стартот со 4:2, Португалија се врати во мечот и се до финишот на полувремето се играше реиси гол за гол.
Финишот на првиот и почетните четири минути од второот полувреме беа лоши за Македонија. Во тој период Португалците постигнаа пет гола.
До крајот на мечот Македонија ја бркаше предноста на ривалот, а на четири минути до крајот резултатот беше 26:26. Во реостанатото време двата тима постигнаа по три гола, штета што избраниците на Кире Лазаров не добија шанса да имаат напад за победа.
Кузмановски го предводеше македонскиот тим со 15 голови, на споритвнат страна се истакна Кико Кошта со 11.
Во последното коло, во вторник, Македонија ќе игра против Романија, а Португалија против Данска.
Foto/ EPA
Спорт
(Видео) Виола излезе од кризата – Фиорентина победи во Болоња
Фудбалерите на Фиорентина победија во Болоња со 2:1 како гости во 21-то коло од Серија А. Ова играчите му ја посветија на Роко Комисо. Претседателот на Фиорентина почина вчера на 76-годишна возраст.
За потсетување, тимот од Тоскана не победи во ниту еден натпревар во првенството до 21 декември, беше закован за дното, но оттогаш е во голем налет.
Триумфот на стадионот „Ренато Далара“ беше трет во последните 27 дена и прв на гостински терен оваа сезона.
Во Фиренца дефинитивно сега дишат полесно, но се свесни и дека вистинската работа допрва доаѓа.
Стрелци за тимот на Паоло Ваноли беа Роландо Мандрагора и Роберто Пиколи, кои во првото полувреме, кое беше одлично за гостите, а катастрофално за Болоња, му донесоа на својот тим капитална предност против тим кој се стреми кон европски позиции.
Колку тренерот на домашниот тим, Винченцо Италијано, беше незадоволен од играта на својот тим во првите 45 минути, најдобро покажува неговиот потег да направи четири замени веќе на полувремето.
Ги остави во соблекувалната напаѓачите Холм, Орсолини, Фројлер и Одгард, а наместо нив ги внесе Зорте, Роу, Моро и Фабијан.
И токму еден од резервните играчи, Фабијан, внесе неизвесност во натпреварот кон крајот, со голот ва 88-та минута, но Болоња не успеа да се спаси од пораз.
Foto/ EPA
Спорт
Ливерпул го сака Камавинга?
Ливерпул наводно сериозно ја разгледува опцијата за трансфер на играчот на Реал Мадрид, Едуардо Камавинга, тврди „Фихајес“.
Англичаните веруваат дека Камавинга е совршено решение за тимот на Арне Слот и се надеваат дека ќе го искористат моменталниот хаос во Мадрид за да го убедат да се пресели во Премиер лигата.
„По заминувањето на Чаби Алонсо од клупата на Реал Мадрид, внатрешната ситуација во клубот се движи во неочекуван правец и ја отвори вратата за реконструкција на тимот. Едуардо Камавинга, 22-годишен француски играч за врска, сега се етаблираше како играч кого сакаат да го видат на „Енфилд.
Со амин на Арне Слот, англискиот клуб се стреми да ја искористи моменталната „клима“ во Реал Мадрид и да испрати официјална понуда. Интересот, опишан од стручњаците на британскиот пазар како реален и долгорочен, укажува на договор што би ги надминал вообичаените суми што ги плаќа клубот од Мерсисајд за трансфери“, тврди „Фихајес“.
Foto/ depositphotos

