Скопје
Герасимовски: Бесплатен транспорт до здравствените установи за полнолетните лица со попреченост
Бесплатен превоз до здравствените установи за сите полнолетни лица со попреченост од oпштина Центар обезбеди денеска градоначалникот Горан Герасимовски со потпишување на меморандумот за соработка со секретарот на Црвениот крст на Град Скопје, Саит Саити.
Оваа соработка значи превоз до здравствените установи со наменски возила за корисници за лица над 18 години, кои 0користат ортопедско помагало (инвалидски колички, дубаци или одалки), а живеат на територијата на општина Центар во Скопје, како и лица над 18 години, кои не користат ортопедско помагало, но поради болест се во лежечка состојба (неподвижни).

Градоначалникот Герасимовски уверува дека бесплатниот превоз до болниците ќе биде големо олеснување за семејствата и корисниците, кои не се во можност често да ги користат здравствените услуги.
„Верувам дека бесплатниот превоз до болниците е исклучително важна мерка, особено за лицата што немаат помагала или не се во состојба да се движат. Општина Центар сериозно вложува во проекти што ја зајакнуваат социјалната и здравствената заштита за граѓаните, затоа и издвои 500.000 денари од општинскиот буџет, со цел да им го олесни пристапот до болниците и лекарите на граѓаните што имаат најголема потреба за тоа. Доколку корисникот е подвижен, превозот ќе биде реализиран со мало наменско возило, а доколку тој е неподвижен, превозот ќе се спроведе со специјално наменско возило. Должноста на секој човек е да се грижи и помага онаму каде може, затоа искрено сум среќен што преку оваа услуга ќе им го олесниме транспортот на лицата со попреченост до сите здравствени установи во град Скопје“, изјави Герасимовски.

Граѓаните што имаат потреба од користење на оваа услуга потребно е својот превоз да го закажат минимум 24 часа однапред јавувајќи се на телефонскиот број 02/15330, во контакт-центарот на ЦКРСМ, секој ден (од понеделник до петок), од 6 до 00.00 часот. Со остварување еден телефонски повик може да се закаже превоз за еден корисник до една конкретна дестинација.
Термин за превоз се закажува по принципот прв дојден прв услужен, а транспортот се врши од понеделник до петок, од 8 до 16 часот.

Корисниците имаат право на бесплатен превоз во еден правец максимум 10 пати во текот на 1 година, но доколку имаат потреба од повеќе, може за него да платат во согласност со ценовникот на Црвениот крст на Република Северна Македонија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Центар, Чаир и Студеничани денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 07.30 до 15.00 часот, дел од улицата Никола Тримпаре 15 и дел од улицата Мирослав Крлежа бр.16-20 и дел од локали и влезови на згради на булеварот Климент Охридски бр,54, општина Центар;
– во периодот од 09.30 до 15.30 дел од улицата Мирослав Крлежа по старо Ѓуро Ѓакович бр.52.54.56.58.60.62, општина Центар;
– во периодот од 08.00 до 14.30 корисниците од Ретаил Поинт Парк во Чаир, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците на дел од село Студеничани кај Бурдем, општина Студеничани.
Македонија
Дел од Автокоманда денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека за денеска имаат планирано неколку интервенции и тоа:
· поради промена на вентил од 2.5“ на улицата Јани Лукровски 12, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Македонија
(Фото) Во текот на минатата недела отстранети 𝟨𝟣𝟧 кубни метри отпад од диви депонии
Во текот на изминатата недела, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје подигнаа и транспортираа 615 кубни метри отпад од диви депонии на територијата на градот Скопје.

„Приближно 25 кубни метри непрописно одложен мешан комунален и кабаст отпад беа отстранети од улицата Џон Кенеди, во непосредна близина на ООУ „Васил Главинов“, каде што веќе подолг период е забележано континуирано одлагање отпад на јавни и сообраќајни површини.

Еко-патролата на ЈП Комунална хигиена-Скопје минатата недела изготви 21 записник за лица и правни субјекти затекнати при кршење на Законот за јавна чистота, од коишто 13 записници се врачени на територијата на скопската општина Чаир.

Воедно, Претпријатието продолжува со секојдневно одржување на јавната хигиена преку рачно и машинско метење на булеварите и поголемите улици, плоштадот и улицата Македонија, помалите плоштади Филип Втори, Мајка Тереза и Богородица, пешачките мостови во централното градско подрачје, пешачките патеки и тротоарите на мостовите „Гоце Делчев”, и „Слобода”, како и Старата скопска чаршија“, соопшти Комунална хигиена-Скопје.





