Македонија
Левицата: Спремни за претседателските и за парламентарните избори

Со над 80 членови на ЦК и нивните заменици, беше одржана XXIV-та редовна сесија на Централниот комитет на Левица, информираат од оваа партија.
„Низ опсежна дискусија за конечните стратегии за следниот период, со висок степен на мотивација и спремност на структурата и политичката платформа, се завршија и подготовките за претседателските и парламентарни избори, во кои ќе продолжи тенденцијата на најбрз раст на Левица на македонската политичка сцена.
На сесијата се потврди кооптирањето на Амар Мециновиќ и м-р Александар Симонов за нови членови на Президиумот на Партијата“, се истакнува во нивното официјално соопштение.
Додаваат дека на 7 февруари, на прес-конференција Левица ќе го претстави својот кандидат за претстојните Претседателски избори, кој, како што велатм ќе биде единствениот разумен избор во клучниот момент за Република Македонија.
„Третата опција станува единствена алтернатива на системското уништување на државата и достоинството на обичниот народ – и единствена шанса за народна власт“, се потенцира во напишаното од Левицата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без струја денеска делови од Аеродром и Сопиште

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 11.00 часот, корисниците од ул. Црноризец Храбар. (општина Аеродром)
– во периодот од 09.00 до 14.00 часот, корисниците од ул. 11 во Горно Соње. (општина Сопиште)
Македонија
Променливо облачно со слаб северен ветер, попладне врнежи од дожд

Променливо облачно со слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Попладне ќе има локални врнежи од дожд, кои во текот на ноќта ќе се прошират насекаде и наместа ќе бидат пообилни. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 14, а максималната ќе достигне од 15 до 20 степен.
Во Скопје, променливо облачно со слаб северен ветер. Кон крајот на денот, а особено во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 19 степени.
Времето во наредните денови
До петок под влијание на влажен бран ќе има врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат обилни. Вкупно од овој бран се очекува на повеќе места да наврнат над 30 l/m², а локално и над 50 l/m². Поради продор на постудена воздушна маса од север и засилен северен ветер, во четврток на повисоките планини врнежите ќе преминуваат во снег, а поради натамошно спуштање на студен воздух, во петок ќе има услови да преминуваат во снег и на некои од повисоките места. На повисоките планини ќе се формира снежна покривка.Температурата на воздухот значително ќе опадне. Во деновите од викендот ќе има стабилизирање на времето со пораст на дневната температура
Македонија
Дел од Карпош денеска без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект на приклучна цевка на булеварот Партизански Одреди бр. 59а, без вода ќе останат корисниците лоцирани на десната страна на потегот од булеварот 8-ми Септември до Франклин Рузвелт. (општина Карпош)
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот.