Спорт
(Видео) Поранешен водач на „Делии“: Планиравме да му ги скршиме нозете на Дражен
На каналот на Црвена звезда почна да се емитува серијата „Ултрас, приказната на Тими“ за историјата на навивачката група позната како „Делии“.
Зоран Тимиќ Тима, кој беше предводник на навивачите на Звезда во осумдесетите и деведесетите, во првата епизода зборува за своите почетоци на трибината.
Особено импресивна беше неговата приказна за морничав план во средината на осумдесеттите во врска со Дражен Петровиќ, која ги шокираше сите.
„Петровиќ тогаш беше најдобриот играч на Цибона, со кого Звезда се мачеше и сакавме да го неутрализираме. Прво сакавме да го исплашиме и да му се закануваме, а потоа да го истепаме. Идеите стануваа се порадикалини, па затоа дојдовме до тој степен што сакавме да му ги скршиме нозете пред важен меч против Звезда. Го следевме неколку дена во Загреб, но беше доста тешко, бидејќи тогаш немаше мобилни телефони. Но, ја дознавме неговата рутина, каде оди после тренинг, во кое кафуле седи, каде живее“, вели Тима.
„Проблемот беше што тој никогаш не одеше сам, секогаш беше со девојка или друштво. Се вративме во Белград и се договоривме да го направиме сето тоа кога ќе дојде решавачкиот меч против со Цибона таа сезона. Но, тогаш загубивме веќе во полуфиналето, па немаше потреба од такво нешто“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Олимпискиот шампион во скијачки скокови има фобија од височина
Германскиот ски-скокач Филип Рајмунд, кој јавно призна дека се плаши од височина, во понеделникот, освои олимписко злато, на малата скокалница, на Зимските олимписки игри Милано и Кортина.
Минатата година, токму поради неговиот страв од висина, тој беше принуден да се повлече од еден натпревар, за што отворено пишуваше на социјалните мрежи во тоа време.
„Многумина од вас веќе ме прашаа зошто не скокам, па еве објаснување. Како што некои од вас веќе знаат, имам страв од височина“, напиша Рајмунд на Инстаграм откако се повлече од натпреварот во Словенија минатиот март.
Потоа тој истакна дека најчесто успева да го држи тој проблем под контрола, и тоа, како што се испостави, беше случај и во финалето на Олимписките игри.
„Обично проблемот е што имам премногу сила во нозете и поради тоа моето движење е малку нестабилно. Па сега знаев дека само треба да се исправам и да го пуштам скокот да оди“, рече Рајмунд откако го освои златото.
Со најдобар скок од 106,5 метри и вкупно 274,1 поени, Германецот го победи Полјакот Качпер Томашак, кој освои сребро, додека Јапонецот Рен Никаидо и Швајцарецот Грегор Дешванден го поделија бронзениот медал.
Рајмунд пристигна на своите први Олимписки игри како шести скокач во светот. Пред ова натпреварување, неговиот најдобар резултат беше четвртото место на Светското првенство во екипна конкуренција, како и со само една победа во Светскиот куп, и тоа во мешана екипна конкуренција.
„Никогаш не сум победил на натпревар од Светскиот куп, а сега сум олимписки шампион и веројатно ќе бидам познат по тоа до крајот на животот, бидејќи имам златен медал. Навистина е неверојатно“, рече Рајмунд.
Foto/ EPA
Спорт
Историски триумф на Австријките во комбинација, фаворизираните Американки потфрлија
Австриските скијачки Аријана Редлер и Катарина Хубер испишаа нови страници во историјата, бидејќи станаа првите олимписки шампионки во тимска комбинација на Игрите во Милано и Кортина д’Ампецо.
Редлер скијаше во спуст, а Хубер слалом, и заедно постигнаа комбинирано време од 2:21,66 минути, што беше за пет стотинки подобро од Германките Кира Вајдл-Винкелман и Ема Ајхер.
За Хубер ова е второ олимписко злато, бидејќи пред четири години во Пекинг го освои најсјаниот медал во тимска конкуренција, а интересно е што во кариерата не стигна до ниту еден подиум во Светскиот куп.
Златото на Редлер во Кортина е најголемиот успех во нејзината кариера, но таа, од друга страна, има два подиума во Светскиот куп, двата во супервелеслалом.
На третото скалило од подиумот беа американските скијачки Жаклин Вајлс и Паула Молзан, кои беа 25 стотинки зад новите олимписки шампионки.
Најголемото изненадување на трката е секако фактот што првите фаворити за златото – Американките Бризи Џонсон и Микаела Шифрин, останаа без медал.
Новата олимписка шампионка во спуст, Џонсон ги искачи Американките на врвот по првата серија, меѓутоа, на тешката патека, Шифрин потфрли.
По првата серија, Џонсон беше шест стотинки пред Редлер, а по неа следуваше Италијанката Лаура Пировано. Сепак, италијанската скијачка по слалом Мартина Петерлини не успеа да ја заврши својата тројка, што им овозможи на Германките да се искачат на подиумот од шестата позиција, а потоа и на втората постава на Америка.
Кога дојде време за решавачкиот судир меѓу Австријките и Американките, Хубер скијаше доволно добро за да се избие во водство. Се очекуваше дека Шифрин без проблем ќе ја заврши работата. Сепак најдобрата скијачка на сите времиња, подлегна на притисокот, особено во вториот дел од патеката и на крајот не можеше да биде подобра од четвртото место.
Foto/ EPA
Спорт
Неверојатниот Клебо победи во спринтот
Јоханес Хесфлот Клебо го освои седмиот златен олимписки медал.
Фантастичен ден имаше Клебо во трката со спринт во класичен стил во крос-кантри на Зимските олимписки игри во Милано и Кортина.
Клабо го освои второ злато на овогодинешните Игри, откако претходно победи во скијатлонот 10+10 километри. Во кариерата има седум златни олимписки медали, на вечната листа пред него, со осум е само неговиот легендарен сонародник, Бјорн Дели.
Клебо ја заврши последната трка за 3:39,74, пред Американецот Бен Огден, кој го следеше брилијантно и конечно ја помина целната линија со само 0,87 секунди заостанување. Огден беше деветти во оваа дисциплина пред четири години во Пекинг, а ова е неговиот прв олимписки медал во кариерата.
Бронзата оди во Норвешка, а ја освои Оскар Опстад Вике, кој беше 6,81 секунди зад шампионот. Ова е и првиот олимписки медал на Вике.
Во квалификациите во оваа дисциплина се појави и македонскиот репрезентативец, Ставре Јада. На крајот во конкуренција на 95 натпреварувачи, го освои 88-то место.
Foto/ EPA

