Свет
(Вознемирувачко видео) Убиен висок руски функционер, извлечен од урнатините во украинскиот напад

Министерот за вонредни ситуации на ЛПР, Алексеј Потелешченко, е убиен за време на украинското гранатирање на Лисичанск на 3 февруари, соопштија властите на ЛПР. Снимен е моментот кога војниците го извлекуваат телото на едно лице од урнатините. Видеото има вознемирувачка содржина.
BREAKING:
More than 20 Russian soldiers killed after a Ukrainian HIMARS strike on Russian forces in Lysychansk pic.twitter.com/jTjO4lX4Xh
— Visegrád 24 (@visegrad24) February 3, 2024
Надлежните само кусо информираа за смртта на министерот, без конкретни детали. Москва го карактеризира гранатирањето на Лисичанск како „терористички чин“.
So called ‘LPR’ Minister of Emergency Situations Alexey Poteleshchenko died as a result of a strike by the Ukrainian army on a bakery in the city of Lysychansk on February 3, a representative of the region’s occupational Ministry told TASS. pic.twitter.com/XxukfoBYqz
— NOELREPORTS 🇪🇺 🇺🇦 (@NOELreports) February 5, 2024
„Континуираните напади врз цивилната инфраструктура, во овој случај на пекарница, претставуваат монструозен терористички чин, бројот на жртвите зборува за монструозноста на овој терористички чин“, изјави Песков за новинарите.
Во саботата, 3 февруари, украинските војници гранатираа пекарница во Лисичанск. Според последните податоци, бројот на жртвите се искачи на 28, а меѓу нив е и петгодишно дете.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Напад во кривичниот суд во Њујорк, има повредени

Тројца судски службеници денес биле нападнати со нож и повредени во зградата на Кривичниот суд на Менхетен, потврдија два извори од њујоршката полиција кои се запознаени со нападот.
„Осомничениот напаѓач е приведен по нападот врз службениците во зградата на судот на Централната улица во Њујорк. Нападот се случил близу фоајето“, изјавил неименуван полициски извор за NBC.
Еден судски службеник се здобил со посекотини на лицето, друг на вратот, а третиот бил повреден кога осомничениот го фрлил на подот обидувајќи се да побегне, се наведува во извештајот на американската телевизиска мрежа.
Сите тројца повредени се медицински згрижени и се чувствуваат добро, а истрагата е во тек, иако засега не е јасно што бил мотивот за нападот.
Свет
„Ерусалим пост“: Трамп ќе му даде на Иран последна шанса

Американскиот претседател, Доналд Трамп, планира да му упати на Иран последна шанса за договор, објави „Ерусалим пост“, повикувајќи се на американски и европски претставници.
Според неофицијални информации, новата понуда би можела да биде уште поповолна од онаа од пред недела и половина, но сепак би се базирала на американското барање за нулта толеранција за збогатување ураниум.
Според истиот извор, Иран се обидел да посредува со американската администрација преку Оман и Катар со цел да ги запре израелските напади и да ги обнови преговорите за нуклеарната програма. Саудиска Арабија наводно дејствува преку посебен канал со иста цел – постигнување прекин на огнот.
Свет
Претседателот на Иран: Не сакаме ширење на војната

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан изјави дека Иран не сака да ја прошири војната со Израел, но ќе одговори пропорционално на секој напад, пренесува државната иранска новинска агенција.
Пезешкијан ова го рекол за време на телефонскиот разговор со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
„Иранските научни, воени и цивилни објекти беа под израелска агресија, при што беа убиени цивили, научници и воени водачи“, рече Пезешкијан.
„Иран не ја започна оваа војна, но ќе одговори според нивото на напад“, изјави.
Тој додаде дека учеството на Иран во нуклеарните преговори со САД зависи исклучиво од прекинот на нападите на ционистичкиот режим врз земјите во регионот.
Турскиот претседател Ердоган, според турската државна агенција, му рекол на Пезешкијан дека Турција е подготвена да игра улога на посредник за да помогне во деескалацијата на конфликтот и да го поддржи враќањето на преговорите за нуклеарната програма.