Свет
Кралското семејство има историја на заболувања од рак – британските медиуми за предците на Чарлс, кои боледувале од оваа болест
Вчера во светот се прошири веста за болеста на кралот Чарлс Трети (75) кому му беше дијагностициран рак, но сѐ уште не се знае за каков карцином се работи.
Минатиот понеделник кралот беше пуштен од болница по тридневна хоспитализација за време на која имаше рутинска операција на зголемена простата.
Неговите предци се обидувале да ги скријат своите здравствени картони, но на јавноста ѝ е познато од што страдале другите членови на кралското семејство.
Дедото на Чарлс, Џорџ VI, бил тежок пушач. Поради „структурни абнормалности“, отстрането му е левото белодробно крило, но наводно станува збор за рак, пишува „Телеграф“.
Починал само пет месеци по операцијата, а лекарите ја криеле дијагнозата од јавноста. Кралот боледувал и од васкуларна болест, па се претпоставувало дека тоа е причина за тромбоза, но подоцна се зборувало дека се случила по ширењето на ракот.
Болни биле и родителите на Елизабета Втора.
Од рак боледувала и мајката на кралицата Елизабета Втора, Елизабета. Кралицата Мајка двапати била лекувана од оваа тешка болест.
Во 1966 година таа беше подложена на операција за отстранување тумор на дебелото црево. Кларенс Хаус тогаш изјави дека била подложена на абдоминална операција. По 18 години, повторно заврши на операција, а вистинската причина била отстранување тумор од градите. Таа почина во 2002 година на 102-годишна возраст.
И нивната ќерка, кралицата Елизабета Втора, наводно починала од рак. „Телеграф“ објави детали од биографијата „Кралицата Елизабета: Интимен портрет“, во која Џајлс Брандрет напиша дека кралицата боледува од ретка форма на рак на коските. Авторот бил пријател со принцот Филип и наведува дека лекарот на кралицата бил свесен за нејзината здравствена состојба.
„Навистина не сакав никого да вознемирувам, но тоа ќе се потврди, а еден ден ќе биде, барем јас како новинар кажувам што се случило“, рече Брандрет кога неговите тврдења предизвикаа контроверзии.
Принцезата Викторија, ќерка на кралицата Викторија и принцот Алберт, почина од рак на дојката во 1901 година, објави „Ју-ес викли“. Тие исто така наведоа дека според книгата на Џејн Ридли, „Берти: Животот на Едвард VII“, кралот Едвард VII се оперирал од карцином.
На кралот Едвард VIII му бил дијагностициран рак на грлото во 1971 година по долгогодишно пушење. Тој починал следната година.
Војвотката од Јорк, Сара Фергусон, во јуни минатата година откри дека боледува од рак на дојката, а потоа во јануари оваа година објави дека има уште една дијагноза, малигнен меланом, пишува „Ју-ес викли“.
Пред четири години имаше шпекулации за уште една сериозна здравствена криза која го снајде британското кралско семејство кога магазинот National Enquirer на својата насловна страница објави дека принцот Вилијам боледува од напреднат рак. Тие напишаа дека тоа е веќе неизлечива фаза на болеста за која принцот дознал по заразувањето од коронавирусот.
Други медиуми ја демантираа веста, а самиот принц не коментира. Royalcentre.co.uk го прозва National Enquirer за лажни вести и нивното списание го нарече ѓубре.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
ОН свикаа итна седница на Советот за безбедност по нападите врз Иран
Советот за безбедност на ОН свика итна седница по американските и израелските напади врз Иран и одмаздничките напади од страна на Техеран.
Седницата, која треба да почне во 16 часот (21:00 по Гринич), ќе биде посветена на „ситуацијата на Блискиот Исток“, соопштија Обединетите нации.
Средбата беше побарана од Франција и Бахреин, според израелската делегација во светската организација.
Свет
Ирански вооружени сили порачаа дека САД и Израел ќе добијат невидена лекција
Портпаролот на иранските вооружени сили Аболфазл Шекарчи денеска изјави дека Иран на САД и Израел ќе им одржи лекција „каква што никогаш во историјата не доживеале“.
По утринските напади на САД и Израел врз Иран, Шекарчи рече дека иранските вооружени сили веднаш реагирале и покренале ракетни напади на секоја локација која била во служба на американската и израелската војска, пренесува агенцијата Тасним.
„Со божја помош, ќе им одржиме лекција на САД и Израел каква што не доживеале во својата историја. Израелските бази веќе се соочија со проблеми и Иран подоцна ќе им удри уште поостар шамар“, предупреди воениот функционер.
Тој го повика иранскиот народ да не се грижи, да ги игнорира гласините и да ги следи официјалните вести преку националните медиуми.
Свет
Хамас ги осуди нападите врз Иран и повика на единство
Хамас ги осуди „ционистичко-американските непријателства врз Исламската Република“, истовремено повикувајќи на единство во муслиманскиот свет.
„Додека ја потврдуваме нашата солидарност со Исламската Република Иран пред лицето на непријателствата, повикуваме на единство и солидарност во арапската и муслиманската нација за да се спречат овие непријателства“, соопшти Хамас.
Тие ги обвинуваат САД и Израел дека се обидуваат повторно да ја исцртаат мапата на регионот „за да воспостават ’Голем Израел‘ на сметка на арапските и муслиманските земји“.
Во меѓувреме, Палестинскиот исламски џихад (ПИЏ), кој аналитичарите го опишуваат како посреден сојузник на Иран, соопшти дека Иран има право „да се брани и да ги одврати противниците“ како одговор на американско-израелските напади, пренесе Тајмс оф Израел.
„Овие непријателства не се насочени само против Иран, туку против сите земји и луѓе на нашата нација и се обидуваат да наметнат доминација од страна на воени злосторници“, вели ПИЏ. „Ги повикуваме народите на нашата арапска и муслиманска нација, како и синовите на нашиот палестински народ, да се обединат против овие непријателски намери“.

