Свет
Над 150 патници во паника, авион се приближил до водата при слетување кај Женевското Езеро
Авионот на „Изиџет“ при слетувањето се приближил до Женевското Езеро поради што 157 патници доживеале голем стрес и страв пред леталото да слета во Женева, јавуваат медиумите.
Компанијата „Изиџет“ сѐ уште не објавила објаснување за овој инцидент, пренесува „Фигаро“.
Авионот на компанијата „Ербас“, „А320 нео“, со 157 патници се најде опасно блиску до површината на Женевското Езеро при неговото приближување до аеродромот во Женева на 5 ноември од сѐ уште нејасни причини.
Регистриран со ознаката G-UZLO, авионот, кој летал од Единбург, Шкотска, до Женева, се нашол на околу 230 метри од површината на езерото на место каде што висината на слетувањето би требало да биде најмалку трипати поголема.
„За време на приближувањето до пистата 22, авионот се спушти значително под нивото предвидено со безбедносните процедури поради што екипажот тргна наоколу и направи нов обид за слетување“, потврдија од Швајцарската безбедносна истражна служба (SESE), која е одговорна, меѓу другото, и за спроведување истраги на несреќи и инциденти во цивилното воздухопловство.
Пилот и поранешен контролор на летање, кој сакаше да остане анонимен, изјави за медиумите дека, најверојатно, се работи за човечка грешка.
„Не знам што се случи во пилотската кабина, но тука треба да ги бараме клучот и објаснувањето“, изјави неименуваниот пилот за дневниот весник „Трибјун де Женева“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Врховниот лидер на Иран: Ова е предупредување до Америка
Врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, им честиташе на социјалните мрежи на учесниците на денешните провладини собири.
Во серија објави на X, ајатолахот сподели фотографии од провладини демонстранти и рече дека тие „одлично ја завршиле работата“ и „го спречиле планот на странските непријатели, кој требало да го спроведат домашни платеници“.
„Големата нација Иран им се покажа на своите непријатели, заедно со својата решителност и идентитет“, додаде Хамнеи.
„Ова беше предупредување до американските политичари да престанат да бидат измамници и да не се потпираат на предавнички платеници“, додаде тој.
Свет
Украинската војска објави видео: Го освоивме градското собрание во Купјанск
Украинските одбранбени сили ја вратија контролата врз зградата на Градскиот совет на Купјанск, објави Вториот корпус на Националната гарда на Украина (НГУ), познат како Хартија.
„Хартија воспостави контрола врз зградата на Градскиот совет на Купјанск. Единицата за пребарување и уништување на Хартија и тактичката група Купјанск ги завршуваат операциите за расчистување во градот, кој беше деблокиран за време на успешната операција предводена од командата на Вториот корпус на НГУ“, се вели во соопштението.
Корпусот објави снимка од GoPro камера за која тврди дека е направена од борци од 4-тиот баталјон Хартија за време на упадот во зградата на Градскиот совет на Купјанск. Војниците од извидувачката и ударна група на баталјонот го кренаа украинското знаме над градскиот совет во центарот на Купјанск.
„Операцијата во Купјанск докажува дека благодарение на планирањето, стручноста на командантот и штабот и висококвалитетната подготовка на единиците – сето тоа го нарекуваме метод на Хартија – е можно успешно да се запре и уништи непријателот“, рече полковник Ихор Оболенски, командант на Вториот корпус.
Свет
Белата куќа: Трамп не се плаши да употреби воена сила против Иран
Портпаролката на Белата куќа, Каролина Ливит, изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп „покажал дека не се плаши да употреби воени опции“ кога смета дека е потребно.
„Мислам дека едно нешто во што претседателот Трамп е многу добар е тоа што секогаш ги држи сите опции на маса, а воздушните напади би биле една од многуте, многу опции што се на маса“, изјави Ливит пред новинарите.
Во исто време, таа додаде дека „дипломатијата е секогаш првата опција“ за Трамп.
„Претседателот ви кажа на сите синоќа дека она што јавно го слушате од иранскиот режим е многу различно од пораките што администрацијата ги добива приватно“, рече Ливит.
„Претседателот покажа дека не се плаши да користи воени опции ако и кога смета дека е потребно, а никој не го знае ова подобро од Иран“, заклучи таа.
фото/депозитфотос

