Македонија
Сопругот на претседателката на второстепената комисија, Даница Чадиева, ангажиран како адвокат во болницата во Велес, велат од Левицата

Државната комисија во управна постапка, во чија надлежност е решавање на жалби на граѓаните, е целосно узурпирана и девалвирана од страна на претседателката на ОО СДСМ Велес, Даница Чадиева. Чадиева целосно ја има партизирано оваа институција, па истата не чувствува никаква етичка одговорност што паралелно два мандати ја извршува функцијата Претседател на оваа второстепена Комисија, додека ја држи партиската функција во СДСМ – Велес, велат од Левица.
„За отсуството на било каква одговорност, говори и тоа што токму нејзиниот сопруг е ангажиран како адвокат во велешката болница, од каде според јавно достапни информации, Костадин Чадиев наплатил над 6.000 евра од болницата! За Даница Чадиева сигурно и во овој случај нема ништо спорно, како што не е спорно дека истата истовремено врши и партиска и државна функција. Откако Чадиева е назначена на чело на оваа Второстепена Комисија, вработените во институцијата се под постојан мобинг да одлучуваат по предмети по нејзина лична директива. Дополнително, парламентарното мнозинство во Собранието, минатата година скандалозно именува два членови во оваа Комисија (Ивана Шапкар и Весна Илиева – Лубуриќ), кои воопшто не ги исполнуваат законските услови за да бидат дел од ова тело“, дополнуваат од Левица.
Левица претходно реагираше за Одлуката на Граѓанскиот суд против Даница Чадиева, каде било утврдено дискриминација на лице вработено во самата институција.
„Оваа Комисија одлучува во втор степен за жалби на граѓаните, кои процениле дека биле дискриминирани од институциите во првостепената постапка. Но, токму институцијата која треба да ги штити граѓаните од самоволието на власта, истата е узурпирана од партиски послушник, која единствено постапува по директивите на својата партија. Очигледно е дека Владата на СДС го штити скандалозното работење на Даница Чадиева, каде тенденциозно и намерно се партизира делувањето на Комисијата, додека самите граѓани се оштетени од незаконските одлуки на Комисијата. Левица го повикува Државниот управен инспекторат да изврши надзор врз работење на оваа Комисија и начинот на постапувањето по предметите, со цел интересите на граѓаните да бидат заштитени од самоволието на партиските послушници“, завршуваат од Левица.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Врнежи од снег и паднати дрвја на патот Никфорово-Леуново-Бунец, сообраќајот во прекин

На регионалниот пат Никфорово-Леуново-Бунец од 23:20 часот, сообраќајот е во прекин поради врнежи од снег и паднати дрва на коловоз, извести АМСМ.
Се интервенира за негово расчистување.
Во текот на денот и вечерва вработените од Ј.У.Н.П. „Маврово# со сопствена механизација, се вклучија во активностите за расчистување на паднатите дрва кои го отежнуваат движењето на автомобили по регионалниот пат Маврово – Дебар и околу Мавровското езеро.
Македонија
Петрушевски: Венко Филипче ти имаш фирми во Бугарија, на адреса со Заев каде се свртеа 9 милиони од јагленот од РЕК

„Вечерва Венко Филипче, пред 30-тина луѓе во мала сала во Кисела Вода, потрошил голем дел од својот говор за да ме навредува. Редно е да одговорам“, напиша на социјалните мрежи Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ.
„Венко, најмалку ти имаш право кој било да го обвинуваш за „лажење“ и „бугаризација“. Јас немам бугарски пасош, немам фирми во Бугарија и немам тајни зделки зад грбот на народот. Ајде еднаш биди искрен и признај дека токму ти си синоним за милионски шеми со фирми во Петрич, заедно со браќата!
Не мора на мене, туку на јавноста дај и одговори: Каде завршија 9 милиони евра од јагленот за РЕК Битола? Зошто на иста адреса во Петрич се појавуваат фирми на твоето семејство и на Вице Заев? Дали тие пари завршуваа во ваши фотоволтаични централи, додека народот го оставивте да плаќа скапа струја? Дали преку бугарски фирми финансирате бизниси по светот, додека Македонија ја потонавте во сиромаштија?
Ова се вистинските прашања, Венко.
Не лажи дека јас или Христијан Мицкоски имаме такви врски. Ние немаме ниту бугарски пасоши, ниту скриени фирми. Ние имаме чесна и чиста биографија.
ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се јасно определени за Македонија во ЕУ, но како достоинствена држава, без понижувања и без тргување со националните интереси.
Доста е од лицемерието Венко! На народот му е јасно дека додека си трупавте милиони преку Бугарија, граѓаните останаа со празни џебови“, вели Петрушевски.
Македонија
Забрана за тешки товарни возила на неколку патни правци

Од 19:45 часот на магистралниот пат Маврово – Дебар воведена е забрана за тешки товарни возила поради задржување на снег на коловоз, извести АМСМ.
Од 19.55 часот воведена е забрана за тешки товарни возила и за патниот правец Гостивар – Стража, додаваат од АМСМ.