Спорт
Ромарио: Само двајца во историјата се подобри од мене

Поранешниот напаѓач на Барселона и бразилската репрезентација Ромарио во кратко интервју оцени дека само двајца фудбалери во историјата биле подобри од него.
Ромарио, смета дека дека Кристијано Роналдо и Лионел Меси се на исто рамниште со него, а дека подобри од него се само Пеле и Диего Марадона.
Ромарио го освои Светското првенство со Бразил во 1994 година. Едно време беше најдобар играч на светот, две сезони помина во Барселона, а играше и за Васко де Гама, ПСВ, Фламенго, Валенсија, Флуминенсе, Ал Сад, Мајами и Америка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Езе преферира трансфер во Тотенхем

Еберечи Езе, најдобриот играч на Кристал Палас, до крајот на преодниот рок ќе го напушти клубот.
Офанзивниот фудбалер од редот за врска, според англиските медиуми, веќе се договорил со Тотенхем.
Езе изразил желба да го напушти клубот и не се очекува да биде во составот за натпреварот против Челзи во недела. Палас е свесен за ситуацијата и веќе на пазарот бара замена за Езе.
Англичаните пишуваат дека во наредните денови може да има сериозен конфликт помеѓу играчот и клубот доколку Палас не го договори трансферот.
Фото/ Принтскрин
Спорт
Алкарас го престигна Федерер, следна мета му е Ѓоковиќ

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз го престигна Роџер Федерер по процент на победи на Мастерс турнирите.
Алкараз го победи Рубљов во четвртфиналето во петокот и се пласираше во ново полуфинале на турнирите од Мастерс серијата.
Ова беше неговата 82-ра победа во кариерата на Мастерс турнирите, има скор од 82-23, односно победил на 78,1% од мечевите.
Тој го престигна Федерер, кој моментално беше трет на листата на сите времиња (од 1990 година, минимум 10 одиграни натпревари). Швајцарецот ја заврши кариерата со 77,9 проценти.
Пред Алакрас се уште рекордерот Рафаел Надал, кој има 82%, и Новак Ѓоковиќ, кој е веднаш зад него со 81,5%.
Алкараз во ноќта помеѓу сабота и недела, кога ќе игра против Саша Зверев во полуфиналето на Мастерсот во Синсинати.
Фото/ Принтскрин
Спорт
Бецеки на пол-позицијата во Австрија

Возачот на Априлија, Марко Бецеки, ја освои пол-позицијата на Големата награда на Австрија.
Ова е првата пол-позиција на Италијанецот од 2023 година иа Големата награда на Индија, а пол-позицијата ја освои со најбрзиот круг 1:28.060.
Бецеки на тој начин ја донесе пол-позицијата на Априлија по малку повеќе од година и пол.
Имаше и други изненадувања, Алекс Маркез го освои второто место, а Франческо Бањаја трето.
Меѓу првите 10 беа и Марк Маркез, Енеа Бастијанини, Фермин Алдегер, Педро Акоста, Раул Фернандез и Жоан Мир.
Спринт трката се вози од 15 часот, а главната трка е закажана за недела со почеток во 14 часот.
Marco Bezzecchi takes his first pole since 2023 ahead of @alexmarquez73 and @PeccoBagnaia 🙌#AustrianGP 🇦🇹 pic.twitter.com/XTyYZFyWI5
— MotoGP™🏁 (@MotoGP) August 16, 2025