Свет
Се урна петкатна зграда кај Барселона, луѓе заробени во урнатините, 13 противпожарни бригади на самото место

Во Бадалони, недалеку од Барселона, се урна петкатна зграда, објавија локалните медиуми.
Спасувачките екипи се на самото место во потрага по луѓе затрупани во урнатините, но сѐ уште никој не е пронајден, пренесува „Каталан њуз“.
На местото на несреќата биле ангажирани 13 противпожарни единици, пет медицински единици и екипа психолози.
Причината за несреќата засега не е позната. Евакуирани се соседните згради.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
(Видео) Трамп: Трошиме многу пари на НАТО за да ги заштитиме европските земји а губиме пари во трговијата

Американскиот претседател Доналд Трамп пред медиумите ги коментираше царините кои предизвикаа огромни реакции во светот и шок на пазарите. Тој го повтори својот став дека со овој потег ги штити САД.
„Секоја земја ќе биде внимателна и љубезна кон нас. Ова не е одржливо, Америка не може да изгуби 1,9 трилиони долари во трговијата.
This is NOT SUSTAINABLE! The United States can't lose $1.9 trillion on trade…
Donald Trump Truth Social 04/07/25 10:04 AM pic.twitter.com/IY2WxOQw0U
— Donald J. Trump Posts From His Truth Social (@TrumpDailyPosts) April 7, 2025
Во исто време, трошиме многу пари на НАТО за да ги заштитиме европските земји. Ги поддржуваме со војска и ги штитиме, а губиме пари во трговијата.
Сето тоа е лудо и јас бев избран врз основа на тоа да го направам ова. Американскиот народ го разбира она што го правиме многу подобро од медиумите, но дури и тие го разбираат и известуваат подобро отколку што очекував“, рече Трамп.
Свет
Што со милионите бегалци од Украина: нов проблем за Европа

Милиони украински бегалци во ЕУ би можеле да го изгубат статусот на бегалци бидејќи не постои јасен план што би им овозможил да останат по воспоставувањето на примирјето со Русија.
Од почетокот на руската инвазија во февруари 2022 година, директивата за привремена заштита на ЕУ стана правна поддршка за речиси 4,3 милиони Украинци. Оваа директива им овозможува на Украинците да добијат право на работа и пристап до услуги, при што повеќето од нив се населуваат во Полска, Германија, Чешка и Словачка.
Меѓутоа, како што напредуваат преговорите за примирјето, оваа бегалска мрежа би можела да биде нарушена, наведува „Украинска Правда“.
Прекинот на огнот може да ја промени ситуацијата преку ноќ, принудувајќи ги земјите домаќини да одлучат дали да ја повлечат заштитата, да инсистираат на интеграција или да бараат да ги вратат бегалците дома.
Минатата година ЕУ ја продолжи заштитата на бегалците до април 2026 година, но секое идно продолжување ќе биде на годишно ниво, анализира медиумот.
Секоја земја на ЕУ ја толкува директивата во своето национално законодавство на различен начин, што значи дека Украинците се третираат различно во зависност од тоа каде се населиле.
Европската комисија почна да ги разгледува следните чекори, вклучително и продолжување на привремената заштита, помагање на луѓето да преминат кон национален статус за работа, студирање или обединување на семејството, како и поддршка за оние кои ќе одлучат да се вратат во Украина.
Според „Јуроактива“, ЕУ ќе го разгледа ова прашање на следниот состанок на Советот на министри за внатрешни работи во јули.
Свет
(Видео) „На, на, на, еј збогум“ – Белата куќа критикувана поради видеото со миграцијата

Белата куќа се најде на удар на критики по објавувањето на видеото на кое се гледа депортацијата на илегалните мигранти со текстот „На, на, на, на, на, на, на, на, еј, еј збогум“ во заднина.
Видеото беше објавено вчера, а многу бргу предизвика бран негодувања на социјалните мрежи. Многу корисници го нарекоа дехуманизирање.
Не е првпат администрацијата на Трамп да меша депортации со поп-музика. Белата куќа пред неколку недели сподели уште едно видео. Текстот на песната е цитиран заедно со видеото, што е очигледна референција за затворање и заминување.
View this post on Instagram
Но, членовите на бендот воопшто не биле задоволни од ваквата интерпретација на нивната музика. Бендот објави официјално соопштение во кое ја осудува употребата на нивната песна без дозвола и јасна порака до тимот на Трамп.
„Ние на кој било начин не ја одобривме употребата на нашата песна ‘Клосин тајм’“, напишаа „Семисоник“.
„Не нè ни прашаа. Песната е за радоста, за можностите и за надежта и целосно ја промашиле поентата“, додаваат тие.
Нивниот одговор бргу се прошири на социјалните мрежи и беше прегледан повеќе од седум милиони пати, со коментари за поддршка од многубројни фанови и музички колеги.
Многумина предложија бендот да поднесе тужба. Сепак, се чини дека тоа нема да се случи. Имено, Ден Вилсон, фронтмен и главен автор на песната, го продаде целиот свој музички каталог во 2021 година на „Прајмари вејв мјузик паближинг“. Тоа значи дека тие сега ги имаат правата на сите песни, вклучувајќи ја и „Клосинг тајм“, и на тој начин одлучуваат за можните правни чекори.