Контакт

Македонија

Колумна на проф. д-р Гордан Калајџиев: Црни денови за уставниот поредок – анализа на предложените измени во Законoт за рестрикциите

Објавено пред

Владата е свесна дека борбата со криминалот и корупцијата е веќе солидно уредена во домашното и меѓународното право, но наводно верува дека со законските измени ќе придонесе за поголема ефикасност во борбата со овие појави, а особено да се поттикне јавното обвинителство ревносно да постапува по сомневањата за висока корупција. Поконкретно, битна цел на Владата наводно е да се обиде да се провоцира брза и енергична реакција на јавното обвинителство и другите надлежни органи врз основа на т.н. црни листи на Владата на САД, сė поактуелни во последно време. Но, правен основ за мерка со која се ограничуваат човековите права не може да биде правен акт на друга држава (уште помалку некаква „црна листа“, во суштина политичка одлука, донесена без учество на лицето на кое се однесува). Правни акти на друга држава (особено ако со нив се ограничуваат правата на граѓаните) не може да имаат важност без да бидат признаени во согласност со домашното и меѓународното право. Дури и судските пресуди мора прво да се признаат, а еден од условите е тие да се донесени во постапка во присуство на лицето на кое се однесуваат. За да ја прикрие оваа тешкотија, предлагачот ќе завлезе во цела една правна авантура.

dobivaj vesti na viber
  1. Субјекти на постапката

Органи (субјекти) иницијатори на постапката за мерките се МВР, АНБ, АР и УФР кои носат предлог за изрекување или престанок на мерките за што одлука донесува Владата. Како иницијатор, на барање на странска држава, може да се јави и МНР. Од каде Владата ќе црпи обучени кадри за вакви истражни капацитети не е засега јасно, но може да се очекува создавање на нови административни капацитети. Поважно (и поопасно) е што некои од споменатите државни органи не се воошто замислени да се бават со вакви активности, немаат соодветни овластувања за собирање или проверка на тој тип информации бидејќи се специјализирани за други функции  и не даваат гаранции за законито постапување и почитување на правата и слободите на граѓаните! Посебно се спорни разузнавачките агенции. Заради посебниот начин на нивно делување и спецификите на нивната функција, а особено недостатокот на процесни гаранции за лицата за кои овие собираат податоци, овие служби директно не продуцираат докази заказнената постапка.

Најголем проблем во донесување на мерките е прескокнувањето на судот (јавното обвинителство). Денес судот се смета за главен заштитник на човековите права, а во случајов се засегнати презумпцијата на невиност, правото на мирно уживање на приватната сопственост и политичките права на учество на избори. Сосема непотребно, но и сосема намерно, извршната власт се става над судската заради изразено незадоволство од ефективноста и брзината во постапувањето на судските власти и јавното обвинителство, со што практично се врши отворен удар врз уставниот поредок со кршење на 11 одредби на Уставот.

Ставањето на Владата на чело на борбата со корупцијата и организираниот криминал не само што го крши Уставот и меѓународното право со самото тоа што е спротивно на начелото за поделбата на власта и на владеењето на правото, туку е спротивно на сите сознанија за корупцијата затоа што политичката елита на извршната власт по правило е мотор на корупцијата и впрочем по природата на работите е во најповолна положба да ја злоупотребува власта концентрирана кај неа.

Инаку, одредбите од предлогот што се однесуваат на тоа како ние од друга држава или од ЕУ ќе бараме да воведат рестриктивни мерки (чл. 5 ст. 4) се без основ бидејќи тоа се прави со меѓународен договор, а такво нешто нема, па верувам дека одредбите се ставени за да личи како божем има некаков реципроцитет со другите држави и не е сериозно.

  1. Има ли во предлогот (нови) инкриминации?

Се плашам дека со предлогот казнивоста арбитретрно се проширува со инкриминирање на т.н. балон концепти или омнибус инкриминации кои не се јасно дефинирани и кријат потенцијална опасност од арбитрерност и злоупотреби на државниот апарат на присилба. Концептот што посебно боде очи е оној на „хибридните закани“, релативно нов концепт применлив во безбедносниот и разузнувачкиот сектор, но би рекле целосно неприфатлив за казненото право засновано врз јасната законска определеност на кривичните дела и на казните одн. санкциите.  Казненото право бара предвидливост на поведението со јасно определени дејствија на извршување на кривичните дела и прекршоците. Без тоа казненото право и не би можело да биде морален водич за поведението на поединците (и правните лица). Nulum crimen nula poena sine lege! На ова може да се додаде – нема казна без правична судска постапка!

Не е помалку спорен и концептот на корупција. Точно е дека во КЗ имаме десетина кривични дела што ги сметаме за коруптивни (чл. 353, 353в, 357, 358, 358а, 359 од КЗ), но концептот корупција е несомнено поширок и не секоја форма на корупција оправдува нејзино инкриминирање и санкционирање (на пример, ситната корупција, т. н. врски и сл.). Не е јасно зошто имало потреба законот да се обременува и со „други кривични дела против службената должност“ (цела Глава XXX од КЗ), кои ги има многу, а досега немало поголеми тешкотии во нивната примена. Во крајна линија, не е јасно зошто се користи терминот „други“ (некои од овие дела) а не „другите“ (сите од оваа глава на КЗ), во смисла на тоа кој и врз основа на кои критеријум ќе прави евентуално разлика меѓу овие кривични дела и зошто.

Ден денес мака мачиме и со дефинициите за организиран криминал и тероризам, за што тука нема да се задржиме со оглед на тоа што за овие сепак постои обемна литература и меѓународна регулатива. Само ќе потсетам колку врева се дигна околу прашањето дали кривичното дело од чл. 313 КЗ Терористичко загрозување на уставниот поредок применето врз сторителите од настаните во Собранието на Република Северна Македонија од 27ми април е тероризам или не и дали тие што упаднаа во собранието се терористи или не се! На крајот, предлагачот како да не е сигурен дали во законот да го опфати и перењето пари, кое се појавува тука и таму. Имено, перењето пари вообичаено оди заедно со појавите што се таргетираат, но овде изречно се споменува само во воведот кон законот и во член. 4 при дефиниција на субјектите.

  1. Има ли во предлогот нови санкции?

Финансиски мерки се чинат особено важни, а би рекле и особено спорни. Прво, финансиски мерки не е многу јасен поим. Некои мерки се привремени, на пример замрзнувањетто, други се санкции или казни и сл. Така, во чл. 96 б од КЗ предвидени се санкции слични со ваквите мерки против правни лица, но како казна изречена од суд по спроведена постапка.

Во ЗКП имаме замрзнување на определени трансакции (за волја на вистината, во практика по правило се замрзнуваат целите сметки) од чл. 200 и привременото одземање имот или предмети заради обезбедување од чл. 202 ЗКП. Споменавме и дека многу краткотрајно замрзнување на трансакции има согласно Законот за спречување на перење пари и финансирање на тероризам.

Мерките се нејасни и недоволно определени за да може да повлечат вакви сериозни последици. Имено, секое дејствие што повлекува санкции мора однапред да биде јасно определено како противправно и како кривично дело или прекршок. Во законот како основ за мерките се споменуваат широки правни и безбедности концепти. Најспорен е концептот на т.н. „хибридни закани“. Се работи за нов концепт што се користи бо безбедносната и разузнавачката сфера и опфаќа многу разновидни активности од кои некои не се предвидени како казненни дела. Слично е и со корупцијата која во некои свои форми е предвидена како казниво дело, но не секоја форма на корупција. Ова е општо познато и затоа ако се предвидува воведување нови „рестриктивни“ мерки, тие треба да се врзат со конкретни кривични дела (мене не ми изгледа оправдано еден ваков потенцијал за злоупотреби да се користи за обични прекршоци).

Предлагачот нема јасна слика за карактерот и целта на мерките. Така. прво сугерира дека со мерките директно се сузбиваат тероризмот, криминалот и корупцијата велејќи дека мерките се насочени директно „против“ овие појави и со нив тие се сузбиваат, но од карактерот на мерките и нивната привременост повеќе личи дека тие треба да обезбедат одземање на имотната корист и конфискација по завршување на кривичната постапка (а кривична постапка се води само за кривични дела).

  1. Правен основ за мерките

Целава приказна со правниот основ е усилена. Освен мерките кои и досега според постојниот закон можеа да се определат врз основа на одлука на Советот за безбедност на ОН, сė друго е погрешно и едноставно измислено! Знаеме дека идејата е всушност да се најде начин како „црните листи“ на Владата на САД да добијат правен ефект во домашното право. Колку и да ги почитуваме и сакаме, САД се само една странска држава за која важат истите правни правила како и за сите други држави. Тоа што се наш „стратешки партнер“ не менува ништо, затоа што договорот за стратешко партнерство не предвидува ништо вакво. Само по себе се разбира дека со нашите партнери ќе остваруваме поблиска правна и друга соработка но помошта што ни ја даваат мора да биде во рамни на правниот поредок. Велика Британија е додадена за САД да не се сами, а во Европската Унија не сме членки ниту имаме правни прописи што би креирале некаков правен основ во оваа смисла. Навистина не знам како само Владата собрала сила да влезе во ваква правна импровизација кога сфатила дека никаде во Светот такво нешто не е можно. Други „правни акти на други меѓународни организации во кои членува Република Северна Македонија во согласност со меѓународното право“ не постојат за оваа проблематика и тука ќе се поштедиме од непотребна елаборација за тоа дали месечината се врти околу земјата.

  1. Разумни основи за сомневање

За преземање на мерките предлогот на законот бара против лицата да „постојат разумни основи за сомневање дека учествуваат или на кој било начин се поврзани со активности на тероризам и/или пролиферација, како и против (!?) корупција и други кривични дела против службената должност, организираниот криминал и хибридни активности против државата“.  Барањето да постои некакво разумно сомневање ја нема онаа гарантна улога за минимизирање на злоупотреби ако не може да се тестира пред судот како незвисен заштитник на правата и законитоста. Малку е нејасно и тоа дали разумните основи за сомневање се потребни само за домашните иницијативи или се дополнителен услов и при постоење на црните листи како правен основ. Како и да е, стандардот да се бара разумно сомневање за да може да се поведе определена рестриктивна постапка нема значење ако не се тестира пред судот, но многу поважно е што тој стандард воопшто не се предвидува ако мерките се воведуваат по основ на одлука за т.н. црни листи на Владите на САД и Велика Британија.

  1. Траење на мерките

Голем проблем е можното долго траење на мерките, кое сега предлагачот се обидува да го прикаже како некакво наводно кусо (времено) траење на мерките, но сите што се бавиме со оваа проблематика знаеме дека постапките заради комплексноста на истрагите во овие области постапките траат со години, некогаш и по 4, 5 и повеќе години. За неколку години правните лица погодени со мерките не можат да преживеат и ќе пропаднат, а постапки што би следеле пред домашните и меѓународните судови и арбитражи многу ќе го чинат буџетот. Можни штети ќе настанат и ако законот падне на Уставен суд или во Стразбур. Да потсетиме и тоа дека досега согласно Законот за перење на пари и финансирање на тероризам извршната власт (УФР) можеше по исклучок во ситуации на итност да определува строго временски лимитирани мерки на замрзнување натрансакции за време од 24 часа. Во оваа смисла, штетата од мерките од повеќе аспекти ќе ја надмине користа од истите и затоа тие во ваква форма не смеат да се усвојат.

  1. Односот со јавното обвинителство (и кривичната постапка)

Едно од најголемите изненадувања што предизвика бурни ракции е предвидувањето обврска јавното обвинителство да поведе кривична постапка врз основа на „црните листи“ на САД. Ова е во спротивност со уставната положба на јавното обвинителство како единствен и самостоен орган што ги гони сторителите на кривичните дела (чл. 106 од Уставот). Додуша овој важен член од законот е многу нејасно напишан, при што предлогот до обвинителството прво се нарекува „иницијатива“, за текстот што следи да личи како обврска за обвинителството.

Сепак, од изјавите на претставници на Владата може да се заклучи дека обврската на обвинителството да постапува е главна идеја на целиот овој контроверзен законски проект. Но да видиме дали ова што сега се предлага како законско решение е соодветно. Имено, познато е дека нашето казнено процесно право е засновано врз принципот на легалитет на кривичното гонење, што значи право и должност да се гонат сторителите на кривичните дела ако постојат докази дека е сторено кривично дело и кога за тоа се исполнети законските услови (чл. 18 ЗКП). Имено, ЗКП е недвосмислен кога уредува во кои сė случаи јавниот обвинител ќе ја отфрли кривичната пријава одн. нема да поведе кривична постапка (чл. 288 ЗКП). Во постапката на оценување на кривичната пријава законодавецот наведува низа правни околности, чие постоење претставува правна пречка за кривично гонење од материјалноправен и процедурален карактер (ако делото не е кривично дело кое се гони по службена должност, ако настапила застареност или ако е делото опфатено со амнестија или со помилување, ако постојат други околности што го исклучуваат гонењето или ако не постојат основи на сомневање дека пријавениот го сторил кривичното дело). Ако јавниот обвинител утврди дека нема докази за постоење на кривично дело или при постоење на споменатите процесни  пречки, тој е должен да ја отфрли кривичната пријава.

Но, предлогот тука не запира туку напротив продолжува со своевидно силување налагајќи „Јавниот обвинител по приемот на Одлуката и Иницијативата од ставот 1 на овој член согласно законот за кривичната постапка предлага итна привремена мерка за обезбедување до надлежниот суд, како и/или постапка за конфискација на имот во кривична или граѓанска постапка доколку се исполнети условите согласно закон и во роковите пропишани со Закон за кривичната постапка.“ Владата и овде се поставува како некаков шеф или ментор на јавното обвинителство и му кажува како ќе постапува во сферата на неговите законски овластувања, права и должности.

Згора на ова, според предлогот „Започнувањето на кривичната постапка согласно Законот за кривичната постапка до донесувањето на правосилна судска пресуда, има за последица ограничување на правата кои настапуваат со одобрување на обвинителниот акт од страна на судот.“ Па така, „за лицата – носители на јавни функции настанува последица привремена забрана лицето да се кандидира за јавна функција (избрана или именувана), односно привремено суспендирање/оддалечување од вршење на јавната функција.“ Ограничувањето на правата и тука е автоматско (тригирано од Владата) а не со одлука на судот. Притоа не е јасно од кога точно се променува забраната со оглед на тоа што започнувањето на кривичната постапка (чл. 19 ЗКП) и одобрувањето на обвинителниот акт (чл. 319-344 ЗКП) не се поклопувааат, туку постапката почнува многу порано од обвинението.

Но, ова не е сė, на физичките и правните лица им се забранува учество во јавни набавки, договори за концесии, јавно-приватно партнерство, аукции, отуѓување/ пренос/ подарување надвижен и недвижен имот, подигање кредити и склучување на  јавни договори и други сродни правни работи како и ставање во мирување на лиценците и овластувањата за вршење на дејност. Сериозни санкции, девастирачки за повеќе бизниси, без судска одлука или какви било процесни гаранции.

  1. Европски стандарди за правото на мирно уживање на сопственоста

Строги процесни гаранции поврзани со привремени мерки во казнената постапка востановува Европскиот суд за човекови права со цел да се обезбеди правото на мирно уживање на приватната сопственост заштитено со Протоколот бр. 1 кон Европската конвенција за човековите права.

Секој судир со правата предвидени со членот 1 од Протоколот бр. 1 мора да ги исполнат барањата на законитост (Vistiņš and Perepjolkins v. Latvia [GC], § 95; Béláné Nagy v. Hungary [GC], § 112). Постоењето на правна основа во домашното законодавство не е доволно, само по себе, да го задоволи принципот на законитост. Дополнително, правната основа мора да има соодветен квалитет, имено да биде компатибилна со владеењето на правото и мора да обезбеди слобода или гаранции против произволно одлучување (East West Alliance Limited v. Ukraine, § 167). Дури и превентивните мерки за конфискација, изречени при непостоење на кривична осуда, како такви, не претставуваат прекршување на член 1 од Протоколот бр.1. Функционирање на претпоставката дека имотот на лицата за кои се сомнева дека припаѓаат на криминална организација е приход од нелегални активности, ако предметниот процес му овомозможува на сопственикот разумна можност својот случај да го изнесе пред надлежните органи, не е забрането само по себе, особено ако на судовите им е овозможено своите одлуки да ги донесуваат и да ги засниваат само врз сомнежи. (Arcuri and Others v. Italy (dec.)).

„Членот 1 од Протоколот бр. 1 исто така предвидува дека секое mешање мора да биде разумно пропорционално со целта која треба да се реализира (болдирањето во текстот е наше). Со други зборови, мора да се постигне „праведна рамнотежа“ помеѓу барањата на општиот интерес на заедницата и барањата за заштита на основните права на поединецот. Потребната рамнотежа нема да биде постигната ако засегнатото лице или лица морале да сносат индивидуален и прекумерен товар“.

Што се однесува до пропорционалноста, Судот повторува дека секое мешање во мирнотоуживање на нечијимот мора да постигне правична рамнотежа помеѓу барањата на општите интереси на заедницата и барањата за заштита на основните права на поединецот. Грижата за постигнување на оваа рамнотежа се рефлектира во структурата на член 1 како целина.Потребната рамнотежа нема да биде постигната ако засегнатото лице морало да поднесе индивидуален и прекумерен товар. Со други зборови, мора да постои разумен однос на пропорционалност помеѓу потребените средства и целта што се бара да се реализира (погледнете East West Alliance Limitedцитирано погоре, § 168).

 

  1. Заклучок – целта не ги оправдува сретствата

Затоа, предлагаме борбата со корупцијата и организираниот криминал да се држи до инструментите, мерките и механизмите востановени со домашното право и меѓународните конвенции. Нема никаква пречка овие алатки и институции да се зајакнуваат а нивната домашна и меѓународна соработка да се унапредува и надрградува. Меѓутоа, идејата слабостите на правосудните институции да се компензираат со активности на владата (или на странски влади) со кои се крши уставниот поредок и меѓународните човекови права и слободи е едноставно погрешна и не одговара на степенот на нашата цивилизација.

ПР текст

Македонија

Грипот ја однесе првата жртва: почина 75-годишна жена

Објавено пред

Вирусот на грипот ја однесе првата жртва оваа зима. Седумдесет и петгодишна жена починала пред три дена на Клиниката за инфективни болести. Пациентката имала повеќе коморбидитети и не била вакцинирана против грип.

dobivaj vesti na viber

Во моментов на Клиниката се хоспитализирани 25 пациенти со компликации од грип, oд кои повеќето се возрасни лица со хронични заболувања и невакцинирани од грип.

Директорката на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), Марија Андоновска, пред неколку дена кажа дека пикот се очекува да биде во втората половина од овој месец и првата половина од февруари.

„Со враќањето на децата во училиште очекуваме дека и бројот на лица коишто ќе бидат заболени од грип или заболувања слични на грип може да биде зголемен“, рече Андоновска.

Институтот за јавно здравје препорачува оние коишто не се заболени да избегнуваат колку што е можно некакви собири или да престојуваат во простории или трговски центри каде што има голем број на луѓе, да избегнуваат контакт со веќе заболени лица или оние што ќе пројават некакви симптоми на кивање и кашлање. Често да се мијат раце со обичен сапун и вода, да се проветруваат просториите, да се почитуваат здрави животни навики – редовна хидратација со течности односно вода, лесна храна, витамини, минерали.

Прикажи повеќе...

Македонија

Зајкова: Една изборна единица има смисла само со отворени листи

Објавено пред

Претседателката на Либерално-демократската партија (ЛДП), Моника Зајкова, реагираше по одржаната лидерска средба во Клубот на пратеници, оценувајќи дека нејзиниот исход е „0 проценти економија и 100 проценти политика“.

dobivaj vesti na viber

„Очекуваниот исход од ‘лидерската’ средба е 0% економија и 100% политика. Една изборна единица има смисла само со отворени листи. Во спротивно, како и денес, само неколку мажи ќе продолжат да ја дефинираат судбината на Македонија, наместо граѓаните. Моќта и финансиите ќе останат кај нив, а за народот — трошки. Со отворени листи ќе има поодговорни народни избраници, а со тоа и повеќе пари за граѓаните“, напиша Зајкова на својот Фејсбук профил.

Од ЛДП посочуваат дека лидерската средба има смисла само доколку отвори суштински прашања што директно го засегаат животот и животниот стандард на граѓаните, а не доколку се сведе исклучиво на дилемата за укинување или задржување на техничката влада.

Во соопштението се наведува и дека, иако Зајкова е пратеничка и единствена жена-лидер на партија во Македонија, таа не добила покана за учество на средбата. Организаторите, како што се посочува, одлучиле да поканат само претставници на партии кои имаат пратенички групи во Собранието.

„Лидерските средби не треба да бидат поле за дневно-политички надмудрувања и покажување мускули, туку простор за носење решенија и одлуки што ќе придонесат за подобра иднина на сите граѓани“, наведуваат од Либерално-демократската партија.

Прикажи повеќе...

Македонија

„Пирамид Билдинг Солушнс“ бара извинување по обвинувањата на СДСМ: Работиме повеќе од 15 години без ниту еден скандал

Објавено пред

Компанијата Пирамид Билдинг Солушнс ДООЕЛ Скопје бара јавно извинување од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија во рок од 24 часа, поради, како што наведува, јавни напади, клевети и тенденциозно пласирани информации изнесени од претставниците на оваа партија на прес-конференциите на Јон Фрчковски и Петар Огненовиќ.

dobivaj vesti na viber

Во однос на обвинувањата за склучени договори со општини под водство на ВМРО-ДПМНЕ,  компанијата објаснува дека станува збор за селективно прикажување на факти со кое се создава искривена слика за нејзиното работење и се нанесува сериозна штета врз угледот, интегритетот и деловната репутација.

Оттука истакнуваат дека повеќе од 15 години успешно опстојуваат и работат на македонскиот пазар, без, како што наведуваат, ниту еден скандал, со доследно почитување на законите и процедурите и со континуиран раст базиран на квалитет и професионалност.

Во соопштението се додава и дека во јавните настапи на претставниците на СДСМ не бил спомнат клучен факт – дека токму во периодот на нивното владеење и раководење со институциите, компанијата добила значителен број договори за јавни набавки, кои биле целосно и успешно реализирани во согласност со законските прописи.

Како доказ за транспарентно и законско работење, компанијата доставува и табела со склучени и реализирани договори за јавни набавки по години и институции раководени од функционери на СДСМ.

„Апелираме бизнисот да се остави надвор од дневно-политичките пресметки и да не се користат инсинуации и неосновани обвинувања за политички цели“, се наведува во соопштението.

Од Пирамид Билдинг Солушнс порачуваат дека, доколку не добијат јавно извинување во наведениот рок, ќе бидат принудени да ги искористат сите расположливи правни механизми за заштита на своите права, углед и деловен интегритет.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија6 часа

Грипот ја однесе првата жртва: почина 75-годишна жена

Вирусот на грипот ја однесе првата жртва оваа зима. Седумдесет и петгодишна жена починала пред три дена на Клиниката за...

Свет7 часа

И Македонија на листата на земји во кои САД ја запираат обработката на имигрантски визи, според „Фокс Њуз“

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ја запира обработката на имигрантски визи за апликанти од 75 земји, соопшти во средата...

Македонија8 часа

Филипче: Нема услови за укинување на техничката влада

Претседателот на опозициската СДСМ, Венко Филипче, на прес-конференција изјави дека укинувањето на техничката влада треба да се случи дури кога...

Македонија10 часа

(Видео) Мицкоски: Техничката влада треба да замине во минатото, но ако СДСМ мислат дека е потребна за следните избори, во ред, прифаќаме

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на прес-конференцијата по завршување на лидерската средба извести дека сите присутни се согласиле дека техничката...

Економија12 часа

Мој ДДВ не се укинува – налозите за исплата во февруари се подготвуваат, извести УЈП

Управата за јавни приходи ги демантира написите во дел од медиумите дека се укинува мерката „МојДДВ“. „Јасно и недвосмислено истакнуваме...

Топ13 часа

Загина маж во пожар во стан во Тетово: со изгореници се здобило уште едно лице

Вчера во 19:20 часот во СВР Тетово е пријавено дека на улицата „180“ во Тетово настанал пожар во стан, сопственост...

Македонија14 часа

Oбјавена листата на најмоќните пасоши за 2026 година: Македонија бележи напредок

Азиските земји продолжуваат да доминираат на рангирањето на најмоќните пасоши во светот, според најновиот извештај на „Henley Passport Index“. Сингапур...

Македонија15 часа

(Видео) Димитријевиќ: Кој оди на средба со Мицкоски легитимира криминал и изолација на земјата

Сите што денеска ќе одат на средба со Мицкоски за укинување на техничката стануваат соучесници во легитимирање на криминалот и...

Македонија15 часа

За новогодишно украсување, општините дале 785 илјади евра – најмногу пари потрошила Општина Штип

За новогодишно украсување, општините потрошиле 785 илјади евра, а 78 отсто од вредноста е концентрирана кај една фирма. Ова го...

Македонија17 часа

Вељаноски за техничката влада: Eксперимент кој предизвикува штета за државата

За поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски, техничката влада е експеримент кој како што оценува, предизвикува повеќе штета од корист...

Свет19 часа

Денешниот состанок во Вашингтон ја одлучува судбината на Гренланд

Денес во Белата куќа се одржува состанок кој би можел да ја одреди иднината на Арктикот, но и на самиот...

Свет19 часа

Трамп: Сакам да победам во Иран, обожавам да победувам

Претседателот на САД, Доналд Трамп, се закани дека ќе „преземе многу силни мерки“ ако иранските власти почнат да ги бесат...

Македонија20 часа

Лидерска средба за техничката влада, СДСМ одби да учествува

Во Клубот на пратениците денеска треба да се одржи лидерска средба на премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, со...

Свет1 ден

(Видео) Премиерот на Гренланд: Ако треба да избереме помеѓу САД и Данска, ја бираме Данска

Премиерот на Гренланд изјави дека доколку неговиот народ мора да избере „тука и сега“, ќе ја избере Данска пред САД....

Европа1 ден

Поранешни вработени го обвинија Хулио Иглесијас за сексуална злоупотреба, откриени детали

Шпанскиот пејач Хулио Иглесијас е обвинет за сексуален напад од страна на две поранешни вработени, кои тврдат дека биле подложени...

Македонија1 ден

(Фото) Тошковски на проштална средба со амбасадорката Агелер: САД остануваат клучен стратешки партнер во безбедноста

Министерот за внатрешни работи на Република Северна Македонија, Панче Тошковски, денеска оствари проштална средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави...

Европа1 ден

Зеленски се обиде да го назначи поранешниот премиер за министер за енергетика, парламентот го одби

Украинските пратеници го отфрлија назначувањето на министерот за одбрана во заминување Денис Шмихал за министер за енергетика, што е ретка...

Свет1 ден

Бројот на жртви варира во голема мера: „Иран Интернешнл“ тврди дека најмалку 12.000 луѓе се убиени во протестите

Се појавуваат извештаи за илјадници жртви во немирите во Иран, што би претставувало најголем број смртни случаи во протестите од...

Свет1 ден

Каја Калас: Историјата е полна со примери за паѓање на режими, но прашањето е што следува потоа

Високиот претставник на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас, изјави дека е неизвесно што ќе се...

Македонија1 ден

Времето утре – сончево со мала до умерена облачност, максималната температура до 10 степени

Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен...