Спорт
Милан му нуди нов договор на Лука Јовиќ

Лука Јовиќ со своите голови на неколку натпревари му донесе важни победи на Милан, со кои клубот остана во трката за шампионската титула во Серија А.
Јовиќ постигна седум гола на 19 натпревари за Милан, што е негов најдобар учинок во изминатите четири години што ги мина во Реал и Фиорентина. Тој навести враќање во формата во која играше во Ајнтрахт, што го забележа и Милан и најави дека ја разгледува можноста да го задржи напаѓачот подолго од претходно договореното.
Јовиќ има договор со Милан до крајот на сезоната, со можност за продолжување на една или две сезони. Според италијанските медиуми, челниците на Милан имаат намера да разговараат за една од двете можности за продолжување на договорот со менаџерот на српскиот репрезентативец.
„Газета дело Спорт“ објави дека средбата е закажана за крајот на неделата.
Според овој извор, Јовиќ е подготвен да остане во Милан, но ќе бара финансиски подобар договор.
Преговорите ги олеснува фактот што на крајот од сезоната најверојатно клубот ќе го напушти искусниот Оливие Жиру, па на Милан ќе му биде поисплатливо да му ја зголеми платата на Јовиќ отколку да купи нов напаѓач.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Пулишиќ промаши пенал – Нула во дербито Јувентус-Милан

Фудбалерите на Јувентус и Милан одиграа без голови во натпреварот од 6-то коло на Серија А.
Ова беше 245-та средба меѓу двата тима, која на крајот заврши со најнепопуларниот резултат. Милан петти меч по ред не успеа да постигне гол против Јувентус, последен пат росонерите, постигнаа гол против екипата од Торино во мај 2023 година.
Кристијан Пулишиќ не ја искористи најдобрата шанса на натпреварот, промаши пенал во 53-та минута.
Неколку минути пред пеналот на Пулишиќ, нјдобрата шанса за Јуве не ја искористи Гати, неговиот удар од пет метри брилијантно го одбрани Мењон.
Милан беше многу поблиску до победата, имаше повеќе шанси, беше поконкретен од ривалот кој, освен гореспоменатиот обид на Гати, не направи речиси ништо конкретно во нападот.
Спорт
(Видео) Пресврт на „Марадона“ – Наполи ја победи Џенова

Фудбалерите на Наполи ја победија Џенова со 2:1 во натпреварот од 6-то коло на Серија А.
Наполи успеа да ја оствари својата петта победа оваа сезона во Серија А, откако по пресврт ги победи гостите од Џенова.
Џенова поведе во 33-та минута преку Екатор. Напаѓачот на Џенова постигна спектакуларен гол со петица.
Во второто полувреме, Наполитанците ја обезбедија победата. Изедначи Самбо Ангиса во 57-та минута за израмнување и надеж дека Наполи може да ја продолжи трката со Рома.
Голот за победа го постигна Расмус Хојлунд во 75-та минута. Данецот игра како прероден во Наполи, каде дојде на позајмица од Манчестер Јунајтед. Во средата, со два гола му ја обезбеди победата на наполи над Спортинг во Лигата на шампионите.
Наполи со оваа победа се изедначи со Рома на челната позиција, двата тима имаат по 15 поени.
Foto/ EPA
Спорт
(Видео) Лесно му е на Сити кога го има Халанд

Фудбалерите на Манчестер Сити го победија Брентфорд со 1:0 во последниот натпревар од седмото коло од Премиер лигата.
„Граѓаните“ беа големи фаворити пред натпреварот, добро го отворија натпреварот, делуваа сигурно во првиот дел, но во вториот не направија буквално ништо пред голот на противникот. Сепа за тимот на Гвардиола најважна е победата.
Единствениот гол на натпреварот беше постигнат во деветтата минута, кога голманот на Брентфорд го совлада Ерлинг Халанд.
Сити го забележа четвртиот триумф во сезоната, сега се наоѓа на петтото место на табелата со 13 бода, три помалку од лидерот Арсенал.