Спорт
Осимен го пропушта полуфиналето против Јужна Африка?
Неизвесен е настапот на нигерискиот фудбалер Виктор Осимен во полуфиналниот натпревар од Африканскиот куп на нации (КАН), против Јужна Африка поради здравствени проблеми.
Фудбалерот на Наполи почувствувал болки во стомакот, па бил задржан на лекарски прегледи и постои можност да го пропушти полуфиналниот натпревар против Јужна Африка, објави денеска „Атлетик“.
Осимен во досегашниот тек на КАН постигна еден гол и забележа една асистенција на пет натпревари.
Натпреварот меѓу Нигерија и Јужна Африка се игра во среда од 18:00 часот во Буаке.
Нигерија досега три пати беше победник на КАН, а доколку ја победи Јужна Африка во финалето ќе игра со победникот од дуелот Брегот на Слоновата коска – ДР Конго.
Африканскиот куп на нации се игра во Брегот на Слоновата Коска од 13 јануари до 11 февруари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Таткото и синот Џејмс заедно на теренот
Леброн и Брони Џејмс прво играа заедно во тимот на Лос Анџелес Лејкерс.
Во контролен натпревар Лејкерси загубија од Феникс Санс со 118:114, а членовите на семејството Џејмс официјално дебитираа и испишаа историја, бидејќи прв пат откако постои НБА лигата, син и татко беа заедно на теренот.
Таткото за 16 минути постигна 19 поени, со пет скока и четири загубени топки, додека синот доби 13 минути, без конкретен учинок, нула поени, две блокади и четири загубени топки.
LeBron James. Bronny James.
The father-son duo share the court for the first time together! 👏 pic.twitter.com/93hC7k64gK
— NBA (@NBA) October 7, 2024
Спорт
Фонсека: Пулишиќ ги шутира шеналите, ова не смее да ни се повтори
Милан не успеа да го избегне поразот од Фиорентина на „Артемио Франки“. Давид Де хеа им одбрани два пенали на гостите, со што им овозможи на соиграчите да слават со 2.1. Инаку пенал не реализираа и домашните, при резултат 0:0, Мањан го одбрани ударот на Кен.
Тренерот на Милан, Пауло Фонсека, по мечот истакна дека им е лут на фудбалерите бидејќи не ја почитувале хиерархијата, бидејќи како што истакна главен изведувач на пенали е Кристијан Пулишиќ.
„Секако дека сум вознемирен бидејќи играчите самоиницијативно решаваа кој ќе шутира. Пулишиќ треба да ги шутира. Тоа никогаш повеќе не смее да се повтори, тоа им го кажав на играчите“, изјави Фонсека, кој по натпреварот имаше бурна средба со играчите.
Инаку, Де Хеа прво му одбрани пенал на Тео Ернандез, а потоа и на Тејми Ејбрахам.
Спорт
Винисиус поради повреда нема да игра за Бразил
Фудбалерот на Реал Винисиус Жуниор поради повреда ќе го пропушти натпреварите на репрезентацијата на Бразил против Чиле и Перу во квалификациите за СП 2026 година, пренесуваат шпанските медиуми.
Винисиус се повреди во саботата навечер на натпреварот од деветтото коло, меѓу Реал и Виљареал (2:0). Тој го постигна вториот гол за Реал во 73. минута, но шест минути подоцна беше заменет поради болки во вратот.
Реал на својата официјална веб-страница објави дека Винисиус заработил повреда на вратот на натпреварот против Виљареал и соопшти дека подоцна ќе биде објавено колку долго ќе треба да паузира бразилскиот фудбалер.
Шпанските медиуми пишуваат дека Винисиус нема да игра за Бразил на натпреварите против Чиле (11 октомври) и Перу (16 октомври), но треба да биде подготвен за натпреварот од 10. коло на Ла Лига меѓу Селта и Реал, кој е закажан за 19. октомври.
Бразилскиот фудбалер оваа сезона одигра 12 натпревари за Реал и постигна четири гола.