Македонија
Дијабетичарите пак молат за инсулин, недостига терапијата без која не можат, Сојузот ги советува да бараат замена
Сојузот на здруженијата на дијабетичарите на Северна Македонија извести дека повторно има недостиг на инсулин.
Од СЗДСМ велат дека за овој проблем се обратиле до Министерството за здравство, од каде што им било одговорено дека поради ревидирање на количините „ризодег“ во согласност со количните предивдени во реализација на тековниот тендер, се делат само останати количини по бројка.
„За жал, повторно ни се случува недостиг на инсулин за кој поставивме прашање до Министерството за здравство, од каде што добивме официјален одговор дека поради ревидирање на количините ‘ризодег’ во согласност со количините предвидени во реализација на тековниот тендер, се делат само останати количини по бројка, а за сите други пациенти треба да се консултираат со своите специјалисти еднокринолози/дијабетолози и заеднички да направат вистински избор за замена на инсулинската терапија“, соопшти СЗДСМ.
Од Сојузот информираат дека се појавува недостиг на терапија со „оземпик“ и „рибелсус“.
„Побаравме информација од Министерството за здравство, чиј одговор во моментот не мислиме дека е реален и продолживме со консултација со компаниите. Нашите информации говорат дека има терапија за сите постојни пациенти до потпишувањето на договорот за набвака и планираните дополнителни количини, но, за жал, не сите и секој ја добива континуирано и навремено. Затоа ќе споделиме дополнителен став за состојбата со овие терапии“, велат од СЗДСМ.
Од таму додаваат дека моментната состојба „само ги потврдува нашите долгогодишни барања за промени во моделот на достапност на терпија и помагала со отворен пазар и воведување референтни цени. Ние сакаме сериозно да им го подигнеме квалитетот на животот на лицата со дијабетес со конкретни мерки и активности од државата“.
Од СЗДСМ апелираат на сериозност на Министерството за здравство и транспаретно да се дејствува и навремено да имаме информации во тековниот период.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во прекин сообраќајот на граничниот премин Евзони
Од 17:30 часот сообраќајот на граничниот премин Евзони (Богородица) е во прекин, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Македонија
Во наредните десет дена изменет сообраќаен режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта
СВР Охрид информира дека од денеска во наредните десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта, општина Дебрца.
„На овој патен потег, сообраќајот ќе се одвива наизменично по левата сообраќајна лента гледано во правец од Охрид кон Кичево поради што, апелираме до возачите, крајно внимателно и со прилагодена брзина да ги управуваат своите патнички и други моторни возила и во согласност со поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација“, соопштуваат од СВР Охрид.
Македонија
СДСМ: „Тефтерчињата“ во судството од времето на Никола Груевски се вратија
„Го сменија јавниот обвинител за да постават обвинител под своја контрола. Сопруга на градоначалник од ДПМНЕ назначија за член на Судскиот совет, поставија партиски човек во Советот за јавни обвинители. ‘Тефтерчињата’ во судството од времето на Никола Груевски се вратија“, велат од СДСМ.
„Сите знаат, следува целосно погребување на правдата. Со неуставна Резолуција во Собранието ДПМНЕ-ЗНАМ ја гушат демократијата, слободата на говор и се обидува да ја замолчи опозицијата да не зборува за договорот мигранти за пари.
Дури и Катица Јанева ја пуштија од затвор. Три години порано ја пуштија надвор од затвор за 3 месеци да тера кампања. Copy-paste сценарија како методите на Никола Груевски и Вучиќ. Режим 2.0.
Затоа е потребен широк фронт за правда на сите слободоумни граѓани, опозициски партии, прогресивни сили, здруженија. Заедно ќе ја одбраниме демократијата, заедно ќе ја одбраниме Македонија!“, се наведува во соопштението на СДСМ.

