Скопје
Општина Гази Баба ќе дава субвенции за купување нов велосипед
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/02/јавенповик-гази-баба.jpg)
Општина Гази Баба објави Јавен повик за субвенционирање на граѓаните за купување на нов велосипед.
За јавниот повик со објава на својата официјална страна на фејсбук, информираше и градоначалникот Бобан Стефковски.
„Ве информирам дека е објавен јавниот повик за субвенционирање на граѓаните на општина Гази Баба за купување на нов велосипед! Право на учество на Јавниот повик имаат жителите на општина Гази Баба, кои ќе купат нов велосипед од Република Македонија во период од денот на објавувањето се до 30 ноември 2024 година односно до исцрпување на средствата наменети за оваа намена со Буџетот на Општина Гази Баба и кои немаат искористено субвенција за купување на нов велосипед.
Средствата што Општина Гази Баба ќе ги субвенционира се во износ од 50% од вредноста на велосипедот, но не повеќе од 4.000,00 денари по лице, со вклучен персонален данок. Ги повикувам граѓаните на општина Гази Баба да ја искористат можноста и да аплицираат за добивање на субвенции“, напиша Стефковски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Скопје
Санкционирани 153 непрописно паркирани возила во општина Центар
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/3-7.jpg)
– ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје санкционираа 153 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.
Во периодот од 17.06. до 23.06.2024 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 75 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „Блокатор“ санкционирани се 78 возила кои биле затекнати на резидентни паркиралишта, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани.
„За трајно решение на сообраќајниот метеж и проблемот со неправилното паркирање неопходна е поголема сообраќајна култура, затоа ЈП ПОЦ и СВР Скопје во наредниот период ќе продолжат со секојдневно отстранување на сите непрописно и несовесно паркирани автомобили во Општина Центар со цел да се подигне сообраќајната свест на повисоко ниво и да се зголеми безбедноста во сообраќајот“, велат од ЈП паркинзи.
Скопје
ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје со засилени активности за расчистување по вчерашното невреме
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/viber_image_2024-06-24_07-40-33-157.jpg)
ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје утринава спроведува засилени активности за расчистување по обилните дождови, што во текот на вчерашната ноќ го зафатија градот Скопје.
Во координација со Град Скопје, екипите на претпријатието реализираат активности за расчистување на јавните и на сообраќајните површини со цел да се овозможи проодност на движењето на пешаците и безбедно одвивање на сообраќајот.
ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје работи со максимален капацитет и ангажираност на сите расположливи работници на терен, како и употреба на целокупната механизација. Активностите се одвиваат во сите скопски општини, комплетно се расчистени и прооднки булеварот 16. македонска бригада во општина Гази Баба, булеварот Никола Карев (т.н. пластичарска улица), подвозникот на стоковната куќа „Мост“, подвозникот Павел Шатев, како и улицата Џон Кенеди во скопската општина Чаир, а во моментот во тек е расчистување на кружниот тек Беласица. Екипите на претпријатието се ангажирани и за повторно поставување на садовите за одлагање на отпадот, кои беа изместени во текот на невремето.
„Активностите ќе продолжат во текот на целиот ден во насока на целосно санирање на последиците од невремето на терен“, велат од таму.
Скопје
Без струја делови од општините Ѓорче Петров и Петровец
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/07/DSC_4799.jpg)
Без електрична енергија денеска ќе бидат делови од општините Ѓорче Петров и Петровец, соопшти РЦУК – Скопје.
Од 11 до 15 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од викенд населбата Кучково кон ресторанот Стара Буре во општина Ѓорче Петров, а во период од 08:30 до 14:30 часот без струја ќе бидат дел од корисниците во селата Горно, Долно и Сердно Коњаре, Сушица и Дивље во општина Петровец.