Македонија
Трипуновски: Бачовски вети дека контролите на терен ќе бидат крајно професионални и нема да има притисоци врз земјоделците
Дополнителниот заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски оствари работен состанок со директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој Никица Бачовски.
На средбата се разговараше за актуелните активности на АФПЗРР и забелешките кои земјоделците ги споделуваат при теренските посети на Трипуновски.
„Првата тема за која што разговаравме е за оние теренски контроли кои што ги прави во моментов платежната агенција кои што земјоделците ги чувствуваат како притисок и манипулација во овој предизборен период. Она што го добив како одговор од директорот за овие контроли, кои што се согласно закон, во најголем дел се завршени и останува уште мал дел кои што треба да се дозавршат во наредните два до три дена и добив цврсто уверување дека сите служби на терен ќе бидат крајно професионални и нема да се користи овој период за дополнителен притисок и манипулација на земјоделците“, изјави Трипуновски
Трипуновски дополни дека и понатаму будно ќе го следи овој процес за да се увери дека ќе се испочитува ветувањето од страна на Бачовски.
„Втората работа за која што разговаравме е за поплаките на земјоделците за неисплатените субвенции на кое што добив одговор дека ќе се продолжи со исплаќање на субвенциите согласно календарот за исплата на што побарав да немаме застој во овој дел бидејќи земјоделците ги чекаат субвенциите за да ги преживеат овие тешки времиња“, додаде Трипуновски.
„АФПЗРР е една од агенциите која што има директна комуникација и директно влијае врз целиов изборен процес. Дали она што директорот го кажа ќе го испочитува јас во овие теренски активности ќе бидам постојано во тек и ќе можеме да превенираме доколку има одредени несогласувања“- заврши Трипуновски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Меѓународните односи, реформите и борбата против корупција во фокусот на разговорите меѓу Сиљановска-Давкова и Варнс
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ја прими Никол Варнс, вршителка на должноста шеф на мисијата во Амбасадата на САД.
Таа изрази подготвеност за понатамошна соработката со истата динамика и посветеност како со претходната амбасадорка.
Разговорот започна со осврт на меѓународните односи, состојбите во НАТО, ЕУ и регионот.
Потоа соговорничките се фокусираа на македонските работи: реформските процеси во судството, дигитализацијата, борбата против корупцијата и организираниот криминал и реализацијата на инфраструктурните проекти.
За нив, инклузивниот модел на одлучување и меритократијата во сите сфери на општествениот живот, а особено во образовниот систем и во регрутирањето на државната и јавна администрација на највисоко ниво се клучни не само за нашата евроинтеграција, туку и за просперитетот на државата.
Во време на безбедносни предизвици и ризици, за обете, американско-македонското стратешко партнерство, како и сојузништвото во НАТО се важни за стабилноста.
Амбасадорката ја потврди американската подготвеност за унапредување на пријателските односи, поздравувајќи ја неодамна усогласената заедничка изјава за рамката за идниот Договор за реципрочна, фер и балансирана трговија, како значаен чекор во зајакнувањето на економската соработка.
Сиљановска-Давкова и Варнс очекуваат со Акцискиот план да се конкретизираат низа проекти во интерес на граѓаните.
Македонија
Укината забраната за сообраќај на камиони на патот Гостивар-Стража-Кичево
Од 17:20 часот укината е забраната за ТМВ на патниот правец Гостивар-Стража и обратно.
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози. Врнежи од снег има на Пониква и на патниот правец Штип-Неготино кај с.Лесковица, кој во моментов не претставува пречка за одвивање на сообракајот, јави АМСМ.
Македонија
Повредата на данскиот скијач не се случила на патека под наша надлежност, велат од Ски центарот „Попова Шапка“
Повредата на скијачот од Данска не се случила на официјална патека администрирана од „Попова Шапка“, бидејќи ски-лифтот „Церипашина“ не бил во функција поради силните ветрови и неповолни временски услови, информираат од Ски Центарот.
Се додава дека скијачот бил гостин на приватен оператор кој работи надвор од патеките управувани од овој центар.
„Ски центарот сноси одговорност исклучиво за патеките и просторот што се под наша официјална администрација и управување, а не и за зоните каде што оперираат трети страни надвор од овие патеки“, се наведува во соопштението на Ски Центарот Попова Шапка..
И покрај тоа, веднаш по добивањето на информацијата за повредата, спасувачката единица излегла на терен за да обезбеди помош и да асистира при транспортот и третманот на повредениот.
Од Центарот посочуваат дека безбедноста на посетителите останува врвен приоритет и му се заблагодаруваат на спасувачкиот тим за брзата и професионална реакција.
„Макфакс“ претходно објави дека 24-годишниот скијач од Данска бил пронајден на Попова Шапка, а според информациите од полицијата тој бил повреден од снежна лавина и со повреди пренесен во болница во Скопје.

