Македонија
Џафери – Улман Марти: Високо ја цениме поддршката на Швајцарската Конфедерација за демократскиот развој на Македонија
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери, се сретна со амбасадорката на Швајцарската Конфедерација во земјата, Вероник Улман Марти.
На средбата премиерот и амбасадорката ги потврдија заложбите на двете земји за соработка, меѓусебно почитување и пријателство меѓу двете држави и изразија задоволство од 30-годишниот јубилеј на дипломатските односи, кој се одбележува токму оваа година.
„Во изминатите 30 години воспоставивме и развивме одлична соработка на сите нивоа – Влада, Собрание и граѓани, а нашата многубројна заедница, која живее во Швајцарија, е силен мост на поврзување меѓу двете земји“, истакна премиерот Џафери.
Понатаму, тој истакна дека Северна Македонија високо ја цени подготвеноста на Швајцарската Конфедерација за развојот на Република Северна Македонија, преточена во стратегијата за поддршка. Како најголем билатерален донатор на нашата земја од осамостојувањето до денес, поддршката и развојната помош на Швајцарија за Северна Македонија го помага не само демократскиот развој на земјата туку е и комплементарна со европската интеграција.
Амбасадорката Улман му го честиташе изборот на премиерот Џафери истакнувајќи дека Северна Македонија уште еднаш покажа дека е успешен пример за функционална мултиетничка демократија и дека поставува стандарди што треба да ги следат и други земји во регионот и светот.
Поздравувајќи го јубилејот од 30 години дипломатски односи, Улман изрази задоволство што двете земји постигнаа многу резултати во тој период и може да се гордеат на успесите.
На средбата се разговараше за актуелни прашања од внатрешнополитичките состојби во Северна Македонија и одржувањето на претстојните избори.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот на ГП „Богородица“ е нормализиран
Сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ (ГП Евзони) од 21 часот е нормализиран, информира АМСМ.
Поради блокада на границата за влез и за излез во текот на целиот ден, колони возила чекаа на граничниот премин „Дојран“ за влез во земјава. Претходно од АМСМ информираа дека од 11:00 часот сообраќајот на ГП „Евзони“ (Богородица) е блокиран за влез и излез поради штрајк на земјоделците.

На ГП „Дојран“ сообраќајот се одвива непречено, но поради зголемен интензитет има задржувања за влез во државата.
Македонија
Алијанса за Албанците на 27 декември ќе одржи собрание за реогранизација на партијата
На последниот состанок на Претседателството на Алијансата за Албанците, каде што се дискутираше за политичките случувања во земјата и понатамошните чекори кон структурирање на органите, членовите на Претседателството едногласно гласаа за одлуката за свикување на партиското Собрание, соопштија од партијата.
Според најавата, Собранието ќе се одржи на 27 декември и ќе се дискутира за реорганизација на структурите и органите на партијата, партиските политики и важните стратешки документи.
„Алијансата за Албанците продолжува да останува во одбрана на националната кауза, гласот на артикулирање на уставните и законските права на Албанците и зачувување на евроатлантската ориентација на земјата како единствен пат за перспективата на граѓаните“, пишува во соопштението.
Македонија
Повторно во прекин сообраќајот на „Богородица“
Сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ кон Грција (ГП „Евзони“) од 17:00 часот повторно е во прекин, информира АМСМ.
Сообраќајот беше во прекин од 11:00 часот поради штрајк на земјоделците.
Во 15 часот повторно беше нормализиран, а сега повторно е затворен.
На ГП „Дојран“ има задржувања за влез во државата.

