Црна хроника
Две лица во Скопје се степале поради недоразбирање во сообраќајот
Вчера во 07.30 часот во СВР Скопје, И.П.(42) од Скопје пријавил дека на 03.02.2024 околу 17.40 часот на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, по претходно недоразбирање во сообраќајот, бил физички нападнат од И.А..
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Дрога најдена при претрес на дом во Штип
Министерството за внатрешни работи информира дека полициски службеници од СВР Штип при претрес во дом на 40-годишен жител на Штип пронашле марихуана и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело.
Претресот, како што информираат од МВР, бил извршен со судска наредба, по што во СВР Штип вчера бил извршен службен разговор со Б.М.(40) од Штип.
-Претходно, со судска наредба, во неговиот дом во Штип полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Штип извршиле претрес, при што биле пронајдени и одземени марихуана и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело. По целосно документирање на случајот против Б.М. ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.
Црна хроника
Се запали автомобил во двор во охридското село Лакочереј
Вчера во 13.26 часот во СВР Охрид било пријавено дека во двор во село Лакочереј, Охридско, настанал пожар во патничко возило „опел“ со охридски регистарски ознаки, сопственост на Л.С. од Охрид.
Екипа од Територијалната противпожарна единица Охрид го изгаснала пожарот, а повредени лица нема. Увид бил извршен.
Црна хроника
Со автомобил тешко повредил жена во Прилеп и побегнал
Вчера во 18.50 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на ул.„11 Октомври” во Прилеп, патничко возило удрило во пешакот Ж.М.(56) од Прилеп, по што возачот го напуштил местото. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Ж.М., констатирани во Градската болница Прилеп.
Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа од ОВР Прилеп.