Економија
Претставен новиот Porsche Taycan: помоќен, побрз и со досег до 687 километри
· Помоќен: Капацитетот на полнење помоќен за 50 kW до 320 kW. Рекуперацијата до 400 kW
· Побрз: Забрзувањето од 0 до 100 км/ч за 0,6 секунди побрзо. Taycan Turbo S со време од 0 до 100 км/ч за само 2,4 секунди.
· Опсег зголемен за 35% до максимални 678 километри (WLTP). Сите варијанти на Taycan можат да полнат од 10% до 80% батерија за 18 минути
Porsche го претстави новиот Taycan. Новите верзии имаат поголема моќност, повеќе опсег, побрзо забрзуваат и полнат побрзо со поголема стабилност. Style Porsche, исто така го заостри дизајнот и посилно ги диференцираше Turbo моделите. Сите верзии на Taycan имаат уште поопширна стандардна листа на опрема и доаѓаат со најновата генерација на Porsche Driver Experience со подобрен дисплеј и контролен концепт.

Сите три варијанти на ќе ги содржат бројните модификации од самото лансирање – спортскиот седан Taycan, разновидниот Taycan Cross Turismo, кој е достапен со оф-роуд пакет, и спортскиот, но сепак практичен Taycan Sport Turismo. Во секој случај, на располагање се четири опции за моќност, со варијанти на погон на задни и сите тркала. Новиот Taycan ќе пристигне во Porsche Center Skopje на пролет оваа година.
На патот кон сериското производство, инженерите за развој и тест возачите во камуфлираните тест автомобили имаат поминато повеќе од 3,6 милиони километри низ целиот свет за да го продолжат подобрувањето на првиот целосно електричен спортски автомобил од Porsche. Производителот на спортски автомобили изработи скоро 150.000 примери на Taycan.

„Ја започнавме новата ера на е-мобилност со Taycan на крајот од 2019 година. Тоа веднаш се покажа како „Game Changer“ и иновативен пионер во сегментот на електрични возила“, вели шефот на моделската линија, Кевин Џек. „Сега ја продолжуваме оваа успешна приказна со опширно ажурираниот Taycan. Моделската линија достигна нови височини во однос на перформансите, со исклучителна динамика на возење и возачко задоволство. Истовремено, успеавме значително да ја подобриме ефикасноста, опсегот, секојдневната употребливост и удобност.
Уште подобри перформанси
Сите модели забрзуваат многу побрзо од нивните претходници. Два примера од двата краја на портфолиото: како спортските седани, Taycan и Taycan Turbo S достигнуваат 100 км/ч од 0 за само 4,8, односно 2,4 секунди. Ова ги прави 0,6 и 0,4 секунди побрзи од нивните претходници. 
Со новата push-to-pass функција во пакетот Sport Chrono, поттик до 70 kW, во зависност од моделот, е на располагање за 10 секунди со допир на копче. Подобрените забрзувања генерално се резултат на повисокиот системски излез. На пример, основната верзија на Taycan испорачува 60 kW повеќе од претходно. Кај Taycan Turbo S, тоа се дополнителни 140 kW со Launch Control. Ова го зголемува системскиот излез на моделот на 700 kW или 952 коњски сили.
Повеќе од 35 отсто повеќе опсег во споредба со претходникот

Во зависност од варијантата, WLTP опсегот се зголеми на 678 километри, зголемување од 175 километри или 35 отсто. Новиот Taycan не само што бара помалку застанувања за полнење на долги патувања отколку неговиот претходник, туку исто така се полни побрзо: на 800-волтните станици за полнење на DC, на пример, може да се наполни до 320 kW. Тоа е 50 kW повеќе од порано.

Во зависност од стилот на возење, помеѓу другите променливи, може да се преполови времето потребно за да се наполни од 10 до 80 отсто во споредба со претходникот. Првата генерација на Taycan, времето на полнење од 10 до 80 отсто изнесува 37 минути. Под исти услови, новиот Taycan полни за само 18 минути и покрај поголемиот капацитет на батеријата. Батеријата за перформанси Plus сега има бруто капацитет од 105 kWh, зголемен од 93 kWh.
Нова активна шасија
Сите модели на Taycan доаѓаат со воздушна, адаптивна суспензија како стандард. Новата Porsche Active Ride суспензија може да се нарача како опција за верзиите со погон на сите тркала. Овој систем нуди неверојатен спектар на диференцијација помеѓу возачките профили за удобно возење и врвна спортска динамика.

Суспензијата го задржува нивото на Taycan константно рамно, дури и за време на динамични маневри за кочење, управување и забрзување. Со непречено возење, системот апсорбира удари речиси целосно. Во динамични ситуации на возење, суспензијата Porsche Active Ride обезбедува речиси совршена врска со патот благодарение на балансираната распределба на оптоварувањата на тркалата.
Екстензивни мерки за ефикасност
Истовременото подобрување на перформансите и ефикасноста се сведува на голем број фактори: напреден нов мотор на задна оска со до 80 kW поголема моќност од претходникот кај сите модели, Модифициран пулс инвертор со оптимизиран софтвер, посилни батерии, преработено термално управување, целосно нова топлотна пумпа и модифициран систем за рекуперација и концепт за погон на сите тркала.

Максималниот капацитет за рекуперација за време на забрзувањето од високите брзини се зголеми за повеќе од 30 отсто од 290 на 400 kW. Сите варијанти сега доаѓаат како стандардни со аеродинамички оптимизирани тркала и гуми со намален отпор. Новите 21-инчни тркала и гуми се специјално развиени за оваа намена.
Значително подобрена опрема со помала тежина
Иако моделите тежат до 15 килограми помалку, стандардната опрема е уште поопширна од порано. Амбиентално осветлување, ParkAssist со камера, електрично преклопување на ретровизори со целосно осветлување, греење на предни седишта, Porsche Intelligent Range Manager (PIRM), топлотна пумпа со нов систем за ладење, безжично полнење на мобилен телефон, приклучоци за полнење на мобилни телефони, Drive Mode селектор и Power Steering Plus сега доаѓаат стандардно.

Основните верзии на Taycan сега се исто така опремени со адаптивна воздушна суспензија и алуминиумски прагови на врати како стандард. Покрај модернизираната опрема, подобрената спецификација на производот вклучува батерија со зголемен капацитет, но со намалена тежина.
Уште попривлечен дизајн
Со новиот преден и заден дизајн со нови фарови и задни светла, експертите во Style Porsche дополнително ги унапредија чистиот, препознатлив дизајн на Taycan.
Новите предни крила и светла даваат уште поголем акцент на ширината на Taycan. Новите фарови се со HD Matrix технологија со висока резолуција со детална оптика и сега ја прикажуваат карактеристиката на брендот со четири точки навечер. Логото на Porsche во задната светлосна лента има тридимензионален дизајн со стакло. Осветлена верзија на ова е достапна за прв пат, сега со функција за анимации.

Меѓу другите значајни карактеристики, акцентната боја Turbonite ги прави Turbo и Turbo S верзиите да се истакнат дополнително од останатите и во надворешноста и во внатрешноста.
Обновен концепт за оперативна контрола и дисплеј
На инструмент таблата, централниот дисплеј и опционалниот патнички дисплеј имаат оптимизиран кориснички интерфејс со дополнителни функции. Drive Mode селекторот на воланот сега доаѓа како стандарден. Кај моделите на Taycan опремени со пакетот Sport Chrono и Performance Battery Plus, на селекторот за избор на режим имаат специјално копче push-to-pass.
Користејќи го новиот контролен лост лево зад воланот, контролата на системите за помош на возачот е уште поинтуитивна. Apple CarPlay е подлабоко интегриран во дисплеите и функциите на возилото. Новата in-Car Video функција овозможува видео стриминг на централниот дисплеј и на екраните пред патниците.
ПР
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
ССКМ ја поздравува одлуката со која данокот од 5 отсто останува при првата продажба на недвижностите
Сојузот на стопанските комори на Македонија ја поздравува одлуката со која данокот од 5 % останува при првата продажба на недвижностите.
„Ја поздравуваме одлуката на Владата за 5 % ДДВ, кој е при првата продажба на станбен простор, ова ги покажува позитивните заложби на бизнис-секторот и ССКМ претставен преку Градежната комора во соработка на Министерството за финасии и Владата. Сојузот на стопанските комори на Македонија смета дека одлуката на државата стапка за првата продажба на новоизградени станови да остане 5 % е оправдана.
Според ССКМ, оправдана е и одлуката на Министерството за продолжување на важноста на повластената стапка од 5 % ДДВ и сметаат дека со нејзиното продолжување најголема корист ќе имаат купувачите на станбени единици, односно населението.
Ивица Јаќимовски, член на управниот одбор при ССКМ, посочува дека со продолжување на данокот за купување станови на 5 %, почнувајќи од 2026 година, се очекува секторот за недвижности да добие нов импулс.
„Оваа повластена стапка на ДДВ има цел да го поддржи пристапот на граѓаните до домување, да ја стимулира градежната активност и да ја зајакне стабилноста на пазарот. Имплементацијата на даночната стапка од 5 % носи неколку важни привилегии и за купувачите и за индустријата: намалувањето на даночната стапка значително ги намалува вкупните трошоци за купување стан правејќи го сопствеништвото на домот подостапно за пошироката популација; се очекува прифатливоста создадена од данокот од 5 % да ја зголеми побарувачката за нови и постојни станови, што може да ги поттикне градежните и недвижните сектори и со поповолна даночна средина, домашните и странските инвеститори може да покажат зголемен интерес за пазарот на домување, што ќе придонесе за економски раст“, вели тој.
Економија
„Македонија 2025“ со рекордни резултати во 2025: поддржани 2.573 лидери и таленти, 168 бизниси и 190 стипендисти
„Македонија 2025“ ги објави резултатите од својата работа во 2025 година, при што организацијата постигна рекордни успеси во поддршката на економскиот развој, лидерството и глобалната поврзаност на земјата. Во 2025 година „Македонија 2025“ имплементирала, преку повеќе од 40 програми и иницијативи со кои се поддржани 168 компании, доделени се 190 стипендии за едукација и усовршување, а 2.573 лидери и таленти биле директно опфатени со програмите за развој. Организацијата исто така бележи значително зголемување на својот општествен импакт, со 94 активни членови во управните и советодавните тела и развиени шест клучни предлог-политики кои веќе се интегрираат во национални стратегии и реформски процеси.
2025 беше година на значајни исчекори и во однос на глобалната дијаспора. Македонија2025 ја спроведе првата и најголема глобална анкета на дијаспората со над 1.400 учесници од повеќе од 40 земји, чијашто анализа веќе е основа за новата Национална стратегија за соработка со дијаспората 2025-2030. Во партнерство со Владата беше лансирана и кампањата „Македонска дијаспоро, добредојде дома“, која допре до над 20.000 иселеници ширум светот, а организацијата учествуваше во креирањето и на повеќе стратешки документи во областите дигитализација, конкурентност, високо образование, научно-технолошки развој и односи со дијаспората.
Паралелно, „Македонија 2025“ продолжи континуирано да ја зајакнува бизнис-заедницата и човечкиот капитал преку програми насочени кон модернизација, дигитална трансформација и развој на лидерски компетенции. Преку Центарот за дигитална трансформација – GoDigital беа изработени 30 детални проценки на дигитална зрелост, 15 дигитални стратегии за компании и беше обезбедена практична техничка поддршка за пет компании во процесот на имплементација на нови дигитални решенија. Овие услуги им помогнаа на фирмите да го подигнат својот степен на конкурентност, да ги оптимизираат процесите и да воведат алатки што ја забрзуваат нивната интеграција во современите економски текови. Воедно, 553 професионалци и менаџери посетуваа специјализирани обуки, работилници и вебинари, со што се создаде поширока заедница на практичари кои активно ја применуваат стекнатата експертиза во своите организации. Како дел од напорите за градење силна генерација претприемачи, 27 млади менаџери и основачи на компании го надградија своето бизнис знаење преку реномираната обука што ја спроведе канадската Ајви бизнис-школа во рамките на проектот „Лидер“, со што мрежата на алумни се прошири на 451 член.
Во делот на лидерството, програмите на Македонија2025 и годинава изградија нова генерација на носители на промени. Престижната програма за образование на извршни директори Зафировски, на Келог-школата за менаџмент (САД) во 2025 година ја завршија пет македонски извршни директори кои стекнаа врвни глобални менаџерски знаења и пристап до меѓународна мрежа на лидери. Со ова, нашата Зафировски алумни заедница достигна до 51 член. Дополнително, 5 професионалци беа дел од програмата за извршно образование во Канада, комбинирајќи академски модули со практично учење и размена на искуства во канадски компании.
Стипендиската програма за студентска извонредност „Атанас Близнакоф“ поддржа 121 студент, а особено значајно е што 75% од нив беа поврзани со ментори – успешни македонски професионалци од земјата и дијаспората – кои им помогнаа да ги развијат своите кариерни насоки, академски капацитети и професионални амбиции. На овој начин, програмите на Македонија2025 не само што обезбедуваат финансиска и образовна поддршка, туку создаваат и силен еко-систем на идни лидери, поврзани со глобалната мрежа на знаење и можности.
Во хуманитарната сфера, како одговор на трагедијата во Кочани, организацијата обезбеди 55.356 евра за медицинска опрема за три здравствени установи во Скопје и во Кочани, а Клубот на амбасадорите на „Македонија 2025“ му донира средства за реновирање дел од детското одделение во Специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид.
Посебно влијание во 2025 година имаше и 14-тиот годишниот самит „Македонија 2025“, кој повторно се позиционира како водечки бизнис-настан во регионот. Со повеќе од 700 учесници, 38 говорници од 15 земји и богата програма од панели, дискусии и B2B-средби, самитот беше фокусиран на економскиот раст, дигиталната трансформација, иновациите и улогата на дијаспората во забрзувањето на развојот на земјата, создавајќи платформа за идеи и партнерства што ги поврзуваат бизнисите дома и во светот.
Со овие резултати „Македонија 2025“ ја заокружува 2025 година како една од најуспешните досега, поставувајќи високи стандарди за економски развој, иновации и вклученост на дијаспората и поставува темели за уште поамбициозна агенда во 2026 година.
Економија
Божиновска: Енергетиката мора да биде простор каде што жените не се исклучок, туку правило
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, се обрати на конференцијата „Родовата еднаквост во фокусот на пристапувањето кон ЕУ: Патоказ за Северна Македонија“, одржана во Скопје во организација на Министерството за европски прашања и UN Women. Настанот обедини високи претставници на институциите, експерти и партнерски организации во заедничка цел – интегрирање на родовата еднаквост како централна компонента на европската интеграција.
Во своето воведно обраќање, министерката Божиновска истакна дека родовата рамноправност е темелна европска вредност и јасен услов за членство во ЕУ, но пред сè – е инвестиција во стабилноста, економскиот раст и одржливата иднина на државата.
„Европа јасно стави до знаење дека еднаквоста не е избор, туку стандард. А ние тој стандард го прифаќаме затоа што веруваме во држава без привилегирани и непривилегирани граѓани,“ нагласи министерката.
Таа потсети дека токму енергетиката – како стратешки сектор и политички столб на европската интеграција – останува област со најниско учество на жени, што не претставува само општествена неправда, туку и пречка за успешно водена зелена транзиција.
„Жените се најмалку застапени во техничките професии, енергетските иновации и лидерските позиции. Тоа е ограничување што мора да го надминеме ако сакаме модерна, европска и конкурентна економија, Рамноправноста не се случува сама од себе – таа се гради. Во сектор како енергетиката, каде жените често мора двојно да се докажуваат, моја обврска како лидер е да ја отворам вратата за други жени. Ако институциите создадат фер правила и јасни можности, талентот ќе се истакне,“ порача Божиновска.
Министерката го истакна и фактот дека Министерството за енергетика денес е институција со целосен родов баланс – 50% жени и 50% мажи – што, како што нагласи, е доказ дека институциите можат и мора да бидат двигател на еднаквоста.
Во обраќањето беше најавено дека принципите на еднаков третман, еднаква плата, недискриминација и родово вклучување ќе бидат интегрирани во сите клучни енергетски реформи.
Министерката ја поздрави соработката со UN Women и изработката на десетте родови GAP анализи, кои ќе бидат основа за нови мерки, статистички показатели и политики засновани на докази.
„Зелената транзиција нема да успее ако половина од населението остане надвор од процесот. Нашата обврска е да креираме систем кој е стабилен, европски и праведен – систем во кој секоја жена има пристап до образование, технологија, иновации и лидерски позиции во енергетиката, Европа не гради нов енергетски систем за да ја повтори неправдата од стариот. Европа гради систем во кој секој добива шанса да придонесе – и ние мора да бидеме дел од таа визија,“ подвлече Божиновска.
Конференцијата заврши со повик за засилена координација меѓу институциите, донаторите и граѓанскиот сектор, како и со заедничка оценка дека Северна Македонија има потенцијал да стане регионски лидер во создавањето инклузивна и родово еднаква зелена транзиција.

