Македонија
Европски сојуз за промени: Артан Груби се обидува криминалот со казино бизнисите да ги претстави како политички триумф на ДУИ
Денес добивме уште една потврда дека ДУИ се во огромна паника. Стравот од кривична и политичка одговорност за сторениот криминал ги тера очајно да се обидуваат да си ја одлепат етикетата дека станаа казино партија, велат од Европскиот сојуз за промени.
Иронија, според нив е што Артан Груби се обидува криминалот со казино бизнисите да ги претстави како политички триумф на ДУИ.
„Не постои поголем срам за Али Ахмети кога влезот на српското мафијашко подземје во интернет коцкањето благодарение на жртвеното јагне Перпарим Бајрами се претставува како врвен политички дострел. Ова е дно за ДУИ кој од партија која се бореше правата на Албанскиот народ се сведе на пералница на валкани пари. Албанскиот народ знае дека дистанцата од 500 метри од образовни институции е само мамка за да се скријат законските одредби кои треба му овозможат на Груби да си ги полни џебовите со народни пари“, велат од оваа партија.
Во последните 4 години, како што додаваат за ВЛТ апарати Груби расфрлил 40 милиони евра.
Само во еден ден пред формирањето на Техничката Влада купил ВЛТ апарати за 12 милиони евра.
„Наместо учебници, училишта, амбуланти, болници, спортски сали и други стратешки објекти, парите се потрошија на труење на нашите деца и млади. Артан Груби ќе остане запаметен дека со негов печат се отворија три фирми за интернет коцкање со што му го донесоа злото на народот дома. Младите преку мобилните телефони стануваат потенцијални жртви на алчноста на казино фирмите кои се ортаци со ДУИ. За сите овие гревови ќе следи политичка и кривична одговорност. Европскиот Сојуз за Промени после 8 мај ќе донесе нов закон со кој сите форми на игри на среќа ќе бидат затворени“м потенцираат од оваа партија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Сарај, Гази Баба и Чаир денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 д 15.00 часот, дел од корисниците од село Љубин (општина Сарај), како и објектите на компаниите Мајами, Ана Компани, Мак лифт и Прилепска Пивара. (општина Гази Баба)
– во периодот од 09.00 до 11.00 часот, корисниците од улиците Никола Мартиновски и Азем Хајдари, Албанскиот Тетар и објектите лоцирани околу него (општина Чаир), како и дел од корисниците од село Бојане. (општина Сарај)
Македонија
Продолжува периодот на променливо облачно време со локални врнежи од дожд
Наутро по одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде променливо облачно, претпладне и кон крајот на денот со повремен локален дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од претежно од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 11, а максималната ќе достигне од 15 до 19 степени.
Во Скопје, наутро во делови од котлината ќе има услови за појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд со послаб интензитет. Ќе дува умерен југоисточен ветер.
Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 17 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на циклонска активност ќе продолжи периодот на променливо облачно време со локални врнежи од дожд. Во петок и во деновите од викендот повторно се очекуваат пообилни врнежи од дожд (над 30 l/m² за 24 часа), локално во форма на невреме со засилен ветер и услови за појава на грмежи. Од недела утринските и дневните температури значително ќе опаднат, а на повисоките планини врнежите од дожд ќе преминат во врнежи од слаб снег
Македонија
Муцунски се сретна со еврокомесарката за проширување, Марта Кос
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, попладнево, во рамки на работната посета во Брисел, оствари средба со еврокомесарката за проширување, Марта Кос.
„На средбата беше потврдена силната посветеност на државата на евроинтегративниот пат, континуитетот во реформските процеси, како и носењето на законите што се составен дел од овој процес. Разговорот беше насочен и кон заедничките безбедносни предизвици и продлабочувањето на соработката во областа на безбедноста и одбраната“, соопшти МНР за средбата.
Еврокомесарката Кос ја изразила поддршката за европскиот пат на Република Северна Македонија и го поздравила континуитетот во реформите и фокусот на Владата по локалните избори.

