Црна хроника
Приведен шверцер на мигранти
Вчера околу 21 часот во близина на хотел во Гевгелија, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и гранични проверки Богородица при Регионалниот центар за гранични работи Југ го лишиле од слобода А.М.(21) од Скопје.
Околу 20 часот во близина на с.Богородица, гевгелиско, полициски службеници забележале дека во возилото „ауди“ со косовски национални ознаки, кое го управувал, влегуваат мигранти, по што дале знак за негово запирање. Тој не застанал и продолжил со движење на автопатот А1 во правец Гевгелија – Скопје и во близина тунелот „Јаворица“ ги истоварил мигрантите. После тоа, се вратил назад на автопатот А1 во правец Скопје – Гевгелија и во 21.00 часот бил запрен и лишен од слобода.
По пребарување на теренот биле пронајдени четири лица мигранти од Сирија. За настанот бил известен јавен обвинител, а лицето било задржано во полициска станица. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Пожар избувна во угостителски објект во центарот на Охрид
Пожар поладнево избувна во угостителски објект во центарот на Охрид, на Градски плоштад, а повредени лица нема.
Пламенот избувна во оџакот на објектот, а во гаснењето помогнаа врабоtop temaтените од околните објекти. На лице место пристигна и екипа на Територијалната противпожарна единица и веќе пламенот е изгаснат и избегната е поголема материјална штета
Топ
Улични кучиња искасаа граѓани во Аеродром и Карпош
Полицискиот билтен и денес бележи случаи на граѓани каснати од улични кучиња. Вчера во 18.00 часот во полициската станица Аеродром, В.Т.(57) од Скопје пријавила дека на ул„12 Македонска бригада“ во Скопје била касната од куче скитник.
Во полициската станица Карпош, вчера во 13:30 часот С.П.(71) од Скопје пријавил дека на ул.„Хасан Приштина“ во Скопје бил каснат од куче скитник.
Топ
Едниот продавал, другиот купувал марихуана, двајцата добија кривични пријави
СВР Битола поднесе кривична пријава против А.С.(25) и А.А.(20), двајцата од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.
На 23 април 2024 на ул.„Дабничка“ во Прилеп, полициски службеници кај второпријавениот пронашле и одзеле марихуана која ја купил од првопријавениот.