Македонија
Станковиќ до Арсовска: Ваша должност е да побарате од ДЗР да изврши ревизија на финансиското работење на ЈСП Скопје и ЈП „Паркови и зеленило“
„Во меѓувреме видовме дека се работи за една иницијатива која беше поднесена од нашата советничка група пред почетокот на седницата, меѓутоа со оваа иницијатива ние не баравме да се донесе некаква одлука па да е потребно време да се разгледа или не. Оваа иницијатива единствено бара од градоначалникот на Град Скопје, односно да го задолжи градоначалникот на Град Скопје да испрати едно барање во кое ќе побара од Државниот завод за ревизија во рамките на своите законски овластувања да изврши ревизија на финансиското работење на двеве Јавни претпријатија чиј основач е токму Советот на Град Скопје, тоа е ЈСП Скопје и ЈП „Паркови и зеленило“, истакна Малиша Станковиќ член во Советот на Град Скопје од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.
Тој продолжи и додаде дека двете иницијативи се однесуваат исклучиво за тоа.
„Во меѓувреме градоначалникот на Град Скопје заедно со службите ни испрати едно известување во кое се наведува дека веќе ќе започне ревизија од внатрешниот ревизор спрема ЈП „Паркови и зеленило“ и второ дека веќе е најавена ревизија од ДЗР“, кажа Станковиќ.
Тој смета дека денеска треба да се донесе ова задолжение и да се поддржи оваа иницијатива затоа што:
„Прво барањето беше да се покрене иницијатива до ДЗР и оттаму она известување дека внатрешниот ревизор на Град Скопје ќе изврши контрола на работењето на ЈП Паркови и зеленило за кое бевме сведоци на очигледни минуси во кое е однесено тоа претпријатие, јас сметам дека е недоволно затоа и баравме тоа да биде ДЗР и затоа сметам дека оваа иницијатива од таа гледна точка треба да помине. Што се однесува до втората, ако го погледнете планот за ревизија на ДЗР тогаш ќе видите дека во сите оние наведени претпријатија во кои ДЗР ќе изврши финансиска контрола таму не стои ЈСП Скопје напротив таму имаме еден дел во кој ќе видите дека постои дел во кој ДЗР врши само ревизија на успешноста односно оние пренесени ревизии и се однесува на безбедноста на сообраќајот во Град Скопје, така да ДЗР најавува ревизија на Јавното претпријатие меѓутоа глобално заради безбедноста“, изјави Станковиќ.
Тој потенцираше дека потребно е сите да ја поддржат ова иницијатива.
„Заеднички треба да се поддржи оваа иницијатива која нема да претставува никаков проблем на градоначалникот и на службите да напишат барање во кое ќе го замолат ДЗР да изврши ревизија на финансиското работење за 2023 година на овие две претпријатија“, кажа Станковиќ.
Во упатената реплика кон директорот на ЈСП Скопје, Станковиќ му посочи дека нема од што да се плаши и да има страв.
„Директоре, не разбирам зошто е овој страв и толкава паника ако пратиме еден допис од една реченица дека ќе бараме ревизија, зошто, од што се плашите? Имате ли нешто да скриете па сега се плашите и сега жестоко тука напаѓате. Прво иницијативата воопшто не се однесува на вас па вие да станете и да ја браните“, изјави Станковиќ.
Станковиќ е дециден дека нема потреба од страв.
„Доколку сте работеле како што треба тогаш никому ништо, но доколку не сте работеле како што треба тогаш ќе добиете кривична пријава и веднаш по смена на оваа ненародна власт ќе одговарате“, порача Станковиќ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Филипче: Единствениот булинг на македонскиот народ му го прават ВМРО-ОКГ и Мицкоски
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, реагираше на изјавите на премиерот Христијан Мицкоски.
„Наместо да ги спроведе реформите што Европа ги бара две години, Мицкоски нуди само изолација и анти-ЕУ кампања. Преку 70% од граѓаните сакаат ЕУ – а тој зборува за „булинг“ и „прва и втора лига“. Тоа не е булинг, тоа е последица од неисполнување на обврските: правда, слобода на медиуми, борба против корупција. ВМРО секојдневно создава конфликти со соседите а на критиките од Брисел одговара со напади врз ЕУ. Затоа нема напредок, затоа 5 тони дрога излегуваат преку македонската граница неказнето, затоа судството и обвинителството се под контрола, а медиумите се задушени преку моделот на Орбан. Европа ни даде јасна шанса до 2027, заедно со регионот! Црна Гора и Албанија напредуваат. Ние? Само ако престанеме со оваа политика на изолација што намерно ја турка Мицкоски. Мицкоски ВМРО не сакаат ЕУ – сакаат да крадат на тендери без надзор. Тоа не е европска вредност. Тоа е криминална вредност. Единствениот булинг на македонскиот народ му го прават ВМРО-ОКГ и Мицкоски“ стои во реацијата на претседателот Филипче.
Македонија
(Видео) Не гледам потреба за одржување на предвремени парламентарни избори, вели премиерот Мицкоски
Премиерот Христијан Мицкоски не гледа потреба за одржување на предвремени парламентарни избори. Тој нагласи дека во разговорите со меѓународната заедница и со граѓаните како главен приоритет се посочуваат реформите и нивната реализација.
„Тоа е она што е главен фокус и приоритет на оваа Влада. Реформи и испорака. Се разбира дека ВМРО-ДПМНЕ како најголема политичка партија во државата мора да се однесува одговорно кон граѓаните, иако после локалните избори и оној апсолутен триумф, политички гледано нас ни одговара да има предвремени парламентарни избори, но и покрај сето тоа нашиот приоритет и фокус е испорака и реформи за подобар живот и стандард на граѓаните“, истакна Мицкоски.
Македонија
(Видео) Манасиевски: Партиските притисоци предводени од СДС и ДУИ разрешувале судии за еден ден, морало се да оди по насока на Заев
Партиските притисоци предводени од СДС и ДУИ разрешувале судии за еден ден, кажа денеска на прес-конференција, Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.
„Ристо Катевеновски, поранешен судија на Врховниот суд тврди дека бил разрешен поради тоа што не дал позитивно мислење за судски случај по барање на тогашните власти СДС и ДУИ. На судско рочиште судијата Катевеновски истакнал дека нема да даде позитивно мислење во случајот поврзан со поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, и дека ќе биде потребно да се разговара со неговите колеги за понатамошно дејствие. Но, по само еден ден од оваа дадена изјава на Катевеновски, кој вели дека била дадена зад затворени врати, Судскиот совет свикал итна седница на која тој бил разрешен. Сведоштвото на Катевеновски води кон тогашните власти, а како што вели тој – неговото разрешување дошло од СДС и ДУИ, или во превод од Зоран Заев и Али Ахмети“, рече Манасиевски.
Тој истакна дека „правдата и вистината која Заев ја ветуваше кога дојде на власт се покажа како селективна“.
„Но, она што е клучно е тоа дека повторно добиваме сведоштва за притисокот на СДС и ДУИ, кон правосудните органи. Она кое ние го говориме во јавноста со години, сега веќе и се потврдува. Тие биле оние кои одлучувале кој ќе се апси, а кој ќе се апстрахира од одреден случај. СДС и ДУИ си ја партизираа државата и нејзините институции. ВМРО-ДПМНЕ тоа повеќе нема да го дозволи повеќе. Потребна е одговорност!“, заклучи Манасиевски.

